Лав I (охридски архиепископ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Macedonian cross.svg
Лав I
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Архиепископ од 1037
Архиепископ до 1056
Претходник Јоан Дебарски
Наследник Јован II
Роден 10 век
Конија, Византија
Починал 1056
Други архиепископи со име Лав

Лав I бил византиски свештеник и охридски архиепископ во периодот од 1037 до 1056 година[1]. Тој бил првиот архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.

Тој бил роден во Пафлагонија, и пред да стане архиепископ во Охрид, долги години работел во Цариградската Патријаршија како картофилакс. На архиепископскиот трон се качил по смртта на Јоан Дебарски, најверојатно со помош на византискиот император Михаил IV, кој исто така, по потекло бил од Пафлагонија.

Во времето кога Лав I бил охридски архиепископ била обновена црквата „Света Софија“ во Охрид

Во негово време била реконструирана катедралната црква Света Софија во Охрид. Тој учествувал во споровите околу Големата шизма. Починал најверојатно во 1056 година, истата година на започнувањето на расколот помеѓу црквите.

Наводи[уреди]

  1. Грозданов, Цветан (2007). „Живописот на Охридската архиепископија: студии“. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.