Зоран Ковачевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зоран Ковачевски
Роден/а3 април 1943
Србија Светозарево, Србија
Починат/а21 јануари 2006
Македонија Охрид, Македонија
Занимањеписател, правник

Зоран Ковачевски (3 април 194321 јануари 2006) — македонски прозаист.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Ковачевски е роден на 3 април 1943 година во Светозарево. Завршил Правен факултет во Белград. Работел во Костозглобната болница во Охрид, а подоцна работел како судија во Основниот суд Охрид. Член на ДПМ станал во 1975 година.[2]

Творештво[уреди | уреди извор]

Во делата на Ковачески се согледува нов манир на раскажување, како спој меѓу народната приказна и современиот расказ.[3] Ковачески е автор на следниве дела:

  • „Охридски приказни“ (раскази, 1974)
  • „Семејна фреска“ (роман, 1976)
  • „Летачи на метли“ (роман, 1980)
  • „Аристотел од Ресен“ (раскази, 1984)
  • „Добрина“ (раскази, 1990)
  • „Одмазда“ (роман, 1992)
  • „Историја на светото дело“ (роман, 1993)
  • „Пејач“ (раскази, 2000)

Добитник е на наградата „Мисла“ (за роман).

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Маринела Јовановиќ, Нада Филева: „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид, 2002
  2. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 120,
  3. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 175.