Шинзо Абе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шинзо Абе

Шинзо Абе (Јапонски:安倍 晋三), роден на 21 септември 1954 е јапонски политичар и два пати премиер на Јапонија.

Аби бил најмладиот премиер во јапонската историја и прв премиер на Јапонија роден после Втората светска војна.

Биографија[уреди]

Аби потекнува од едно од најугледните јапонски политички фамилии (неговиот дедо Кан Аве и татко му Шинтаро Абе биле исто така угледни политичари). Преку сопругата Јоко Киши е поврзан со некогашниот премиер на Јапонија Нобусуке Киши.

После студиите во Јапонија и САД, во 1979 година се вработил во компанијата „Коби стил“. Од 1982 работел во Министерството за надворешни работи на Јапонија, бавејќи се со политиката во склопот на Либерално-демократската парија. Во 1993 година прв пат е избран за пратеник во народното собрание на Јапонија.

На 20 септември 2006, партијата го предложила како кандидат за нов премиер, па на 29 септември 2006, го заменил дотогашниот премиер Џуничиро Коизуми.

Оставка на местото на премиер на Јапонија поднел на 12 септември 2007 година, а го наследил Јасуо Фукуда. На изборите во 2012 г. повторно ги добива гласовите за премиерското место од неговиот претходник, Јошихико Нода, стапувајќи на функцијата на 26 декември 2012.

Надворешни врски[уреди]