Јоаким Хербут

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јоаким Хербут
Епископ на Скопско-Призренската бискупија
ЦркваРимокатоличка црква
Ракоположен2000
Службата завршила2005
ПретходникСмиљан Фрањо Цекада
НаследникКиро Стојанов
Лични податоци
ЗанимањеЕпископ на Скопско-Призренската бискупија

Монсињор д-р Јоаким Хербут (1928-2005) — бискуп на Скопската (и Скопско-Призренската) бискупија и апостолски егзарх на Апостолскиот Егзархат на Македонија.

Роден е во село Руски Крстур во Србија, во автономната покраина Војводина на 14 февруари 1928 во русинско семејство. Бил поставен за свештеник на 6 јули 1952, а како бискуп на Скопско-Призренската бискупија бил поставен на 2 октомври 1969 од Папата, а инаугурацијата се случила на 21 декември 1969 година. Подоцна бил поставен и на чело на обновениот Апостолски Егзархат на Македонија за верниците од источниот (византиски) обред на 11 јануари 2001. Монсињор Јоаким Хербут починал во Скопје на 15 април 2005.