Сеизмологија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сеизмологија е гранка на географијата која се занимава со проучување на земјотреси, односно со движењето на еластичните бранови низ Земјата. Ги набљудува и мери природните тектонски вибрации, ги проучува ефектите на земјотресот (на пример цунами брановите), како и изворите на потресот, како што се вулкански, тектонски, океански, атмосферск и вештачки процеси (експлозии). Сеизмологијата помага и во разбирањето на тектонската Земјина кора, структура на внатрешноста на Земјата и предвидување на земјотресот.