Луј Пастер
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Луј Пастер Louis Pasteur |
|
| Француски микробиолог и хемичар | |
| Роден/а | 27 декември 1822 Дол, Франш-Конте, Франција |
|---|---|
| Починал/а | 28 септември 1895 Марн ла Кокет, Франција |
| Познат | пастеризација, вакцина против беснило |
Луј Пастер (француски: Louis Pasteur; 27 декември 1822 – 28 септември 1895) бил француски хемичар и биолог, кој во првите истражувања дошол до заклучок дека топлината ги уништува штетните бактерии и со тоа ја поставил основата на постапката за стерилизација при хируршките зафати, што во негова чест била наречена „пастеризација“.
Утврдил дека ферментацијата била биолошки процес и ги побил дотогашните теории за спонтаната регенерација на микроорганизмите. Пастер го задолжил човештвото со откритието на вакцината против беснило, до која дошол по низа експерименти во 1895 година.
На 6 јули 1885, Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило; пациентот е Јозеф Мајстер, деветгодишо дете гризнато од бесно куче.