Џорџ Ромни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џорџ Ромни
George Romney
Автопортрет на Џорџ Ромни
Роден(а)Џорџ Ромни
26 декември 1734(1734-12-26)
Далтон во Фернес, Ланкашир, Англија
Починал(а)15 ноември 1802(1802-11-15) (возр. 67)
Кендал, Вестморленд, Англија
НационалностАнгличанец
Познат(а) посликарство
Ема Хамилтон како менада, 1785

Џорџ Ромни (англиски: George Romney; 26 декември 173415 ноември 1802) — истакнат англиски портретист.

Младост и образование[уреди | уреди извор]

Ромни е роден во Бексајд, во Далтон во Фернес, Ланкашир (денес во Камбрија) и кога завршил училиште во Дендрон на 11 годишна возраст отишол да чиракува кај татко му како столар. Во 1755 заминал за Кендал сликање од камберлендскиот уметник по име Кристофер Стили.

Дела[уреди | уреди извор]

Веќе во 1757 Ромни наголемо станувал прочуен портретист. Додека чиракувал Ромни се разболел, па оздравел под нега на Мери Абот, ќерка на неговата стопанка.

Во 1762, веќе оженет и со две деца, Ромни отишол во Лондон и наишол на успех со неговото дело „Смртта на генералот Вулф“, со кое освоил награда на Кралското уметничко друштво. Ромни веднаш потоа станал успешен и баран портретист.

И покрај неговите големи успеси, Ромни никогаш не добил покана за членство во Кралската академија, ниту пак некогаш самиот поднел барање за членство. Иако постојат доста претпоставки за неговиот оснос со академијата, несомнено се знае дека тој се држел настрана сметајќи дека еден добар уметник треба да успее и без да биде академик. Неговата кариера одела во прилог на овој став, па затоа дури кон крајот на животот покажал некакво (но многу мало) покајание за овој став[1]

Во 1773 отпатувал во Италија со неговиот колега Озајас Хемфри, со цел да изучуваат сликарство во Рим и Парма. Во 1775 Ромни се вратил во Лондон и продолжил да го работи своето ателје, но сега на нова локација. Во 1782 се запознал со Ема Хамилтон (тогаш Ема Харт) и таа станала негова муза. Ромни ја насликал на повеќе од 60 портрети во разни пози, понекогаш во улога на некоја историска или митолошка личност.[1] Ромни сликал и многумина свои современици, меѓу кои и неговата колешка Мери Мозер. По 40-годишно отсуство, во летото 1799 Ромни му се вратил на неговото семејство во Кендал. Таму го пречекала неговатабезусловно верна и оддадена сопруга.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cross, David A. A Striking Likeness: The Life of George Romney. Ashgate, 2000. 288 стр. ISBN 1-84014-671-0

Надворешни врски[уреди | уреди извор]