Бобан Грнчаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бобан Грнчаров
Лични податоци
Полно име Бобан Грнчаров
Роден во    Скопје
Висина &100000000000001930000001,93 м
Положба Одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Бугарија Ботев Пловдив
Број 5
Младинска кариера
Вардар
Сениорска кариера1
Години Клуб Наст. (гл-ви)*
1999-2000
2000
2000-2003
2003–2007
2006-2007 (позајмица)
2007-2009
2008-2009 (позајмица)
2009-2011
2011-2012
2012-
Вардар
Работнички
ОФК Београд
Металург Донецк
Стал
Гент
Макаби Петах Тиква
АПОЕЛ
Лирс
ФК Ботев Пловдив
7 (0)
3 (1)
53 (2)
29 (1)
19 (1)
20 (3)
31 (2)
43 (8)
29 (2)
0(0)   
Репрезентација2
2001- Македонија Македонија 24 (1)

1 Настапи и постигнати голови како сениор
се брои само домашна лига
(тековно за 7 јули 2012 г.)
2 Податоците за репрезентација се тековни
за 7 јули 2012 г.
* Настапи (Голови)

Бобан Грнчаров (роден на 12 август 1982 во Скопје, Република Македонија) е македонски фудбалер кој игра за Ботев Пловдив во бугарското фудбалско првенство и за фудбалската репрезентација на Македонија.[1][2]

Клубска кариера[уреди]

Грнчаров својата фудбалска кариера ја започнал во Република Македонија во клубовите Вардар и Работнички. Во 2001 година се преселил во Србија каде што играл се до 2003 во клубот ОФК Београд.

Во 2003 направил трансфер во Украина во екипата на Металург Донецк. Во вториот дел од сезоната 2006/07 заиграл на позајмица за клубот Стал. Во 2007 година потпишал за белгискиот клуб Гент, каде во 20 натпревари постигнал три гола. Следната сезона бил позајмен на израелскиот Макаби Петах Тиква.

Во летото 2009 бордот на кипарскиот шампион АПОЕЛ објавил дека Грнчаров потпишал двегодишен договор со клубот. Во првата сезона на Кипар, тој го освоил Кипарскиот Супер Куп постигнувајќи гол во финалето, како и одиграл четири натпревари во групната фаза од Лигата на Шампионите. Следната сезоната тој станал еден од клучните играчи на клубот, и покрај тоа што сите натпревари ги играл како централен одбранбен играч - постигнал 6 погодоци (сите со глава) помогнувајќи му на АПОЕЛ да го освои кипарскиот шампионат. Во мај 2011 година Грнчаров го напуштил клубот, бидејќи не успеал да се договори за потпишување нов договор поради финансиски причини.

На 5 јули 2011, Грнчаров потпишал едногодишен договор со белгискиот клуб Лирс.[3] На 3 jули 2012, Грнчаров потпишал тригодишен договор со бугарскиот клуб Ботев Пловдив.

Кариера во репрезентативниот дрес[уреди]

Првиот натпревар во дресот на Македонската фудбалска репрезентација го одиграл на 21 август 2002 година, во победата од 5-0 против Малта. До сега за Македонската фудбалска репрезентација има 24 настапи и еден погодок. Својот единствен погодок го постигнал на 9 септември 2009 година во Осло против Норвешка.

Постигнувања[уреди]

Кипар АПОЕЛ
  • Кипарски Шампионат: 1
2010/11
  • Супер Куп на Кипар: 1
2009

Наводи[уреди]