Томас Малтус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томас Роберт Малтус
Thomas Robert Malthus
Класична економика
Томас Малтус
Роден14 февруари 1766(1766-02-14)
Сари, Англија
Починал29 декември 1834(1834-12-29) (возр. 68)
Бат, Англија
НационалностАнгличанец
Поледемографија, макроекономика
Противник наВилијам Годвин, Жан-Батист Се, Никола де Кондорсе, Жан-Жак Русо, Давид Рикардо
Влијанија одДавид Рикардо, Жан Шарл Леонар де Сисмонди
Влијаел врзЧарлс Дарвин, Френсис Плејс, Гарет Хардин, Џон Мејнард Кејнс, Пјер Франсоа Ферхулст, Алфред Расел Волес, Карл Маркс, Мао Цетунг
ПридонесиМалтусова теорија

Томас Роберт Малтус (англиски: Thomas Robert Malthus; 13 февруари 176623 декември 1834)[1] — англиски економист и научник чие дело има големо влијание врз политичката економија и демографијата. Познат е како идеолог на малтузијанството, кое тргнува од претпоставката дека изворот на бедата во општеството треба да се бара во неконтролираниот пораст на населението и предлага низа мерки за спречување на оваа појава[2].

Неговиот главен придонес бил да го привлече вниманието кон можните опасности од растот на населението: „Моќта на населението е бескрајно поголема од моќта на земјата да произведе средства за живот за човекот.“[3] За Малтус, како свештеник, ова било теолошки спротивно на учењето на доблесно однесување: оптимистичките идеи за општествена реформа се осудени на пропаст.[4] Со тоа, спротивно на утопиите на писателите како Русо и Гудвин, Малтус на читателот му претставил дистопија, негативна слика за светот. Катастрофа што настанува како последица на раст на населението кој ги надминува средствата е позната како „малтузијанска катастрофа“.

Малтус ја ставил краткорочната стабилност на економијата над краткорочната целесообразност. Тој ги критикувал законите за сиромашните,[5] и (единствен меѓу значајните современи економисти) ги поддржал законите за пченката, кои вовеле систем на увозни даноци за пченицата. Малтус објаснувал дека тоа ќе го охрабри домашното производство и донесе долготрајна корист.[6]

Малтус станал многу влијателен и спорен во економијата, политиката, во општествената и во научната мисла. Го читале многумина од подоцнежните претставници на еволуционата биологија,[7] особено Чарлс Дарвин и Алфред Расел Волес, за кои тој претставувал отскочна штица до опстанокот на најприспособените.[8][9] Малтус бил и сè уште е писател од огромно значење. Современите толкувачи главно му се обраќаат со Томас Малтус, но за време на својот живот бил познат по своето средно име, Роберт.

Животопис[уреди | уреди извор]

Томас Роберт Малтус е вториот син на Даниел и Хенриета Малтус, кои имале осум деца и живееле близу Гулдфорд, Сари. Малтус потекнува од богато семејство. Неговиот татко бил близок пријател на филозофот Дејвид Хјум и познаник на Жан-Жак Русо. Младиот Малтус се образовал дома во Брамкот, Нотингемшир и во „Дисентинг Академи”, Варингтон, сè до 1784 година, кога се запишал на „Исусовиот колеџ” во Кембриџ. Таму изучувал многу предмети и добил награди за англиска рецитација, за латински и грчки, а како главен предмет студирал математика. Дипломирал во 1791 година и две години подоцна бил избран за член на универзитетскиот колегиум на Исусовиот колеџ.[10] Во 1797 година станал англикански селски свештеник во Оквуд близу Албури во Сари.[11]

Неговиот портрет и описите од страна на неговите современици, го претставуваат како висок и убав човек, но со зајачка уста.</ref> and descriptions by contemporaries, present him as tall and good-looking, but with a hare-lip and cleft palate.[12] Очигледно, Малтус одбивал да му се наслика портрет сè до 1833 година затоа што се срамел од својата зајачка уста. Оваа мана влијаела врз неговиот говор: вакви вродени мани биле чести во неговото семејство.[13]

На 12 април 1804 година, Малтус се оженил со својата братучетка Хериет Икерсал, со која имал три деца: Хенри, Емили и Луси. Во 1805 година, станал првиот британски професор по политичка економија на универзитетот Источно-Индиска Компанија (сега познат како Хајлејбери) во Хартфордшир.[14] Неговите студенти со наклоност му се обраќале со Малтус „Поп” или „Популејшн” (од англиското „population“ што значи „население”). Во 1818 година, Малтус станал член на Академијата на науки.

Малтус е погребан во опатијата Бат во Англија.

„Принципот на популација“[уреди | уреди извор]

Essay on the principle of population, 1826

Помеѓу 1798 година и 1826 година, Малтус објавил шест изданија на неговата позната расправа, „Есеј за принципот на популација“, преработувајќи го секое издание за да вклучи нов материјал, да им се обрати на критиките, како и да ги пренесе промените во неговото сопствено гледиште за темата. Оригиналниот текст го напишал како одговор на оптимизмот на неговиот татко и на колегите на неговиот татко, (особено Русо) во врска со идното подобрување на општеството. Малтус го создал неговиот случај како прецизен одговор на делата на Вилијам Годвин (1756-1836) и оние на маркизот Де Кондорсе (1743-1794).

Малтус гледал со скептицизам на идеалите за идно подобрување во судбината на човештвото, имајќи предвид дека низ историјата еден дел од секоја човечка популација бил принуден на сиромаштија. Тој го објаснил овој феномен укажувајќи дека обично порастот на населението ù претходи на експанзијата на средствата на населението, особено на основното средство, храната.

При оценувањето на Малтус, корисно е да се прави разлика помеѓу неговите основните аксиоми, кои се во суштина непобитни, и последиците на аксиомите, за кои нема општо согласување.

Основна теорија: аксиомите[уреди | уреди извор]

„Моќта на населението е толку поголема од моќта на земјата да произведе средства за живот за човекот. Кога е неконтролирано, населението се зголемува со геометриска прогресија. Средствата за живот се зголемуваат само со аритметичка прогресија. Мало запознавање со бројките ќе ја покаже неизмерноста на првата моќ наспрема втората.“

Споредна теорија: последиците[уреди | уреди извор]

„... во сите општества, дури и оние најпорочните, склоноста кон доблесна приврзаност е толку силна што постои постојана усилба за зголемување на населението. Оваа постојана усилба постојано е насочена кон потчинување на пониските класи од општеството за да го погоди и спречи секое големо подобрување на нивната состојба.“

„Начинот на кој се произведуваат овие резултати изгледа дека е следниов: ќе претпоставиме дека средствата за опстанок во некоја земја се еднакви со лесната издршка на нејзините жители. Постојаниот напор за населување... го зголемува бројот на луѓето пред да се зголемат средствата за опстанок. Според тоа, храната со која претходно се издржувале седум милиони, сега треба да се подели на седум и пол милиони или на осум милиони. Затоа сиромашните мора да живеат многу полошо, а многу од нив се доведуваат до тешка немаштија. Бидејќи и бројот на работниците е над обемот на работата на пазарот, цената на трудот мора да е насочена кон опаѓање, додека истовремено цената на набавките покажува тенденција на зголемување. Оттаму, работникот треба да работи повеќе за да заработи исто како претходно.

За време на сезоната на немаштија, обесхрабрувањата за склучување бракови и тешкотиите при одгледување на семејство се толку големи што населението е во застој. Во меѓувреме, евтината работна рака, изобилството на работници, како и потребата од пораст на индустријата помеѓу нив ги охрабруваат земјоделците да вработат повеќе работници на нивното земјиште за раскопување на свежата почва и за поцелосно ѓубрење и подобрување на ораницата, сè додека конечно средствата за опстанок не го достигнат истиот сразмер со населението како во периодот од којшто тргнавме.

Положбата на работникот тогаш е повторно релативно задоволителна, ограничувањата на населението сè до извесен степен разлабавени и се повторуваат истите ретроградни и прогресивни движења во поглед на среќата.“

Малтус исто така согледал дека низ историјата општествата некогаш доживуваат епидемии, глад или војни: случувања што го прикриваат основниот проблем на преминување на ограничувањата на средствата од страна на населението:

„Моќта на населението е толку поголема од моќта на земјата да произведе средства за живот за човекот, што предвремената смрт во една или друга форма неизбежно го посетува човековиот род. Пороците на човештвото се активни и вешти помагачи на депопулацијата. Тие се претходници на големата армија на уништувањето и често самите ја завршуваат ужасната работа. Меѓутоа, ако тие потфрлат во оваа војна на истребување, болежливите сезони, епидемиите, чумата и заразите напредуваат во ужасен ред и покосуваат десетици илјади. Ако и ова не е доволно, бескрајниот неизбежен глад иде крадешкум во заднина и со еден силен удар го израмнува населението со храната во светот.“

Овој пасус предлага дека техниките на сточарството можат да се применат за луѓето, предвидувајќи ја идејата која во 1883 година Франсис Галтон ја нарекол евгеника (наука за создавање здрав подмладок):

,,Воопшто не е невозможно преку обрнување внимание на одгледувањето да се постигне извесно подобрување меѓу луѓето, слично на она кај животните. Не се знае со сигурност дали интелектот може да се пренесе; но големината, силата, убавината, изгледот, а веројатно и долговечноста сè до извесен степен преносливи.‘‘

Малтус ја отфрла оваа идеја врз основа на тоа дека за нејзино остварување потребен е целибат од страна на „лошите примероци“; нему му било одвратно државното наметнување во приватниот живот.

Предложени решенија[уреди | уреди извор]

„Малтус тврдел дека населението се држи во границите на средствата преку два вида на проверки: позитивни, кои го зголемуваат процентот на смртност, и превентивни, кои го намалуваат процентот на раѓање.“ Позитивните проверки вклучуваат глад, болести и војна; превентивните проверки, абортус, контрола на раѓањето, проституција, одложување на брак и целибат

Во второто и понатамошните изданија, со своето име на насловната страница, Малтус повеќе го нагласува моралното воздржување. Под ова подразбирал доцно склучување на брак додека луѓето да се оспособат за одржување на семејство, поврзано со претходен строг целибат (сексуална апстиненција). „Отишол до таму што тврдел дека во широки размери моралното воздржување е најдоброто средство – навистина, единственото средство – за олеснување на сиромаштијата на пониските класи.“ Овој план се чинел во согласност со доблеста, економска добивка и општественото подобрување.

Според тоа, Малтусовото гледиште за јавната помош за сиромашните е многу интересно. Тој предложил постепено укинување на законите за сиромашните преку постепено намалување на лицата кои се квалификуваат за олеснување. Олеснувањето во страшна беда ќе произлегува од приватни добротворни прилози. Неговото објаснување било дека олеснувањето за сиромашните дејствувало против долготрајните интереси на сиромашните преку зголемување на цената на добрата и поткопувајќи ги независноста и издржливоста на селаните. Со други зборови, законите за сиромашните беа склони да „ги создаваат сиромашните кои ги издржуваат“.

Малтус се навредувал што критичарите тврделе дека немал сочувствителен однос кон состојбата на сиромашните. Во дополнување на изданието од 1817 година напишал:

„Напишав поглавје посебно за практичната насока на нашето милосрдие; а во одделни пасуси на друго место ù оддадов праведно признание на возвишената доблесност на добротворноста.

Со драго срце ги повикувам оние кои ги прочитале овие делови од моето дело и обрнале внимание на општиот тон и дух на целината, да бидат доволно искрени против овие обвинувања... кои претпоставуваат дека ќе ги искоренам сите доблести на милосрдието и добротворноста без оглед на воздигнувањето што тие му го даруваат на моралното достоинство на нашата природа...

Некои, меѓу кои Вилијам Фар и Карл Маркс, тврделе дека Малтус не ја увидел потполно човековата способност за зголемување на снабдувањето со храна. Малтус напишал на оваа тема: „Главната особина што го разликува човекот од другите животни, се средствата за негова издршка и неговата моќ за огромно зголемување на овие средства.“

Изданија и верзии на книгата[уреди | уреди извор]

  • 1798: „Есеј за принципот на популација“, како тој влијае врз идното подобрување на општеството со забелешки за претпоставките на г-дин Годвин, маркизот Кондорсе и други писатели.. Анонимно објавен.
  • 1803: Второ и многу проширено издасние: „Есеј за принципот на популација“; или поглед на неговите минати и сегашни влијанија врз човековата среќа; со испитување на нашите очекувања по однос на идното отстранување на олеснителните околности на несреќите што тој ги предизвикува. Признато авторство.
  • 1806, 1807, 1817 and 1826: од третото до шестото издание, со релативно ситни промени од второто издание.
  • 1823: Приложува статија за „Населението“ како дополнување на Енциклопедија Британика.
  • 1830: Се препечатува долг извадок од статијата „Краток преглед на принципот на популација“ од 1823 година.

Малтусовите очекувања за порастот на населението[уреди | уреди извор]

Од 1800 година, глобалното производство на храна значително се зголеми, но дискутабилно е дали обично одеше во чекор со порастот на населението (многукратни милиони смртни случаи од глад). Некои порачуваат нови начини „за зголемување на производството со кои истовремено се зачувуваат природните живеалишта и биоразновидноста“, меѓутоа малтузијанството не ја признава оваа можност.

Елвел наведува дека Малтус не предвидел ништо специфично во поглед на иднината; и дека тоа што некои го толкуваат како предвидување е само Малтусова илустрација за моќта на геометрискиот (или експоненцијален) пораст на населението во споредба со аритметичкиот пораст на производството на храна. Наместо да ја предвидува иднината, Есејот нуди еволутивна општествена теорија. Во Есејот од 1798 та се појавуваат осум најважни точки во однос на еволуцијата:

  • опстанокот сериозно го ограничува нивото на населението
  • кога средствата за опстанок ќе се зголемат, се зголемува и населението
  • притисокот врз населението го поттикнува зголемувањето на продуктивноста
  • зголемувањето на продуктивноста поттикнува понатамошен пораст на населението
  • бидејќи оваа продуктивност не може долго да оди во чекор со потенцијалниот пораст на населението, на населението му се потребни постојани проверки за да се одржи во согласност со носечкиот капацитет
  • одлуките за поединечните трошоци/добивки во однос на родот, работата и децата ја одредуваат експанзијата или намалувањето на населението и производството
  • проверките ќе започнат да делуваат како што населението ќе го надминува основното ниво на опстанок
  • природата на овие контроли ќе има значително влијание врз останатиот социокултурен систем — Малтус јасно укажува на бедата, пороците и на сиромаштијата

Малтусовата теорија имаше силно влијание врз еволутивната теорија, како во биологијата (како што потврдија Дарвин и Алфред Расел Волес), така и во општествените науки (Херберт Спенсер). Малтусовата теорија за населението е од големо значење и за современата општествена еколошко-еволутивна теорија на Жерард Ленски и Марвин Харис. Според тоа, Малтус е клучниот елемент којшто придонесе за правилото на социоекономската теорија.

Спротивставување на малтузијанските идеи[уреди | уреди извор]

Малтус подлежел на прекумерно лично критикување. Бил критикуван и дека немал деца, како и дека имал премногу, од луѓе што не знаеле ништо за неговиот личен живот. Шели го нарекол „евнух и тиранин“, затоа што бил свештеник, иако Англиканската црква не бара целибат, а Малтус се оженил во 1804 година. Маркс ја повторил лагата и додал дека Малтус се заветил на целибат, го нарекол „површен“, „професионален плагијатор“, „застапник за земјопоседничката аристократија“, „платен бранител“ и „главниот непријател на народот“. Во 20 век, уредник на изданието Евримен (анг.Everyman) рекол за Малтус дека вршел контрола на населението преку раѓање на единаесет девојчиња! Тој имал ќерки и еден син. Гарет Хардин дава краток преглед на овие лични навреди.

Современиците на Малтус[уреди | уреди извор]

Вилијам Годвин одговори на Малтусовите критики со сопствени аргументи во „За населението“ (1820).

Други теориски и политички критики на Малтус и малтусијанското размислување се појавија набрзо по објавувањето на првиот „Есеј за населението“, особено во делата на реформаторскиот индустријалец Роберт Овен, есеистот Вилијам Хазлит, економистите Џон Стјуарт Мил и Насо Вилијам Постариот, и моралистот Вилијам Кобет. Треба да се одбележи и „Вистинскиот закон за населението“ (1845) на политичарот Томас Дублдеј, следбеник на кобетовите погледи.

Марксистички[уреди | уреди извор]

Поголемо спротивставување на Малтусовите идеи се забележува кон средината на 19 век со делата на Карл Маркс („Капитал“, 1867) и Фридрих Енгелс („Краток преглед на критиката за политичка економија“, 1844), кои тврделе дека тоа што Малтус го гледал како проблем на притисокот на населението врз производните средства, всушност бил притисокот на производните средства врз населението. На тој начин, проблемот го гледале во однос на нивната замисла за резервна работна армија. Поинаку кажано, привидниот вишок на население што Малтус ѝ го припишувал на привидната вродена природа на сиромашните да скратуваат и од своите основни средства, всушност се појавила како производ на самиот динамизм на капиталистичката економија.

Енгелс ја нарекол Малтусовата хипотеза „...најсуровата, најварварската теорија што некогаш постоела, систем на безнадежност што ги срушил сите оние убави зборови за сакај го твојот ближен и сите луѓе во светот.”

Владимир И. Ленин остро ја критикувал Малтусовата теорија и нејзината неомалтузијанска верзија,[31] и ја нарекол „реакционерна доктрина” и „обид од страна на буржоаските идеолози да го ослободат капитализмот и да ја докажат неизбежноста од немаштијата и бедата за работничката класа под секој општествен систем.”

Биолошка[уреди | уреди извор]

Критичките забелешки за Малтус од страна на биолозите се во голема мера второстепени во однос на главните хипотези. На пример, жалбите дека тоа ги оправдува конзервативните општествени политики или дека доведува до политики како евгеника (анг.eugenics), се всушност жалби на „загрижени граѓани“, кои припаѓаат на споредната теорија, или на последиците. Вакви критики не произлегуваат од техничката работа на професионалните биолози.

Како Дарвин така и Волес го прочитале делото на Малтус и ја признале позитивната улога што тој ја одиграл во развитокот на нивните сопствени идеи:

„Во октомври 1938 година... Се случи да го прочитам Малтусовиот Есеј за населението за разонода... одеднаш сфатив дека под овие услови поволните промени имаат тенденција да се зачувуваат, а неповолните да се уништуваат. Резултатот на ова би било создавањето на нови видови“.:

Биологот Роналд Фишер изнесол критика на примената на малтусијанската теорија како основа за теоријата на природната селекција. Тоа не било негирање на Малтусовите основни хипотези, туку сфаќање дека природната селекција може да ја промени плодноста.

Џон Мајнард Смит се сомневал во тоа дека гладот функционирал на начинот на којшто ја гледал Малтус, како големиот израмнувач, но ги прифаќал основните хипотези:

„[Едно население] не може да се зголемува логаритамски засекогаш. Порано или подоцна, недостатокот на средства ќе го сопре растот. Токму овој увид ги доведе Дарвин и Волес при читањето на Малтус да дојдат до идејата за природна селекција.“

Претставници на изобилието (Cornucopian)[уреди | уреди извор]

Некои економисти во 19 век верувале дека подобрувања во поделбата и специјализацијата на работата ги зголемувале вложените средства, а други фактори укажувале дека Малтусовите предупредувања биле неверојатни. Во отсуство на какво било подобрување на технологијата или зголемување на опрема, зголемена понуда на работа може да има синергистички ефект врз производството што го совладува законот за намален доход. Како што забележал американскиот економист Хенри Џорџ со карактеристична пикантност во отфрлањето на Малтус: „И дрдорковците и мажите јадат пилиња; но колку повеќе дрдорковци, толку помалку пилиња, додека колку повеќе мажи, толку повеќе пилиња.”

Многу економисти во 20 век, меѓу кои и Џулијан Линколн Симон, исто така ги критикувале Малтусовите заклучоци. Тие укажуваат дека и покрај предвидувања на Малтус и на нео-малтусијанците, огромниот геометриски пораст на населението во 20 век не заврши со малтусијанска катастрофа, во голема мера благодарение на влијанието на технолошките напредоци и проширувањето на пазарната економија, поделбата на работата и резервите на инвестиционите средства. Скептичниот природозаштитник, Бјорн Ломбург, ги повторува овие аргументи. Според тоа некои, како што е британскиот физичар Џон Медокс, го гледале Малтус како пропаднат пророк на пропаста.

Антрополошка[уреди | уреди извор]

Во Малтусовиот фактор: Население, сиромаштија и политика во капиталистичкиот развиток, антропологистот Ерик Рос го опишува Малтусовото дело како рационализирање на општествените нееднаквости произведени од Индустриската револуција, движењето против доселеништвото, евгеничкото движење и разни меѓународни еволутивни движења.

Економска[уреди | уреди извор]

Мартус тврдел дека со зголемувањето на платите во една економија, се зголемува и наталитетот, а морталитетот опаѓа. Заклучил дека високите приходи им дозволуваат на луѓето да имаат доволно средства за одгледување на своите деца, а со тоа се зголемувала и нивната желба да имаат повеќе деца, што пак доведувало до зголемување на бројноста на населението. Покрај тоа, високите приходи им овозможуваат луѓето да си дозволат соодветно лекување за да ги спречат можните опасни заболувања, со што се намалува морталитетот. Оттука произлегува дека покачувањето на платите предизвикува пораст на населението, затоа што со него се зголемува наталитетот, а се намалува морталитетот. Покрај тоа, Малтус тврдел дека како што се зголемува понудата за работа со зголемениот пораст на населението, заработените плати најпосле ќе се намалат на опстанок, каде што наталитетот е еднаков на морталитетот, со што нема пораст на населението. Меѓутоа, светот обично доживувал сосема поинаков резултат од оној што Малтус го предвидел. За време на доцниот 19-ти и раниот 20 век, населението (и платите) се зголемувале како што се забрзувала индустриската револуција. Сепак, наталитетот во високо развиените земји паднал дури на нивото на заменување, како што бил случајот со западните земји како САД, Канада којашто имала пораст само благодарение на доселеништвото, а Јапонија се соочила со опаѓање на бројот на население кога повоената генерација од Втората светска војна започнала да изумира.

Малтус претпоставил непроменлива побарувачка за работа во неговата проценка за Англија, но при тоа не ги зел предвид последиците од индустријализацијата. Со сè поголемата индустријализација на светот, порасна нивото на технологијата и производството, што предизвика да се зголеми побарувачката за работа. На тој начин, и покрај тоа што се зголемуваше понудата на работа, се зголемуваше и побарувачката за работа. Всушност, веројатно побарувачката за работа се зголеми повеќе од понудата, како што се проценува од историски набљудуваното глобално покачување на реалните плати со порастот на населението.

Влијание[уреди | уреди извор]

Малтусовата теорија за населението се покажала како мошне влијателна. Во 1978-та Мајкл Х. Харт објави книга наречена Стотемина: Рангирање на највлијателните луѓе во историјата, во која Малтус се најде на 80-тото место

Во Хајлејбери, Малтус развил теорија за несоодветностите помеѓу понудата и побарувачката коишто ги нарекол вишоци. Сфатена како бесмислена во тоа време, неговата теорија ги предвестила подоцнежните теории за Големата депресија и делата на неговиот обожавател и економист Џон Мајнард Кејнс.

Малтусовата положба како професор на британскиот универзитетот Источно-Индиска Компанија, на која бил сè до својата смрт во 1834 година, им даде на неговите теории значително влијание врз британското управување со Индија низ најголем дел од 19 век, а продолжило дури и во Раџот (британското владеење во Индија до 1947-та) по распаѓањето на Компанијата во 1858 –та година. Во голема последица од ова влијание, официјалниот одговор на периодичната општа глад во Индија (што со векови се случувала еднаш до двапати на секои десет години) не бил сосема корисно запоставување: властите ја сметале гладот како неопходен за одржување на „вишокот” население под контрола.

Видливо рано преобразен во малтузијаниството, британскиот премиер Вилијам Пит Помладиот (на власт: 1783-1801 и 1804-1806), откако го прочитал делото на Малтус веднаш го повлекол нацрт-законот што претходно го ставил на разгледување, а којшто предвидувал продолжување на социјалната помош за сиромашните. Интересот околу Малтусовата теорија помогна да се развие идејата за национален попис на население во Обединетото Кралство. Владиниот функционер Џон Рикман беше од помош во спроведувањето на првиот современ британски попис во 1801 година, за време на управувањето на Пит. Во 1830-тите Малтусовите дела силно влијаеле врз реформите на Вајг коишто го симнаа од власт ториевиот патернализам и го донесоа Актот за измена на законот за сиромашните (Poor Law Amendment Act) од 1834 година.

Пред Малтус, толкувачите гледале на високиот степен на плодност како на предност, затоа што со тоа се зголемува бројот на работници корисни за економијата. Малтус, за разлика од нив, на плодноста гледал од поинаков аспект и ги убедил повеќето од економистите дека и покрај тоа што високиот степен на плодност може да го зголеми бруто производството, тоа има тенденција да го намали производството по глава на жител. Други истакнати економисти, меѓу кои Дејвид Рикардо (кого Малтус лично го познавал) и Алфред Маршал му се восхитувале на Малтус и/или потпаднале под негово влијание.

Малтус се гордеел со фактот дека меѓу едни од најраните приврзаници кон неговата теорија за населението бил и архиѓаконот Вилијам Палеј, чија Природна теологија за првпат се појавила во 1802 година. Иронично, со оглед на Малтусовото сопствено противставување на контрацепција, неговото дело имало огромно влијание врз Франсис Плас (1771–1854), чие нео-малтузијанско движење стана првото коешто ќе се залага за контрацепција. Плас ги објави своите Илустрации и докази на принципот на населението во 1822 година.

Малтусовата идеја за човековата „борба за егзистенција” влијаела и врз дарвиновата теорија на еволуцијата, покрај идејата за „природна војна“ на А.П. де Кандол. Борбата за егзистенција на сите суштества обезбедува катализатор преку кој природната селекција го произведува „опстанокот на најспособните”, фраза што му се припишува на Херберт Спенсер. Дарвин во својата книга „Потеклото на видовите“, ја нарекува својата теорија примена на Малтусовите доктрини во област во којашто отсуствува усложнувачкиот фактор на човечката интелигенција. Дарвин, доживотен обожавател на Малтус, се повикува на Малтус како на „тој голем филозоф” и запишал во својата тетратка дека „треба да се проучува Малтус на човекот”. Волес го нарекол Малтусовиот есеј „...најзначајната книга што сум ја прочитал...” и го сметал за „најзанимливото совпаѓање” тоа што читањето на Малтус ги довело и него и Дарвин, независно еден од друг, до идејата за еволуцијата. [48]

Првиот генерален директор на УНЕСКО, еволуционистот и хуманист Џулијан Хаксли, напишал за „Пренатрупаниот свет” во својот Еволутивен Хуманизам (1964), и порачал „Светска политика за население”. Хаксли отворено ги критикувал комунистичките и римокатоличките ставови за контрола на раѓањето, популационото планирање и пренаселеноста

Малтусовото значително влијание се чувствува и ден денес. Пол Р. Ерлиш, напишал неколку книги кои го предвидуваат гладот како резултат на зголемувањето на населението: „Популацискиот бум“ (1968), „Население, средства, средина: прашања во човековата екологија“ (1970, со Ен Ерлиш). Во доцните 1960-ти Ерлиш предвидела дека стотици милиони ќе умрат во 1970-тите како последица на претстојната криза со пренаселеноста и дека до 1980 година жителите на САД ќе имаат должина на живот од само 42 години. Засега овие предвидување не се потврдиле. Други примери за применет малтузијанство ги вбројува Границите на порастот, книга објавена во 1972 година од страна на Друштвото од Рим (Club of Rome), и Глобалниот извештај 2000 година на тогашниот претседател на САД, Џими Картер. Писателот на научна фантастика, Исак Озимов издаде многу апели за контрола на населението што го одразуваа гледиштето искажано од луѓе како Томас Малтус, па сè до Пол Р. Ерлиш.

Во раните 1980-ти, Џејмс Голдстоун ги поврзал променливите вредности на населението со Англиската револуција, а Дејвид Лемперт измислил модел на демографија, економија и политички промени во мултиетничката земја Маурициус. Оттогаш Голдстоун изработил други револуции обрнувајќи внимание на демографијата и на економијата, а Лемперт ги објаснил сталиновите чистки и Руската револуција од 1917 година во однос на демографските фактори што ја придвижуваат политичката економија. Тед Роберт Гер исто така моделирал политичко насилство со примена на споредбени случаи, како тоа на палестинската територија и во Руанда/Конго (двата региони со најбрз пораст на население во светски рамки). Овие приоди претполагаат дека политичката идеологија ги следи демографските сили.

Малтус, некогаш гледан како основачкиот татко на модерната демографија, продолжува да поттикнува и да влијае врз футуристички погледи, како оние на К. Ерик Дрекслер што се однесуваат на вселенското застапување и молекуларната нанотехнологија. Како што Дрекслер објаснува во „Моторите на создавањето“ (1986): „Со извесно значење, отворањето на вселената ќе ги пробие нашите граници во поглед на порастот, затоа што вселената е бескрајна. Сепак, Малтус во суштина беше во право.”

Малтусијанскиот модел на порастот на населението го носи името на Малтус. Логистичката функција на Пјер Франсоа Верулс (1804-1849) завршува со познатиот S-дијаграм. Верлус го развил моделот на логистичкиот пораст претпочитан од многумина критичари на малтусијанскиот модел на порастот од 1838 година, откако го прочитал Малтусовиот есеј. Малтус го инспирирал и пензионираниот професор по физика, Алберт Бартлет, да предава над 1,500 пати за „Аритметиката, населението и енергијата”, поддржувајќи го виталното живеење и објаснувајќи ја математиката на пренаселеноста.

Малтус станува најдобро навредениот човек на своето време
Речиси и не постои ценета идеологија, левичарска или десничарска, која не е ставена под сомнение од принципот на популација.

Наводи во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • Ебенизер Скруџ (или Ебенизер Скржавиот) од „Коледарска песна“ (анг. A Christmas Carol) од Чарлс Дикенс, ги претставува воочените Малтусови идеи, одлично илустрирани со неговото објаснување зошто одбива да им подарува на сиромашните и бедните: „Ако сакаат да умрат подобро нека завршат со тоа поскоро и нека го намалат вишокот население“. (Иако Дикенс можеби имал некои малтузијански грижи (очигледни во романот „Тешки времиња“ и во други романи, ги сосредоточува своите напади врз Утилитаризмот и врз оние кои проповедале постигнување на Утопија преку работа, со трудот како решение за сите општествени незгоди.)
  • Во романот на Роберт А. Хејнлејн, „Месечината е сурова љубовница“ (The Moon Is a Harsh Mistress), ликот Бернардо де ла Пас му вели на Мани: „Планетава не е пренаселена; туку лошо управувана... и најлошото нешто што можеш да го направиш за гладен човек е да му дадеш храна. Прочитај го Малтус. Никогаш не смеј му се на д-р Малтус; тој секогаш последен се смее.“
  • Во романот на Алдус Хаксли, „Храбар Нов Свет“, луѓето обично ја гледаат плодноста како неприлика, затоа што клонирањето му овозможило на општеството да го одржи населението точно на нивото што го сакаат управителите. Затоа жените постојано носат средства за контрацепција со себе во „малтузијански појас“.
  • Во романот на Џон Фоулс „Жената на францускиот поручник“ д-р Гроган вели за Малтус: „За него трагедијата на човекот е во тоа што најнеспособните да преживеат се оние кои најмногу се размножуваат“.
  • Во романот на Џорџ Р. Р. Мартин „Пловењето на Таф“ (анг. Tuf Voyaging) прикажува планета наречена С’утлам (анаграм од „Малтус“) која постојано се соочува со опасноста од масовен глад како последица на нејзиниот брз пораст на населението.
  • Јуринтаун (анг. Urinetown, во превод Уринаград), мјузикл за свет раскинат од суша, завршува со извик на „Да живее Малтус!“ по објаснувањето дека сите ликови во претставата умираат. (Мјузиклот прикажува општество кое не може да се издржи поради недостигот на вода што се должи на прекумерната потрошувачката. Како последица на ова, граѓаните мораат да плаќаат за да уринираат.)
  • Во завршната сцена од сезона 1 на телевизиската серија „Лизгачи“ (анг. Sliders), „Среќа на ждрепката“ упатува на Томас Малтус.
  • Во романот на Биој Касарес (на шпански, Bioy Casares) „Изумот на Морел“ често се споменува Малтус.
  • Злобниот Анти-Спајрал (анг. Anti-Spiral) од телевизиската анимирана серија Тенген Топа Гурен-Лаган (Tengen Toppa Gurren-Lagann, во превод „небесно остроумниот Гурен-Лаган“) ги претставува Малтусовите општествени теории доведени до нечовечки крајности.
  • Во втората сезона од телевизиската серија од 1980-тите „Саркастичен човек“ (анг. Wiseguy) од Стивен Џ. Кенел (Stephen J. Cannell), негативецот Мел Профит (глумен од Кевин Спејси) ја заснова својата филозофија за тргување со оружје врз Малтус. Тој вели: „Населението расте геометриски, а снабдувањето со храна географски. Рамнотежата ја одржуваат три работи: глад, болест и војна.“

Епитаф[уреди | уреди извор]

Епитафот на Малтус во опатијата Бат гласи:

Еден од најдобрите луѓе на сите времиња и најверните филозофи во светот, воспитан со вродено достоинство на умот над погрешната претстава на незнаењето и невниманието на славните, живееше мирен и среќен живот посветен на потрагата и соопштувањето на вистината. Поддржан од спокојното, но цврсто убедување во корисноста на неговата работа. Задоволен со одобрувањето од мудрите и добрите. Неговите дела ќе бидат траен споменик за големината и исправноста на неговото разбирање. Беспрекорниот интегритет на неговите принципи, праведноста и непристрасноста на неговата природа, неговиот благ карактер, учтивото однесување и добродушното срце, неговата добротворност и побожност сè уште се драги спомени на неговото семејство и пријатели. Роден на 14 февруари 1766 година, умре на 29 декември 1834 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Неколку извори велат дека починал на 29 декември 1834. Вид. Meyers Konversationslexikon и Биографијата од Најџел Малтус Архивирано на 18 мај 2013 г.. Но „Британика 1911“ го наведува датумот 23 декември 1834.
  2. Група составувачи (1995). Социолошки терминолошки речник. Скопје: Филозофски факултет, Институт за социологија и МАНУ. стр. 166. ISBN 9989-43-035-7.
  3. Malthus T.R. 1798. An essay on the principle of population. Chapter 1, стр. 13 во Oxford World's Classics.
  4. Bowler, Peter J. (2003). Evolution: the history of an idea. Berkeley: University of California Press. стр. 104–105. ISBN 0-520-23693-9.
  5. Malthus T.R. 1798. An essay on the principle of population. Chapter V, p39-45. in Oxford World's Classics reprint.
  6. Malthus T.R. 1798. An essay on the principle of population. xx in Oxford World's Classics reprint.
  7. not only after Darwin: some of the British proto-evolutionists (such as Вилијам Лоренс) read him, and Патрик Метју certainly did: he published in 1839 a short book, Emigration fields (Black, Edinburgh)encouraging emigration, in part as a solution to the problem of over-population.
  8. Browne, Janet 1995. Charles Darwin: Voyaging. Cape, London. p385–390
  9. Raby P. 2001. Alfred Russel Wallace: a life. Princeton. p21 and 131
  10. „Malthus, Thomas Robert (MLTS784TR)“. A Cambridge Alumni Database. University of Cambridge.
  11. Castles, Ian. „From the desk of Malthus: How the population debate began“. National Academies Forum. Архивирано од изворникот на 2009-02-15. Посетено на 2008-12-28.
  12. Hodgson, M.H. 2004. Malthus, Thomas Robert (1766–1834). In Rutherford D (ed) Biographical Dictionary of British Economists. Continuum, Bristol.
  13. Martineau, Harriet 1877. Autobiography. 3 vols, Smith, Elder, London. vol 1, p327.
  14. Malthus T.R. 1798. An essay on the principle of population. Oxford World's Classics reprint: xxix Chronology.