Франсоа Паризјен

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Франсоа Паризјен
Лични податоци
Цело име Франсоа Паризјен
Прекар Франк
Роден 27 април 1982 (1982-04-27) (31 г.)
Репантињи, Квебек, Канада
Висина 1,71 м
Маса 62 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Пензиониран
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Професионални клубови
2006–2007
2008
2008–2012
2013–
ТИАА-ЦРЕФ
Симетрикс
Тим Рејс Про
Аргос-Шимано
Значајни победи
Национален друмски првак (2005)
Трка Елк Гроув (2012)
Последна промена
18 јануари 2014

Франсоа Паризјен (француски: François Parisien; р. 27 април 1982) — поранешен канадски професионален друмски велосипедист, кој настапувал како професионалец од 2006 до 2013.[1]

Професионална кариера[уреди]

Во 2005, Паризјен победил на канадските друмски првенства.[2]

Учествувал на Трката околу Калифорнија 2010 и се пласирал во првите десет на втората етапа, кога бил на шестото место, завршувајќи во истата група со Австралиецот Брет Ланкастер, кој ја освоил етапата.[3] Имал добар настап и следниот ден на етапата три, кога завршил како деветти, откако бил во малата група од околу триесетина возачи кои стигнале зад тројцата бегалци, а победник бил Дејвид Забриски (Гармин-Транзишанс).[4]

Во 2012, победил на Трката Елк Гроув со мала разлика од само една секунда пред Џон Марфи од екипата Кенда-5-аур Енерџи.[5] Во август завршил надвор од подиумот на италијанскиот полукласик Тре Вали Варезине, на четвртото место. Неговиот сонародник од Квебек Давид Вејо од Тим Јуропкар победил со предност од над една минута пред групата во која бил Паризјен.[6] Во септември, Паризјен завршил десетти на трката од Светската турнеја, Гран при Квебек, каде ја освоил и наградата во пласманот за најдобар Канаѓанец.[7]

Откако СпајдерТек-Ц10 се распаднал, Паризјен се преселил во новата екипа Аргос-Шимано за сезоната 2013.[8] Во март 2013, Паризјен ја освоил најголемата победа во неговата кариера, кога го победил Самуел Димулен во масовниот спринт на петтата етапа на Волта а Каталуња.[9] Возбудениот Паризјен изјавил дека неговата екипа заклучила пред етапата дека треба да биде во првите тројца возачи при последната кривина за да има шанса за победа и тој го следел тој план.[10]

Паризјен се повлекол на крајот на сезоната 2013,[1] по осум години поминати како професионалец.

Достигнувања[уреди]

2005
1. MaillotCan.PNG Национални друмски првенства
2008
5. Велосипедски класик Воздухопловни сили на САД
8. Краен пласман Тур де Бос
8. Комерс Бенк Ридинг Класик
2009
2. Краен пласман Вуелта а Куба
1. Етапа 7a (ITT)
7. Велосипедски класик Воздухопловни сили на САД
2010
1. Етапа 2 Вуелта Мексико
6. Краен пласман Тур де Бос
2012
1. Краен пласман Трка Елк Гроув
4. Тре Вали Варезине
10. Гран при Квебек
2013
1. Етапа 5 Волта а Каталуња

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Parisien opts to retire from cycling“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 15 ноември 2013 (конс. 23 декември 2013).
  2. „Канадски прваци 2005“. „canadian-cycling.com“. http://www.canadian-cycling.com/cca/documents/information/2005%20CANADIAN%20CHAMPIONS.pdf. конс. 14 септември 2012. 
  3. Sixième, François Parisien est aux avant-postes“, „Fédération Québécoise de sports cyclistes“, FQSC 2009 – 2012. (конс. 1 ноември 2012). (на француски)
  4. We’re climbing with some of the world’s best at the Amgen Tour of California“, „SpiderTech“, Cycle Sport Management Inc. 2007–2011 (конс. 1 ноември 2012).
  5. Паризјен победи за една секунда разлика пред Марфи“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 7 август 2012 (конс. 14 септември 2012).
  6. Бен Аткинс. „David Veilleux outruns the break to take Tre Valli Varesine“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 18 август 2012 (конс. 31 октомври 2012).
  7. „Резултати на Гран при Квебек“. „Grands Prix Cyclistes“. Grand Prix Cycliste Québec-Montréal, 2010–2011. http://gpcqm.ca/en/gp-quebec-en/results-qc/. конс. 14 септември 2012. 
  8. Аргос-Шимано заокружен со Паризјен“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 26 октомври 2012 (конс. 2 јануари 2013).
  9. Пит Косинс. „Паризјен спринташе за победа на петтата етапа на Каталуња“, „Cyclingnews“, Future Publishing Limited, 22 март 2012 (конс. 28 март 2013).
  10. Шејн Стоукс. „Volta a Catalunya: Parisien nabs stage five win, Martin bolsters overall lead“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 22 март 2013 (конс. 28 март 2013).

Надворешни врски[уреди]