Мирсад Јонуз

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Мирсад Јонуз (9 април 1962, Милино, Свети Николе, Македонија) — поранешен македонски фудбалски голман и тренер.

Фудбалска кариера[уреди]

Мирсад Јонуз е роден во с. Милино, Свети Николе на 9 април 1962 година. Како фудбалер, Јонуз играл на местото голман, а настапувал во повеќе клубови, како:

Тренерска кариера[уреди]

Јонуз ја започнал тренерската кариера во ФК Работнички Кометал, кого успеал да го внесе во Првата Македонска фудбалска лига. Во овој клуб работел од 1996 до 2000 година, а потоа, од 2002 до 2003 година бил тренер на ФК Победа, при што, го освоил Купот на Македонија. Во 2003 година повторно се вратил во Работнички Кометал.

Во август 2003 година, Јонуз бил избран за селектор на младата репрезентација на Македонија. Како селектор на младата репрезентација на Македонија, дебитирал во Охрид, на 18 aвгуст 2003 година, на средбата Македонија - Албанија која завршила со победа на Македонија од 1-0. На 16 мај 2009 година, Мирсад Јонуз бил избран на функцијата селектор на сениорската репрезентација на Македонија. Во ноември 2012 година, тој постанал тренер на кипарскиот прволигаш ФК Неа Саламина од Ларнака.[1]

Наводи[уреди]

  1. "Јонуз се договори со Неа Саламина", Дневник, година XVI, број 5022, петок, 23 ноември 2012, стр. 23.