Кожа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кожа
Skin.svg
епидермис (A), дермис (B) и хиподермис (C)

Кожа е меката надворешна обвивка на животните, особено ‘рбетниците. Други животински обвивки како тие на школките и обвивката на егзоскелетот на членконогите се обвивки од различно потекло, хемиски состав и структура. Кај цицачите, кожата е составена од неколку слоеви на ектодермално ткиво и претставува заштитен орган кој ги штити внатрешните органи, коските и мускулите.[1] Влекачите, водоземците и птиците имаат поразлична кожа од таа на цицачите.[2]

Цицачите, дури и морските цицачи имаат слој од влакна на нивната кожа, кој е дополнителна заштита од патогени организми и ултравиолетово зрачење. Збирот од повеќе влакна се нарекува крзно, обвивка присутна кај повеќето нечовечки цицачи. Крзното покрај дополнителна заштита може да претставува и секундарен полов белег или камуфлажа. Рибите и влекачите имаат заштитни лушпи на кожата како додатна заштита, водоземците имаат значително послаба кожа што ги прави чести жртви на осмоза, додека птиците се покриени со пердуви.

Човечката кожа е слична со таа на повеќето цицачи, најголемата разлика е тоа што таа не е покриена со крзно иако има слој од влакна. Поглавни функции на кожата се регулација на телесната температура, синтеза на витаминот D, екскреција итн. Оштетената кожа најчесто предизвикува белези, места на кожата кои се најчесто безбојни и непигментирани. Кожата се состои од три слоја: покожица, крзно и хиподермис.

Најсложено градена покривка на телото имаат цицачите. Кај нив кожата е составена од два главни слоја, кои се разликуваат од другите според градбата и функцијата. Тие се: епидермис и дермис.

Епидермисот, или надворешен слој, изграден главно од епителни клетки. На површината на епидермисот има слоеви на мртви клетки кои постојано се отфрлаат и затоа постојано се заменуваат со нови клетки кои се создаваат во долните слоеви на епидермисот. Со текот на времето епидермалните клетки излегуваат на површината и стануваат рамни и рожни, создавајќи слој на епидермисот, наречен првут. Клетките во најдолниот слој на епидермисот создаваат меланин, темен пигмент кој ја обојува кожата.

Дермисот или вистинската кожа е составен, во основа, од сврзно ткиво, многу крвни садови, нервни завршоци и жлезди. На дермисот се надоврзуваат поткожните слоеви, составени од еластично и масно ткиво. Најголемите крвни садови кои ја снабдуваат кожата поминуваат низ поткожните слоеви. Некои од кожните творби, како потните жлезди и коренот на влакната, навлегуваат во поткожните слоеви. Поткожните ткива се богати со нерви и нервни завршоци

Содржина

Кожни творби [уреди]

Потни жлезди [уреди]

Потните жлезди се сместени во дермисот и поткожното ткиво. Потните жлезди учествуваат во регулирањето на телесната температура, и преку нив од организмот се исфрлаат некои штетни материи. Потта е составена од вода, со мало количество минерални соли и други материи.

Лојни жлезди [уреди]

Лојните жлезди имаат изгледаат како кесичка, а нивниот секрет ја подмачкува кожата и влакната и ја штити од сушење. Каналите на лојните жлезди се отвораат во мевчињата на влакната.

Млечни жлезди [уреди]

Кај животните од групата цицачи младенчињата се хранат со млеко кое се излачува од млечните жлезди или градите. Млечните жлезди постојат единствено кај цицачите, па поради нив тие и го добиле името. Нивниот секрет - млекото, е богато со сите потребни храnливи материи што во почетокот на животот на младенчињата им овозможува опстанок и побрзо напредување во најраниот период од нивниот развој.

Влакна и нокти [уреди]

Целото тело на цицачите е прекриено со влакна кои површините ги прават многу меки и мазни. Нивната улога е заштитна. Коренот на влакната е сместен во поткожниот слој во торбичка која влакното го снабдува со крв. Ноктите се заштитни творби составени од цврста белковина. Ноктите на задните екстремитети на влечугите и птиците и кај предните и задните екстремитети кај повеќето цицачи се преобразени во канџи. Канџите им помагаат на овие животни при ловењето и раскинувањето на пленот. Новите клетки на ноктите постојано се создаваат во коренот на ноктот.

Копита [уреди]

Кај некои цицачи, како коњите, зебрите, камилите, жирафите, антилопите, овците, козите и говедата, нозете завршуваат со копита. Тие се приспособување на овие животни за полесно бегање или за одбрана од напаѓачите. Токму поради ова свое приспособување овие животни сочинуваат посебна група цицачи наречена копитари. Нивните стапала се многу долги, а животните чекорат само на врвовите нивните прсти. Прстите што не допираат до подлогата се ситни или не постојат, а другите прсти се преобразени во копита.

Рогови [уреди]

Роговите се творби на кожата кои што на животните им служат за заштита од напаѓачите или за борба меѓу мажјаците. Тие се коскени израстоци на черепот. Кај елените рогови имаат само мажјаците. Тие имаат посебен вид рогови кои во периодот на растење се обвиени со покожица во вид на сомот и можат да се разгрануваат, а еднаш годишно се заменуваат со нови рогови. Кај овците и говедата рогови имаат двата пола. Кај нив роговите не се разгрануваат, обвиени се со цврста кожа и не се заменуваат.

Наводи [уреди]

  1. "Skin care" (analysis), Health-Cares.net, 2007, webpage: HCcare.
  2. Alibardi L. (2003). Adaptation to the land: The skin of reptiles in comparison to that of amphibians and endotherm amniotes. J Exp Zoolog B Mol Dev Evol. 298(1):12-41. PMID 12949767