Фернандо Магелан

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Ferdinand Magellan.jpg

Фернандо Магелан (Соброза, Италија, 16 март 1480 - 27 април 1521), португалски морепловец кој со својот екипаж тргнал на пат околу светот во 1519 од западната страна на едно португалско пристаниште. Светот го обиколил и кога се вратил тој дошол на истото пристаниште но од источната страна. Така тој докажал дека земјата има топчеста форма.

На филипинскиот остров Макатан домородците го убиле Магелан. Пловејќи по должината на Јужна Америка и низ теснината на Огнена Земја на 16 март 1521 година, од Тихиот Океан пристигна на Филипинските острови.

Магелановата експедиција од 1519 до 1522 година ја направила првата пловидба околу Земјата. Со 5 брода и посада од 265 луѓе, на 20 септември 1519 година, Магелан испловил од шпанското пристаниште Свети Лукар. Тој пловел на запад, покрај источните брегови на Јужна Америка, со цел да ја заобиколи. Во најјужните делови тој го пронашол преминот меѓу овој континент и архипелагот Огнена Земја и експедицијата запловила по Тихиот Океан. Магелановата експедиција пловела 99 дена по овој океан. По долгата напорна пловидба експедицијата пристигнала до Маријанските, а потоа до Филипинските Острови, каде што Магелан загинал во борба со домородците. Од тука експедицијата го продолжила патот низ Малајскиот Архипелаг и Индискиот Океан сѐ до ‘ртот Добра Надеж, каде повторно впловиле во Атлантскиот Океан. По три години пловидба, на 6 септември 1522 година во пристаништето Свети Лукар се вратил само еден брод со 18 преживеани луѓе, но од источната страна. Со ова Магеланово патување околу Земјата било докажано дека таа има форма на топка.