Боливар (марка на пури)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Логото на Боливар

Боливар (шпански: Bolívar) е име на две марки на врвни пури, од кои едната се призоведува во Куба за Хабанос СА, кубанската државна тутунска фирма, додека другата се произведува во Доминиканската Република од доминикански и никарагвански тутун за фирмата Џенерал Сигар. Двете марки го носат името на славниот јужноамерикански револуционер Симон Боливар.

Историја[уреди]

Кутија Боливар Royal Coronas

Марката е основана (можеби во Велика Британија) од Хозе Ф. Роча околу 1901 или 1902, иако истата не била регистрирана во Хавана, Куба сè до 1921 во сопственост на неговата фирма, Х.Ф. Роча и Др.

Во тоа време, Боливар ја произведувале најмалата пура во светот, наречена Делгадо, со само 1 7/8 инчи и пречник од 20, која ја имала честа да биде поставена како дел од куќата за кукли на кралицата Мери во кралската детската соба во замокот Виндзор.

Во 1954 марката ја купуваат Сифуентес и Др. и по смртта на Роча производството се релоцира во славната фабрика на Партагас во Хавана (денешна фабрика „Francisco Pérez Germán“), каде многу од витолите се произведуваат и денес. Токму во ова доба, под водство на Сифуентес, Боливар станала светска марка.

По национализацијата на тутунот со Кубанската револуција, семејството Сифуентес морало да се пресели во Доминиканската Република, каде патронот на семејството, Рамон Сифуентес, сѐ уште произведува пури од марките Партагас и Боливар за Џенерал Сигарс и пазарот во САД. Во поскоро време, карактеристиките на доминиканскиот Боливар бил променети за да одговараат на јачината на јачината на нивните кубански истоименици.

Кубанскиот Боливар е познат меѓу познавачите на пури како најсилната и најинтензивната пура. Најпознати примери од марката се пурите Coronas Junior, Petit Coronas и Belicosos Finos. Во 2002, со купувањето на дел од акциите на државната фирма Хабанос СА од страна на Алтадис марката доживела ред промени. Едно од решенијата на Алтадис било извесни марки да станат само машински а извесни само рачно изработени. Боливар, кој историски произведувал пури по секој можен метод, тогаш изгубил доста од своите витоли. Останува да се види решението за начинот на изработка на пурите од оваа марка.

Во 2005, Хабанос СА произвеле неколку илјади кутии Bolívar Golden Medals за една продавница за пури во Келн, Германија. Овие пури се постара големина вон производство, во форматот Cervantes (лонсдејл), обвиткани во златна фолија до половина и одбележани со посебна Боливар бандерола по средината. Секоја кутија има по 10 пури.

Две кутии Боливар Golden Medals

Витоли на кубанскиот Боливар[уреди]

Еве листа на витоли (големини) на пури од марката Боливар изразени во англиски и метрички должини, нивното vitolas de galera (фабричко име), и нивното конвенционално име (според американскиот жаргон за пури).

Рачно-изработени витоли

  • Belicoso Fino - 5 1/2" x 52 (140 x 20.64 mm) Campana, беликосо
  • Corona Gigante - 7" x 47 (178 x 18.65 mm) Julieta, черчил
  • Churchill - 7" x 47 (178 x 18.65 mm) Julieta, черчил
  • Corona Extra - 5 5/8" x 44 (143 x 17.46 mm) Francisco, долга корона
  • Inmensa - 6 3/4" x 43 (170 x 17.07 mm) Dalia, лонсдејл
  • Royal Corona - 4 7/8" x 50 (124 x 19.84 mm) Robusto, робусто или ротшилд
  • Corona - 5 5/8" x 42 (142 x 16.67 mm) Corona, корона
  • Petit Corona - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Mareva, мала корона
  • Bonitas - 5" x 40 (126 x 15.87 mm) Londres, мала корона
  • Corona Junior - 4 3/8" x 42 (110 x 16.67 mm) Minuto, тре пети корона
  • Tubo No. 1 - 5 5/8" x 42 (142 x 16.67 mm) Corona, корона
  • Tubo No. 2 - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Mareva, мала корона
  • Tubo No. 3 - 4 7/8" x 34 (125 x 13.49 mm) Placera, тре пети корона

Машински изработени и рачно довршени витоли

  • Chico - 4 1/8" x 29 (106 x 11.51 mm) Chico, цигариљо

Специјални пури

  • Gold Medal - 6 1/2" x 42 (165 x 16.67 mm) Cervantes, лонсдејл
  • Colosal - 6 1/8" x 50 (155 x 19.84 mm) Super Robusto, робусто екстра

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]