Хавиер Флоренсио

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Хавиер Флоренсио
Лични податоци
Цело име Хавиер Флоренсио Кабре
Роден 26 декември 1979 (1979-12-26) (33 г.)
 Шпанија
Висина 1,73 м
Маса 59 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Катјуша
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Професионални клубови
2001–2003
2004–2005
2006–2008
2009–2010
2011
2012–
ONCE
Релакс-Фуенлабрада
Бјуик Телеком
Сервело ТестТим
Геокс-ТМЦ
Тим Катјуша
Значајни победи
Класика де Сан Себастијан (2006)
Последна промена
25 февруари 2013

Хавиер Флоренсио Кабре (роден на 26 декември 1979 во Тарагона, Каталонија) е шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Катјуша.[1]

Тој возел во 2009 и 2010 за Сервело ТестТим, откако претходните три сезони ги поминал со ProTour team Бјуик Телеком.

Во 2010, Флоренсио требало да биде на стартот на 97. Тур де Франс, но бил повлечен од тимскиот список, бидејќи „користел супстанции, кои содржеле ефедрин со цел третирање на непријатностите при седење.“ Ова било прекршок на внатрешните политики на тимот.[2] Тој бил критикуван од тимот за оваа ситуација и поради тоа тој не можел да најде нов тим, откако Сервело ТестТим згаснал.

Тој ја поминал сезоната 2011 во Геокс-ТМЦ, а потоа се преместил во Тим Катјуша.

Достигнувања [уреди]

1996
 Шпанија Јуниорски национален друмски првак
2002
1. Етапа 8 Тур де л’Авенир
3. Вуелта а ла Риоха
5. ГП Кореиос де Португал
2003
3. Етапа 6 Трка околу Холандија
5. Трка околу Холандија
5. Вуелта Валенсијана
6. Тур Даун Андер
2006
1. Класика де Сан Себастијан
3. Краен пласман, Тур де л’Ен
2007
4. Национално друмско првенство
9. Класика де Сан Себастијан
2008
3. Краен пласман Вуелта а ла Валенсија
1. Бодовен пласман
3. Краен пласман Тур ду Лимузин
2012
9. Класика де Сан Себастијан

Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]