Богатството на народите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Насловната страница на лондонското издание од 1776
Адам Смит

Богатството на народите“ (полн наслов: „Иследување на природата и причините за богатството на народите“, англ. An Inquiry into the Nature and Causes of the Wealth of Nations) — најзачајното дело на шкотскиот економист Адам Смит, објавено на 9 март 1776 година, за време на просветителството. Делото се занимава со политичка економија при зачетокот на Индустриската револуција, и нашироко се смета за првото современо дело на полето на економијата. Делото е исто така првата лесно разбирлива одбрана на системот на слободен пазар. Се дели на пет книги во два тома.

„Богатството на народите“ е напишана за просечниот образован човек од XVII век наместо за стручњаци и математичари.

Предмет[уреди | уреди извор]

„Богатството на народите“ расправа по разни клучни економски теми.

Индустриската револуција[уреди | уреди извор]

Книга 1:

Реална наспроти номинална вредност[уреди | уреди извор]

Книга 1 Глава 5 разликува помеѓу номиналната вредност на едно добро (парично) и неговата реална вредност Архивирано на 27 септември 2007 г. во потребниот труд за да се набави.

Меркантилизам[уреди | уреди извор]

Книгата се смета и за критика на меркантилизмот и синтеза на економската мисла во развој во тоа време. Поконкретно, „Богатството на народите“ ги напаѓа, интер алија, двете главни начела на меркантилизмот:

  1. Идејата дека протекционистичките царински тарифи им служат на економските интереси на нацијата (или воопшто на било која цел) и
  2. Идејата дека големите резерви на златни шипки или друг скапоцен метал се нужни за економскиот успех на една земја. Оваа критика на меркантилизмот подоцна ја употребил Давид Рикардо при формулацијата на неговата Теорија на компаративна предност.

Концептот на „невидливата рака“[уреди | уреди извор]

Невидливата рака“ е често споменуван концепт во книгата, иако конкретно се споменува само еднаш.

И така, како што секој настојува да го употреби својот капитал во поддршка на внатрешната политика, како би ѝ овозможил на таа стопанска гранка да произведува со најголема вредност; секој работи на начин на кој годишниот приход на општеството би бил што поголем. Така, општо земено, тој нити намерава да го крепи јавниот интерес, нити знае колку всушност го крепи. Претпочитајќи да го поддржи домашниот наместо странскиот интерес, тој се грижи само за својата благосостојба; и упатувајќи го стопанството на начин на кој производството би било од најголема вредност, тој мисли само на сопствената добивка, и во ова, како и во многу други случаи, тој е воден од невидлива рака за да ја поддржува целта за која тој не се ни интересирал. А ова пак не е ни лошо за општеството. Најстојувајќи на својот интерес тој често го крепи интересот на општеството поефективно отколку кога навистина сака да го поткрепи.“ (Книга 4, Глава 2)

Концептот се споменува и имплицитно, како во:

Ние не чекаме јадење од добрата намера на месарот, пиварот или пекарот, туку од нивниот обзир кон личниот интерес. (Книга 1, Глава 2)

Овој концепт изгледа парадоксално и бил тема на доста контроверзија — таа контроверзија продолжува и ден денес. Меѓу најострите критичари на делото се сегментите од верската заедница, и политичката левица. Меѓутоа Смитовиот концепт за „невидливата рака“ има две одлики кои лесто се пропуштаат. Прво, Смит не застапува социијална политика (дека луѓето треба да делуваат според личниот интерес), туку само ја забележува постоечката економска реалност (дека луѓето делуваат според личниот интерес). Второ, Смит не тврди дека секој личен интерес е корисен за општеството. Тој не аргументира дека поаѓањето од личниот интерес е секогаш добра работа; тој само аргументира против ставот дека поаѓањето од личниот интерес е секогаш лоша работа. Навистина тој често остро ги критикува оние кои поаѓаат чисто од сопствениот интерес и алчност, и предупредува дека, „изгледа дека во секое доба на светот, сѐ за нас и ништо за другите, била злата максима на владетелите на човештвото.“ (Книга 3, Глава 4)

Исто така се заборава дека на својата смрт Смит оставил голем дел од своето богатство во добротворни цели.

Меѓутоа пак на друго ниво, „невидливата рака“ се однесува на способноста на пазарот да поправа наизглед катастрофални ситуации без интервенција од страна на владата и други организации (иако самиот Смит не го користел реминот со ова значење на ум). На пример, Смит вели дека ако се јави недостиг на некој производ, цената на тој призвод на пазарот се покачува, создавајќи потстрек за негово производство и намалување на неговото потрошување, така на крај средувајќи го недостигот. Зголемената конкуренција помеѓу производителите и поголемата понуда исто така ја намалуваат цената на производот на неговиот производствен трошок плус мала заработка, т.н. „природна цена“. Смит верувал дека човечките мотиви се често себични и алчни, но конкутренцијата на слободниот пазар би била од полза за општеството во целина во секој случај. Ова било подоцна прифатено како универзален принцип лесе-фер економистите од XIX век.

Посебни интереси[уреди | уреди извор]

Во „Богатството на народите“, Смит постојано ги напаѓа групите на политички врзани поединци кои пробуваат по пат на своето колективно влијание да ја манипулираат владата да прави по нивно. Во тоа време, овие се нарекувале „клики“, но денес повеќе се нарекуваат „посебни интереси“, израз во кој може да спаѓаат меѓународни банкари, корпоративни конгломерати, тотални олигополии, работнички синдикати и други групи. Смит воопшто земено, имал недоверба и сомненија во трговската класа. Тој сметал дека членовите на оваа класа, особено делувајќи заедно во еснафи кои би сакале да ги формираат, може да сочинат моќен блок и да ја манипулираат државата за да ги регулира нивните посебни интереси на штета на општиот интерес:

Луѓето од ист занает се среќаваат ретко ретко, дури и за веселба и одвелкување, но тогаш разговорот завршува во заговор против јавноста, или во некоја смислица за како да се покачат цените.“ (Книга 1, Глава 10).

Меритократија[уреди | уреди извор]

Меритократијата е силен елемент на ова дело. Смит ја нагласува клучната важност на давањето поединците да ги исполнат своите „од Бога дадени способности“ без мешање од страна на надворешни сили кои се стремат кон поголеми резултати на општествено ниво. Смит заклучува дека овие надворешни сили водат кон неефикасност во поделбата на трудот и го спречуваат прогресот воопшто.

Прогресивно оданочување[уреди | уреди извор]

Смит сметал дека од луксузот на богатите општеството нема некоја корист, додека сиромашните срадаат, и често се вели дека тој е иницијатерот на современото прогресивно оданочување, оа го застапувал како правично. Во расправата на тема даноци во Книга 5, Смит вели:

Основната живеачка скапо ги чини сиромашните. Ним им е тешко да дојдат до храна, и голем дел од нивните мали приходи го трошат на нејзина набавка. Лускузите и суетите во животот се главно потрошувачка на богатите, и величествена куќа ги збогатува и оди во полза на сите други луксузи и суети кои ги поседуваат. Така данокот на станарина би требал да биде најголем за богатите; а оваа нееднаквост не е неразумна. Не би било далеку од разум дека богатите треба да придонесуваат кон јавните трошоци не само сразмерно на нивните приходи, туку и нешто повеќе од тоа.[1]

Размени во заемна корист[уреди | уреди извор]

Од сите Смитови иновативни теории и набљудувања во „Богатството на народите“, веројатно ниедна не била толку револуционерна за своето време колку преформулирањето на исходот од трговската размена. Сѐ до тоа време било општоприфатено дека во една трговска размена секогашедна страна „победува“. Со други зборови, или купувачот или продавачот требал да го „надмудри“ неговиот „противник“.

Смит ова го смета за неприфатливо и се изјаснил дека „доброволна и запознаена размена е во полза на двете страни“. Ова знали дека доколку нема принуда или измама, кога купувачот дава нешто од вредност и продавачот враќа исто така непшто од вредност, двете страни „победуваат“. Ова се случува бидејќи купувачот го цени она што продавачот го продава повеќе од она што самиот тој му го дава за возврат. И затоа на продавачот му е драго да го оттуѓи доброто во замена за доброто на купувачот, бидејќи тој го цени тоа повеќе. Ако ова не е случај, размената не би се случила бидејќи ниеден од двајцата не би разменил нешто што го цени повеќе за нешто што го цени помалку. Накратко, секоја страна добива нешто повеќе посакувано за нешто помалку посакуваноnbsp;— вака двете страни добиваат.

Парадокс на дијаманти и вода[уреди | уреди извор]

Во „Богатството на народите“ Смит се осврнува на проблем кој ги измачувал и најдобрите економисти во тоа време. Проблемот влече корени од начинот на кој предметите се вреднуваат. Двете предоминантни теории на вредност во тоа време биле т.н. „Практична теорија на вредноста“ и трудовата теорија на вредноста, подоцна опишани од Давид Рикардо.

Според практичната теорија на вредноста (наречена и објективна или интринзичка теорија на вредност), вредноста на еден предмет зависи од неговата полза за човештвото. Оваа теорија уживала општа согласност многу години, сѐ до времето на Смит. Меѓутоа ако оваа теорија е точна, зошто тогаш дијамантите (кои во тоа време немале практична вредност) држат толку повисока цена од водата (што е од неизмерно значење за постоењето на човештвото)? Овој феномен, наречен „парадокс на дијаманти и вода“, изгледал сосема нелогичен.

Во „Богатството на народите“ Смит не ја решава оваа загатка, туку укажува на вважно прашање кое треба да се одговори на полето на екомомијата. Тој пробува да ја одговори загатката користејќи ја трудовата теорија и заклучува дека дијамантите вредат повеќе од вода заради нивната реткост и заради големиот труд потребен да се изрударат и исечат. Меѓутоа дури и сега Смит вели дека ова објасение не е задоволително бидејќи тоа не кажува зошто дијамантите вредат повеќе од, на пример, смарагдите (кои бараат уште повеќе труд за ископување и се многу поретки), или пак зошто голем и лесно ископлив дијамант вреди повеќе од некој што е помал и потежок за приметување.

Историја и значење[уреди | уреди извор]

„Богатството на народите“ била издадена во 1776, за време на Просветителството. Извршила влијание не само врз автори и економисти, туку и цели влади и организации. На пример, Александар Хамилтон бил делумно повлијаен од оваа книга за да го напише неговото дело „Реферат за производите“, во кое аргументира против многу од ставовите на Смит. Интересно е тоа што Хамилтон ги засновал идеите на мислата на Жан Батист Колбер, против чии идеи Смит делумно реагира во оваа книга.

Многу други автори биле повлијаени од книгата и ја користеле како појдовна точка за сопствените дела - Жан Батист Сеј, Давид Рикардо, Томас Малтус и подоцна, Карл Маркс и Лудвиг фон Мизес. Рускиот поет Александар Пушкин ја споменува „Богатството на народите“ во неговиот „Евгениј Онегин“.

Но и без разлика на историското влијание, „Богатството на народите“ бил јасен и голем напредок на полето на економијата, сличен на напредокот во физиката со ЊутноватаПринципија Математика“ или пак во хемијата со „Елементарна расправа за хемијата“ од Антоан Лавоазје. „Богатството на народите“ е од важност и во контекст на шкотската лингвистија заради тоа што е напишана на англиски, а не на шкотски јазик, ретка појава во тоа време.

Анахронизми[уреди | уреди извор]

Читајќи ја книгата денес, во неа среќаваме разни анахронизми. Иако таа е напишана на современ англиски јазик, треба да се споменат неколку нешта:

Прво економско дело?[уреди | уреди извор]

Единаесет години пред издавањето на „Богатството на народите“, финскиот свештеник и економист по име Андерс Хидениус ја облавил книгата „Националната добивка“ (Den Nationnale Winsten). Во ова дело тој поставува неколку важни приципи на либерализмот, слободниот пазар и слободната трговија, многу од кои ги наоѓаме и во „Богатството на народите“. Според ова, некои аргументираат дека „Богатството на народите“ не е основоположничко дело на современата економска мисла, туку вид дополнување.

Несомнено е (како што самиот Смит се изјаснил) дека „Богатството на народите“ била делумно составена од синтези и анализи на постоечки политички и економски теории. Ова особено се гледа по неговите ставови за меркантилизмот и протекционизмот (кои во голема мера биле преземени од физиократите).

Меѓутоа подеднакво важно е тоа што „Националната добивка“ и нему сличните дела воопшто го немале влијанието кое го имало „Богатството на народите“. Причините за ова се вон доменот на оваа статија, но без разлика на ова, Смитовото дело продолжува да биде канон на полето на економијата до денешен ден, додека „Националната добивка“ немала никакво влијание вон татковината на авторот.

Така, додека вистина е дека не може да се нарече „прво“ современо дело на тема политичка економија, „Богатството на народите“ сепак мора да се нарече „основоположничко“ дело во економијата, бидејќи, како ниедно друго дело, служи како основа за речиси сета современа економска теорија. Ова ситуација е сродна на онаа со делото „Потеклото на видовите“ на полето на еволуцијата и антропологијата. Додека Дарвин сигурно не бил првиот кој ги поставил тие теории, тоа е сепак најважно и „изворно“ дело на тие полиња. Хидениус и други можеби биле први чисто временски, но Смитовото дело е првото со пошироко значење и влијание.

Македонски изданија[уреди | уреди извор]

  • Смит, Адам (1997). Богатството на народите. Свето Серафимов (прев.). Скопје: Штрк. ISBN 9989-662-14-2. (достапност во библиотеки[мртва врска])

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Adam Smith, An Inquiry into the Nature And Causes of the Wealth of Nations (1776). Book V, Chapter 2, Article I: Taxes upon the Rent of House.[1] Архивирано на 1 ноември 2008 г.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]