Филип Гачевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филип Гачевски
Гачевски во дресот на Вардар во 2017 г.
Лични податоци
Полно име Филип Гачевски
Роден на 17 август 1990(1990-08-17)(33 г.)
Роден во Мурска Собота, СР Словенија
Висина 1.92 м
Позиција Голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Вардар Вардар
Број 87
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2010 Мура 05 16 (0)
2010–2014 ФК Капфенберг 4 (0)
2010–2014 ФК Капфенберг II 40 (0)
2013Луштенау 07 17 (0)
2014–2015 Брегалница Брегалница 33 (0)
2015–2020 Вардар Вардар 117 (0)
2020–2021 Еносис Неон Паралимни Еносис Паралимни 29 (0)
2022– Вардар Вардар 27 (0)
Репрезентација
2008–2012 Македонија Македонија под 21 г. 15 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 8 март 2023
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 26 август 2015

Филип Гачевски (роден на 17 август 1990 г.) — македонски професионален фудбалер кој игра на позицијата голман во Вардар.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Гачевски ја започнал својата професионална кариера во неговиот роден град, Мурска Собота, во клубот Мура 05. Во летото 2010 година, тој преминал во редовите на австрискиот бундеслигаш ФК Капфенберг, а во текот на неговиот престој во Австрија, тој исто така бил позајмен на второлигашот Луштенау 07, во сезоната 2012–13.

Во јуни 2014 година, Гачевски потпишал договор со Брегалница, каде што се задржал само една сезона, во која успеал да го собори рекордот на Томе Пачовски, за најмногу минути без примен гол во македонската прва лига, поставувајќи нов рекорд од 912 минути.[1]

Во јуни 2015 година, Гачевски потпишал тригодишен договор со Вардар.[2] Тој бил дел од историскиот успех на црвено-црните во сезоната 2017–18, кога Вардар станал првиот македонски клуб со учество во групната фаза од Лига Европа, и бил во почетниот состав во двете победи над турскиот прволигаш Фенербахче во плејоф фазата. Во сезоната 2018–19, тој го израмнил рекордот на Томе Пачовски од 19 натпревари без примен гол во една натпреварувачка сезона од македонското првенство.[3] Во летото 2020 година, по пет сезони во Вардар, каде што ја носел капитенската лента и со кого освоил три титули во македонската прва лига, Гачевски се разделил со клубот.[4]

По една сезона помината на Кипар, во клубот Еносис Паралимни, Гачевски повторно се вратил во Вардар, потпишувајќи тригодишен договор со црвено-црните во декември 2021 година.[5] На 26 април 2023 година, во победата од 3–0 над Слога Виница во втората македонска лига, Гачевски прославил јубилеј од 100 натпревари во дресот на Вардар без примен гол.[6]

Постигнувања[уреди | уреди извор]

Вардар Вардар

Индивидуални

  • Најдобар фудбалер во македонската прва лига: 2015[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]