Нокт

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Нокти од прсти од раце.
Нокти од прсти од нозе.

Ноктите се тврда рожеста обвивка на врвот на прстите од рацете и нозете. Ноктите се најкарактеристичен елемент од анатомијата на човековото тело, но ретко може да се пронајдат и кај некои примати, но не и кај останатите цицачи. Ноктите се слични, по фукнција и облик, со канџите и шепите од птиците и останатите животни. Ноктите на прстите и нозете се создадени од тврд протеин наречен кератин, протеин од кој се создадени роговите на животните.

[уреди] Делови

Делот на ноктот кој се наоѓа во внатрешноста на кожата се нарекува корен, а веднаш до него се наоѓа матрицата. Останатиот дел од ноктот се нарекува плоча, под плочата се наоѓа лежиштето на ноктот. Од преодот од корен кон плоча се наоѓа полумесечеста бела зона која се нарекува лунула. [1]

[уреди] Видете исто така

[уреди] Наводи

  1. Feneis, Heinz (2000). Pocket Atlas of Human Anatomy (4th ed.). Thieme. pp. 392–95. ISBN 3-13-511204-7.


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици