Пол Мекартни

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Сeр Пол Мекартни
Пол Мекартни на сцена во Прага, 6 јуни 2004.
Пол Мекартни на сцена во Прага, 6 јуни 2004.
Основни податоци
Родено име Џејмс Пол Мекартни
Роден(а) 18 јуни 1942
Англија Ливерпул, Англија
Жанр(ови) Рок
Рокенрол
Поп музика
Амбиентална музика
Класична музика
Занимање/ња пејач, текстописец, музичар, уметник, активист
Инструмент(и) Бас гитара, Пијано, Оргули, Гитара, Тапани, Укелеле, Ситар, Мандолина
Години активност 1957 – денес
Прод. куќа/ќи Hear Music
Parlophone Records
Capitol Records
Apple Records
CBS Records
EMI Music Group
Сродни групи Битлс
Вингс
Пожарникари
Веб-место PaulMccartney.com

Сер Џејмс Пол Макартни, МБЕ (роден на 18 јуни 1942 година) е иконски англиски пејач и текстописец, оскаровец и добитник на Греми награда, мулти-талентиран музичар кој стекнува слава како еден од основачите и членовите на легендарните Битлси. Макартни, заедно со Џон Ленон го формира едно од најуспешните и највлијателни кант-авторски дуа во музичката историја. По напуштањето на „Битлси“, Макартни започнува успешна кариера и како солист и како член на групата која ја формира заедно со својата жена Линда Макартни - Вингсшто значи крилја. Работи на филмска музика, компонира класични дела, а исто така и амбиентални мелодии.

Макартни е запишан во Гинисовата Книга на Рекорди како најуспешен музичар и композитор во историјата на популарната музика, со преку 60 дискови кои имаат достигнато златен и тираж и повеќе од 100 милиони продадени синглови. Неговата антологиска песна "Yesterday" е исто така дел од книгата како песна со најмногу кавери, која е пуштена повеќе од 7,000,000 пати на американската телевизија и радио. Синглот на Вингс од 1977 година "Mull of Kintyre" станува првиот сингл со повеќе од два милиони продадени копии во Велика Британија, и останува со епитетот најпродаван се до 1984, кога песната "Do They Know It's Christmas?", на Band Aid избива на првото место. Пол Макартни е еден од членовите на оваа група.

Покрај своето делување во рамките на музичката индустрија, Макартни е исто така сликар како и бранител на животинските права, вегетаријанството, и музичкото образование; активен е во кампањите против мините, против ловењето на фоки како и против осиромашувањето на земјите од Третиот Свет. Макартни е Член на редот на Британската Империја (МБЕ) од 1965, а одликуван е со титулата витез во 1997 година.

[уреди] Надворешни врски

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици