Андон Дончевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Андон Дончевски
Лични податоци
Полно име Андон Дончевски
Роден на 1939
Роден во Скопје, Македонија
Положба напад
Младинска кариера
?-1957 ФК Вардар
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1957–1971 ФК Вардар 305 (217)
Репрезентација
Југославија 1 (0)
Раководител на екипите
1985–1991 ФК Вардар
1993–1995 Македонија
1998 ФК Престон Лионс
ФК Тиквеш
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Андон Дончевски е поранешен фудбалски тренер и играч којшто поголемиот дел од својата играчка а воедно и тренерска кариера го мина во ФК Вардар од Скопје - Република Македонија. За време на својата активна фудбалска кариера го носеше националниот дрес на репрезентацијата на поранешна Југославија, додека за фудбалскиот клуб Вардар со кого во 1961година го совои Титовиот Куп на поранешна Југославија,[1] има постигнато рекордни 217 голови.[2] Врвот на својата тренерска слава го доживеа токму како тренер на Вардар со кого во сезоната 1986/87 ја освои шампионската титула во првата лига на СФРЈ.[3]

Под неговата тренерска палка израснаа многу славни македонски фудбалери како Дарко Панчев, Илија Најдоски, Чедомир Јаневски, Драган Канатларовски, Вујадин Станојковиќ кои што им приредија многу радосни мигови на љубителите на фудбалот во Македонија и придоносеа за промоција на македонскиот фудбал во светот.

Своето прво меѓународно тренерско искуство Андон Дончевски го имаше во тимот на Престон Лајонс,[4] клуб на македонската емиграција во Австралија со кого што се натпреваруваше во Премиер лигата на сојузната држава Викторија. Андон Дончевски во денешни денови е пензиониран фудбалски тренер и фудбалот го следи единствено од пред ТВ Екраните.

Селектор на националниот тим на Македонија[уреди]

Прв селектор на репрезентацијата на Македонија во периодот од јули 1993 до декември 1995 беше токму легендата на македонскиот фудбал, Андон Дончевски.[5] Беше на чело на нашата најдобра селекција на 17 натпревари, со пет победи, пет нерешени игри и седум порази. Стартуваше со победа против Словенија во Крањ со 4:1, си замина по поразот од Шпанија со 3:0.[6]

Награди и признанија[уреди]

Андон Дончевски доби големо признание од Агенцијата за спорт и млади, награда за животно дело која му беше предадена на пригодната свеченост по повод изборот на најдобрите спортисти на Македонија во 2008 година. Исто така и Тренерската организација на Македонија не го заборави Андон Дончевски и му додели исто така специјално признание по повод сто години на фудбалот во Македонија. Тоа е награда за животно дело која ја добиваат најзаслужните и најдобрите тренери во нашата држава.[7]

Наводи[уреди]