Овчи сипаници

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Chickenpox
Класификација и надворешни извори
[[File:
Male with varicella disease
|frameless|upright=1.06|alt=]]
Маж со овчи сипаници
МКБ-10 B01
МКБ-9 052
DiseasesDB 29118
MedlinePlus 001592
eMedicine ped/2385 derm/74, emerg/367
MeSH C02.256.466.175

Овчите сипаници или варичела е контагиозна акутна инфективна болест и од вирусно потекло, која се карактеризира о полиморфна, везикулозна сипаница.

Етиологија[уреди]

Се смета дека еден ист вирус ги предизвикува и варичелата и болеста Херпес зостер, кој спаѓа во групата на Херпес вирусите, а има големина 210-240nm. Слабо е отпорен во надворешна средина, па зато индиректниот начин на пренесување на инфекцијата е мошне редок.

Епидемиологија[уреди]

Варичелата е широко распространета болест и се јавува во вид на помали или поголеми епидемии в зима или рана пролет. Индексот на контагиозност се движи од 70-90%. Извор на инфекцијата е болниот од варичела или херпес зостер. Ширењето на заразата се врши по аерокапков пат преку Флиге-овите капки на директен начин. Но вирусот поради неговата голема пробивност низ пукнатините на ѕидовите и вратите може да се шири на оддалечени места и да предизвика интрахоспитална инфекција. Се случува дете кое било во контакт о возрасен болен од херпес зостер да заболи од варичела или обратно.

Патогенеза[уреди]

Влезна врата на вирусот е епителните клетки на лигавицата на горните дишни патишта, од каде, преку лимфните адови доаѓа во крвотокот и преку него во РЕС на повеќе органи во некои ткива, кожа, лигавица, ЦНС и др. Во површинскиот слој на епидермисот на лигавиците предизвикува вакуолизирна дегенерација на клетките и создавање на серозен ексудат, формирање на везикули, како и хиперплазија и некроза на клетките.

Клиничка слика[уреди]

Инкубацијата во просек изнесува 14-18 дена. Текот на болеста се одвива ни три периоди.

  1. Катарален или продромален период – трае неколку часа или 1-2 дена, а може и да го нема. Поминува со лесни катарални и општи симптоми: итоштеност, главоболие, болки во слабините, студ, температура, ретко повраќање или менингеални симптоми. Понекогаш пред карактеристичната сипаница се јавува т.н. „раш“ или „предегзантем“ од ситна бледоцрвена сипаница.
  2. Исипен или егзантематичен период – често е прв знак на болеста. Избива сипаница која во својот развој поминува низ неколку фази, почнувајќи од макула, папула, везикула и краста. Најпрво по кожата на трупот избиваат во налети тркалезни розови макулозни ефлоресценции, коишто брзо преминуваат во папули и везикули (како капки роса) иполнети со бистра течност и леукоцити. Меурчињата повеќе ги има на трупот отколку на глаата и екстремитетите-центрипетално ширење, за разлика од центрфугалното ширење кај вариола вера. Околината на меурчињата е зацрвенета. Меурчињата се меки и прават набори, содржината им се заматува, се вдлабнуваат, а течноста се излива или се суши и преминува во кафеава крастичка. По неколку дена крастичката опаѓа, и не остава лузна, освен депигментирана кожа. Избивањето на сипаницата се одвива во 2-3 налети, трае 8-9 дена и е проследено со појава на ремитентна температура, така што може да се видат ефлоресценции во различен степен на созревање „псевдо-полиморфизам“ – карактеристичен за варичелата.

Честопати е придружена со јадеж. Истовремено се јавува и енантем на лигавиците на устата и мекото непце со везикули, кои поради влажноста брзо прскаат и сздаваат афти (ранички), кои предизвикуваат болка и отежнато голтање, а има и зголемена саливација. Сипаницата може да се појави и на дигестивниот тракт, којуктивите, корнеата, половите органи и на други места. При чешање може да се јави секундарна инфекција и пустула, која на крај остава лузна.

  1. Реконвалесцентен период – трае 2-3 седмици, сите крастички отпаѓаат и настапува закрепнување и оздравување.

Клинички форми[уреди]

Варичелата може да има полесни и потешки форми, во зависност од тежината на болеста, изгледот на сипаниците и возраста на болниот. Малигна варичелата се смета за тешка форма и се јавува кај малите еца и во тек на болеста леукемија. Проследена е со хеморагична дијатеза: крварења во везикулите, по кожата и внатрешните органи и завршува со смрт. Меѓу потешките форми на варичела спаѓаат: улцерозната, гангренозната, хеморагичната и други.

Компликации[уреди]

Кај варичелата од вирусно и бактериско потекло, се ретки и лесни со исклучок на постварилозен енцефалитис. Секундарни инфекции на кожата со стрепто-стафилококи се: флегмона, фурункулоза, еризипелас и др; на лигавиците: стоматитис, ларингитис, кератитис, на белите дробови: вирусна пневмонија, плевритис. Други компликации се миокардитис, артритис, нефритис и други. Посебна компликација врз централниот нервен систем, а со добра прогноза е воспаление на малиот мозок (Cerebellitis), кое се манифестриа со несигурно одење, атаксија, нарушена рамнотежа. Во текот на варичелата може да се јави и пара или постинфекциозен менингоенцефалитис како компликација.

Дијагноза[уреди]

На ваичелата се поставува врз основа на епидемиолошка анкета, карактеристична полиморфна сипаница, крвната слика: леукопенија со лимфоцитоза, наод на гигантски мултинуклеарни клетки во содржината на везикулите. Изолација на вирусот и серолошки реакции ретко се користат.

Прогноза[уреди]

Варичелата има добра прогноза, со исклучок на варичелата кај доенчињата, малигните форми на болеста и кај леукемични болни.

Терапија[уреди]

Потребна е изолација и миеување со спроведување на симптоматска, а по потреба и антибиотка терапија. Освен изолацијата на болниот поефикасни заштитни мерки засега не се користат.

Нега и исхрана[уреди]

Исхраната треба да биде млечна и вегетабилна со доста витамини.

Имунитет[уреди]

По прележаната варичела останува солиден имунитет.