Геодезија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стар геодетски (триангулациски) столб од 1855 г. во Остенд, Белгија

Геодезијанаучна дисциплина која се занимава со мерење и прикажување на Земјата, нејзиното гравитациско поле и геодинамичките појави како што се: поместување на половите, плима и осека итн. Личностите кои професионално се занимаваат со геодезија се наречени геодети.

Може да се каже дека геодезијата е научна дисциплина која се занимава со премерувања на Земјината површина, внесување на податоците во катастарот и приказот на тие површини при изработка на карти и планови. Плановите и картите се изработуваат врз основа на податоците соберени на терен со помош на различни геодетски инструменти и различни методи на работа. Тие податоци овозможуваат сите објекти на поврѓината на земјата, испод неа и во воздухот, кои ја права содржината на планот или картата, го задржат својот облик и меѓусебната положба.

Картите и плановите имаат врвно значење за стопанските и општествените развивања на едно општество како и стратегиски развој за воени потреби. Исто така, картите овозможуваат запознавање со нашата, но и со другите земји. Географија не може успешно да се проучува без географска карта. Благодарение на нив се добива и јасна претстава за географската положба на поединчени земји и континенти. Без нив не би било возможно да се оствари организирана комуникација на луѓето и превозните средства. Нивното значење е големо и без нив, би било невозможно да се живее во современ свет.

Во геодезијата најмногу се мера аголните и линеарните величини. Со нивна обработка се доаѓа до различни податоци, како што се правоаголни координати и надморски височини на поединечни точки.