Антон Југов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Антон Југов
Политичар од Бугарија
Роден 15 август 1904
Ругуновец (денес Поликастро), Егејска Македонија
Починал 6 јули 1991
Софија, Бугарија


Антон Југов (бугарски: Антон Югов) бил политичар од Бугарија со потекло од Македонија, комунист, член и еден од раководителите на ВМРО (обединета) и Бугарската комунистичка партија (БКП), премиер на Бугариjа во периодот 1956-1962.[1]

Биографиjа[уреди]

По Првата Светска војна семејството му се иселило во бугарскиот град Пловдив. Завршил гимназиjа таму и како работник во тутунската индустриjа во 1921 се зачленил во младинските комунистички структури, а од 1928 и во самата БКП. Во истото време се приклучил и кон ВМРО (обединета) и во 1933-1934 бил секретар на неjзиниот Централен комитет. Од 1934 до 1936 студирал во СССР, а по враќането си во Бугариjа бил избран за член на Централниот комитет на БКП. Во 1941 бил уапсен и пратен во логорот "Гонда вода", откаде што успеал да избега и да се приклучи кон партизанското движење, за кое во 1942 добил смртна казна. Во септемеври 1944 имал значаjна улога во комунистичкиот државен удар, коj му ја донесол фотељата на министер на внатрешните работи 1944-1949. Учествал во сталинистичките репресии врз опозициjата. По Априлскиот пленум во 1956 jа добил позициjата премиер, но во 1962 по внатрешни конфликти во БКП бил отстранет и репресиран, а во 1972 дури исклучен од редовите на БКП. Во 1980-те бил целосно рехабилитиран и во 1989 прогласен за Хероj на Народна република Бугариjа.

Извори[уреди]

  1. Политичка биографиjа на страницата на бугарското Народно собрание.