Мали сипаници

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Мали сипаници (лат. Morbilli), во земјите од англиското говорно подрачје познати и како рубеола, се инфективно заболување на респираторниот систем предизвикано од вирус од групата миксовируси[1] (paramyxovirus), од родот Morbillivirus. Болеста најчесто се јавува кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата (иако тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката).

Инфекција со мали сипаници

Содржина

[уреди] Симптоми

Симптомите на болеста се поделени во три различни стадиуми, во зависност од периодот на развој на заболувањето:

  • Инфективен стадиум, при што се јавува зголемена телесна температура од 38 до 40 степени. Децата се жалат на главоболка, малаксаност, вознемиреност и жед.
  • Катарален стадиум, при што лицето не може да поднесе светлина, има зуење во ушите, солзење на очите, му тече носот и секрецијата е зголемена.
  • Трет стадиум, во кој во устата се појавуваат бели наслаги што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени. Првиот осип (макули) се јавува навечер, во пределот на косата. По еден до два дена, тој осип се шири по целото тело, при што кожата станува видливо црвена, со ситни макулозни промени. Осипниот стадиум трае 3 до 6 дена и потоа осипот почнува да бледее, а по една недела се губи.
Бели наслаги во устата, т.н. копликови флеки

[уреди] Пренесување

Малите сипаници се пренесуваат преку дишењето (во контакт со течностите од носот и устата на заразеното лице) и се многу заразни - 90% од луѓето без имунитет кои го споделуваат животниот простор со заболеното лице ќе се заразат.

Инфекцијата има просечен период на инкубација од 14 дена (од 6-19 дена) и инфективноста трае од 2-4 дена пред, и од 2-5 дена по почетокот на oсипувањето (односно, вкупно од 4-9 дена).

[уреди] Заштита

Во развиените земји се врши вакцинирање на децата со две дози, од кои првата на 18- месечна возраст, а втората меѓу четвртата и петтата година од животот.

Лицата кои прележале мали сипаници се здобиваат со траен имунитет што ги штити во текот на целиот живот, односно веќе не заболуваат од мали сипаници.

[уреди] Видете исто така

[уреди] Наводи

  1. Мали сипаници - Морбили


Esculaap4.svg     Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици