Тирол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на еврорегионот Тирол, сочинет од Тирол, Јужен Тирол и Трентино.

Тирол (германски: Tirol или Tyrol, италијански: Tirolo) е висока планинска област на Алпите која се наоѓа источно од Швајцарија. Се дели на Северен и Јужен Тирол и има вкупна површина од 26.262 км2. Има над 1,2 милиони жители. Северен Тирол се наоѓа во Австрија и сочинува посебна покраина наречена исто така Тирол. Јужен Тирол припаѓа на Италија и ја сочинува покраината Трентино-Јужен Тирол.

Северен Тирол се простира помеѓу Италија, Швајцарија, Германија и австриските покраини Предарлска на запад и Салцбург и Корушка на исток. Има површина од 12.647 км2 и население од околу 470.000 жители. Главен град е Инсбрук. Северниот дел на Тирол ги опфаќа планините Ецталски Алпи (со највисок врв Вилдшпиц, 3.774 м), Лехталски Алпи (Цугшпице, 2.964 м) и други. Најпознати и најзначајни превои се Бренер (на 1.370 м) кон Јужен Тирол и Арлберг кон запад (на 1.802 м). Климата е континентална и алпска, а висината на снежната граница изнесува до околу 2.800 м. Поголеми реки се Лех и Ин кои се десни притоки на Дунав. Најголемо е Ахенското Езеро. Тирол е земјоделско-индустриски регион.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]