Дејан Блажевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Дејан Блажевски (1985) е македонски фудбалер, кој настапува за "ФК Хоризонт Турново". Исто така, тој е повремен член на македонската фудбалска репрезентација.

Биографија[уреди]

Кариера[уреди]

Во есенскиот дел на сезоната 2013-2014 година, Блажевки бил прв стрелец во првата македонска фудбалска лига, постигнувајќи 19 голови, додека во календарската 2013 година, Блажевски постигнал вкупно 30 голови. Оттука, на 26 декември 2013 година, Фудбалската федерација на Македонија го прогласила Блажевски за најдобар македонски фудбалер кој игра во домашното првенство. Покрај настапите во "ФК Хоризонт Турново", Блажевски повремено настапувал за македонската фудбалска репрезентација за која, во периодот кога селектор бил Чедомир Јаневски, одиграл два натпревара на кои постигнал еден гол.[1]

Наводи[уреди]

  1. "Блажевски одигра година за паметење, Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр, 26.