Преносен сметач

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Космонаутот Џон Крејтон позира со Грид Компас 1100 во вселената во 1985. Ова веројатно бил првиот преносен сметач во 1982., имал монитор со 320х200 пиксели, 340 килобајти РАМ меморија и тежел 5кг. Немал внатрешен диск ниту дискетна единица.

Преносен сметач (преносен компјутер или лаптоп, англ. laptop computer, notebook computer, notebook) е мал преносен сметач кој вообичаено тежи 1-8кг. Преносните сметачи содржат компоненти кои се идентични со статичните сметачи, но се минијатуризирани (смалени) за да бидат полесни, да трошат помалку струја и да зафаќаат помалку простор. Преносниот сметач вообичаено работи на батерии и на надворешно напојување.

Преносниот сметач еволуирал со развојот на технологијата. Првите преносни сметачи се појавиле во 1982-1983. и како што се развивала технологијата така и нивната тежина опаѓала, а времето на автономна работа без надворешен извор на енергија растело. И другите перформанси го следеле општиот развој на сметачите.

Поради преносливоста и високата интеграција на компонентите, преносните сметачи се поподложни на стареење и физички оштетувања од стационарните сметачи. Компонентите како што се батериите, шарките од екранот, конекторите и напојувањето се најчести жртви на секојдневната употреба.

Од друга страна, самиот концепт на преносливост на податоците и работите заедно со нивниот сопственик неизбежно ги прави преносните сметачи неопходност.

[уреди] Видете исто така



Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици