Мобилен телефон
Мобилниот телефон е електронско телекомуникациско средство, т.е. вид на телефон.[1][2]
Содржина |
Почетоци [уреди]
Во пионерската фаза на мобилната технологија (1921 - 1945), доминирале воената и полциската примена. Најголема тешкотија била изградбата на радиопредаватели кои би можеле да функционираат и во автомобил во движење. Во тоа време мобилниот телефон имал значајно големи димензии и трошел многу енергија, па единствено можел да се смести во автомобил, додека џепниот мобилен телефон (денес, практично, само такви и се користат) бил незамислив. Главен технолошки напредок во оваа област е воведувањето на фреквенциски модулации (ФМ) во 1935 година. Првиот функционален мобилен систем бил инсталиран за потребите на полицијата во 1928 во Детроит. Макар што и тој бил едносмерен, односно пренос на говорот бил можен само од централата до телефонот („Calling аll cars“, е позната фраза од полициските филмови во тоа време), значајно ја подигнал ефикасноста на локалната полиција и набрзо почнал да се користи и во другите градови во Америка. Едвин Aрмстронг во 1935 ја пронашол ФМ и предизвикал права револуција во радио-индустријата, најмногу во радиодифузните системи. После тоа, ФМ набрзо бил воведен во мобилната комуникација. Мобилни радио-системи на база на ФМ до 1940 потполно ги потиснале претходните генерации со амплитудска модулација (AМ). Втората Светска војна имала пресудна улога во развојот на индустриски потенцијали за масовно производство на ФМ радио-уреди. Големината, цената и достапноста на уредите доста се поправиле од 1946 и отвориле врата на комерцијалната фаза во мобилната телефонија. Меѓу основните карактеристики на секој телекомуникациски канал кој користи радио пренос се „централната фреквенција“ и „ширината на каналот“ (ширина на фреквенцискиот опсег). Кога на еден радио приемник со скали се бира посакувана станица, всушност се бира одредена централна фреквенција.
Пчелично саќе [уреди]
Следната револуциска појава е воведување на „дигиталниот“ пренос во мобилната телефонија, наместо дотогашниот „аналоген“. Дигитален пренос значи дека говорот прво се претвора во низа на броеви, потоа тие броеви преку радио сигнал се пренесуваат меѓу централата и корисникот, за на крајот повторно од броевите да се генерира говор. Дигиталните мрежи имаат низа предности во однос на аналогните: отпорност на шум (кој се слушате секојдневно на радио-приемниците, ако се избере станица која е далеку), отпорност на прислушкување, можност за поправање на грешки и можност за регенерирање на сигналот (што е од доста важно значење за совладување големи раздалечености). Исто така, интелигенцијата на дигиталната мрежа овозможува таа да се прилагодува на изменети услови за работа (преку напредни постапки, како што се: еквализација, контрола на ехото, надгледување на условите во каналот итн.); флексибилноста на дигиталната мрежа често овозможува да се внесат нови функции или корекции на старите со едноставна измена на софтверот. Освен тоа, единствено на дигиталните системи можат да се применат модерни, ефикасни и исклучиво безбедни методи на шифрирање, што е од непроценлива важност за приватност во комуникацијата. Конечно, дигиталната мрежа е „генеричка“, таа пренесува бинарни симболи - битови (броеви 0 и 1), без обѕир што тие претставуваат. Тоа е предуслов за врска со модерната жичана дигитална ИСДН мрежа (Integrated Service Digital Network), во која со истите преносни патови се пренесуваат нформациите, без обѕир на нивната природа (говор, слика, податоци...) и таа, можеби, во скоро време ќе ја замени традиционалната аналогна телефонија во нашите домови.
| Quantity Market Shares by Gartner (New Sales) |
||||
|---|---|---|---|---|
| Марка | Процент | |||
| Nokia 2009 | 36.4% | |||
| Nokia 2010 | 28.9% | |||
| Samsung 2009 | 19.5% | |||
| Samsung 2010 | 17.6% | |||
| LG Electronics 2009 | 10.1% | |||
| LG Electronics 2010 | 7.1% | |||
| Research In Motion 2009 | 2.8% | |||
| Research In Motion 2010 | 3.0% | |||
| Apple 2009 | 2.1% | |||
| Apple 2010 | 2.9% | |||
| Други-1 2009 | 12.6% | |||
| Други-1 2010 | 9.8% | |||
| Други-2 2009 | 16.5% | |||
| Други-2 2010 | 30.6% | |||
Комерцијален ЦДМА [уреди]
Со гледиштата на стратешките определености во поглед изградба на идните мобилни мрежи, дигитални мрежи се во предност пред аналогните. Дилемата е на кој начин да се искористи фреквенцискиот опсег на располагање на што поголем број потенцијални корисници во дигиталната мрежа (т.н. „начин на мултиплексирање на сигналот“). Можностите се фреквенциски мултиплекс (FDМA - Frequency Division Multiple Access), временски мултиплекс – (ТDМA- Time Division Multiple Access) и коден мултиплекс – (CDМA- Code Division Multiple Access), преземен од воените системи со проширен спектар (Spread Spectrum Systems), попрецзно од техника со директна секвенца (Direct Secuence), за познавачите на воените комуникации. Комерцијалните ЦДМA системи до пред неколку години беа само во фаза на тестирање, меѓутоа денес, најмногу во Северна Aмерика, на компаниите им се поделени дозволи за работење на мобилната телефонија под овој принцип и нивната комерцијална примена е во полн замав. Останатите дигитални системи за мобилна телефонија се базирани на комбиниран ФДМA-ТДМA принцип и со години се во комерцијална употреба. Типични претставници се американските ДAМПС (Digital Advanced Mobile Phone System) и прочуените европски ГСМ систем (Global System for Mobile Communications), кој веќе неколку години е присутен и во Македонија.
Мобилните телефони во Македонија [уреди]
Првиот мобилен оператор во Македонија бил формиран во септември 1996 година со името Мобимак, кое подоцна во септември 2006 се промени во Т-Мобиле и стана дел од Т-Мобиле семејството.
Вториот мобилен оператор во македонската мобилна телефонија е Космофон кој започна со работа на 12 јуни 2003 година. Овој оператор е дел од Космоте групацијата.
Третиот мобилен оператор е ВИП кој започна со работа во 2007 година. Овој оператор е познат по неговата улога и носењето на вистинската конкуренција во мобилната телефонија
Види исто така [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Heeks, Richard (2008). „ICT4D 2.0: The Next Phase of Applying ICT for International Development“. „IEEE Computer“ 41 (6): 26–33. doi:. http://doi.ieeecomputersociety.org/10.1109/MC.2008.192.
- ↑ „The world as you've never seen it before“. Worldmapper. http://www.worldmapper.org/display.php?selected=333. проверено на 2010-08-26.
Надворешни врски [уреди]
| Видете мобилен телефон во Викиречник, слободниот речник. |
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Мобилен телефон“ |
How Cell Phones Work на HowStuffWorks
- "The Long Odyssey of the Cell Phone", 15 photos with captions from Time magazine
- Cell Phone, the ring heard around the world—a video documentary by the Canadian Broadcasting Corporation