Џими Хендрикс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џими Хендрикс

Џими Хендрикс настапува на холандска телевизија во 1967 година
Биографски податоци
Родено име Џони Ален Хендрикс, преименуван во Џејмс Маршал Хендрикс
Роден(а) ноември 27, 1942(1942-11-27)
Сиетл, Вашингтон, САД
Починал(а) септември 18, 1970(1970-09-18) (на 27 год.)
Лондон, Англија
Жанрови Психоделичен рок, хард-рок, блуз-рок, есид-рок, фанк-рок
Занимања Музичар, текстописец, продуцент,
Инструменти Гитара, бас, синтисајзер, ударалки
Период на активност 1963–1970
Издавачи RSVP, Track, Barclay, Polydor, Reprise, Capitol, MCA
Соработници Little Richard, The Isley Brothers, The Blue Flames, The Jimi Hendrix Experience, Gypsy Sun and Rainbows, Band of Gypsys
Мреж. место

www.jimihendrix.com

Hendrix.svg
Потпис на Џими Хендрикс
Значајни инструменти
Fender Stratocaster, Gibson Flying V, Gibson SG

Џејмс Маршал "Џими" Хендрикс (27 ноември 1942 година, Сиетл, САД18 септември 1970 година, Лондон,Британија) е американски гитарист, композитор и пејач на рок и блуз музика, кој извршил огромно влијание врз развојот на рок музиката. Денес, кај рок критичарите постои консензус дека тој е најголемиот гитарист во историјата на рок музиката[1][2][3] и еден од највлијателните музичари на неговото време во различни жанрови.[4][5][6]

Хендрикс ќе остане забележан и како еден од најголемите иноватори во свирењето на електричната гитара. Така, тој претпочитал употреба на засилувачи со високо ниво на гласност и висока фреквенција со што помогнал во распространувањето на претходно неприфатената техника на ехото од гитарскиот засилувач.[7] Исто така, Хендрикс е заслужен за широката употреба на вах-вах педалата во рок музиката, која често ја користел во неговите соло изведби, особено со силно истегнување на жиците, сложено свирење гитара и употреба на легато. Како продуцент, Хендрикс ги поставил и темелите за користење на студиото за снимање како можност за проширување на неговите музички идеи. Бил меѓу првите кои експериментирале со стереофонични ефекти со промена на фази за снимање рок музика.

На Хендрикс влијаеле блуз изведувачи, како што се Би Би Кинг, Мади Вотерс (Muddy Waters), Хаулин Вулф (Howlin' Wolf), Алберт Кинг и Елмор Џејмс,[8][9][10][11] ритам и блуз и соул гитаристите Куртис Мејфилд и Стив Кропер, како и џез гитаристот Вес Монтгомери. Додека свирел и снимал со неговиот бенд од 1. март 1964 година до пролетта во 1965 година, Хендрикс (кој тогаш бил познат како „Морис Џејмс“) почнал да се облекува и да пушта мустаќи како Литл Ричард.[12][13][14] Во 1966 година, Хендрикс изјавил: „Сакам со мојата гитара да го правам истото што го прави Литл Ричард со неговиот глас.“[15]

Детството и младоста[уреди]

Џими Хендрикс е роден на 27 ноември 1942 година, во 10 часот и 15 минути, во Сиетл, државата Вашингтон, САД, како прво од петте деца на Џејмс Ал Хендрикс (James 'Al' Hendrix)[16] (10 јуни 1919, Ванкувер, Британска Колумбија17 април 2002 година, Рентон, Вашингтон) и Лусил Џетер (Lucille Jeter) (12 октомври 1925 година, Сиетл, Вашингтон – 2 февруари 1958 година, Рентон, Вашингтон).[17] Вистинското име му е Џони Ален Хендрикс (Johnny Allen Hendrix), а на четиригодишна возраст му го промениле името во Џејмс Маршал Хендрикс (James Marshall Hendrix). Имено, кога се родил Хендрикс, татко му бил војник на американската армија, стациониран во Форт Сил, Оклахома, пред да го испратат во Франција за време на Втората светска војна. Неговиот татко добил отпуст од Армијата на САД на 1 септември 1945 година и тогаш си го вратил својот најстар син и законски го преименувал во Џејмс Маршал Хендрикс во сеќавање на неговиот покоен брат, Леон Маршал Хендрикс.[18][19] Уште од раѓање меѓу пријателите и роднините бил познат како "Buster" (другар).[20] Хендрикс имал двајца браќа, Леон и Џозеф, и две сестри, Кети и Памела. Џозеф бил роден со физички проблеми и кога наполнил три години го оставиле во сиропиталиште. Неговите две сестри, исто така, биле оставени во сиропиталиште додека биле уште мали. Кети била родена слепа, а Памела имала помали физички проблеми.

На 17 декември 1951 година, кога Хендрикс имал девет години, неговите родители се развеле и оттогаш, Хендрикс само повремено се гледал со мајка му, која се разболела од цироза на црниот дроб, и починала на 2 февруари 1958 година[21] Хендрикс живеел во сиромашно и нестабилно семејство, заедно со татко му и со тетка му Долорес, а некое време поминал и кај баба му во Ванкувер, Канада, додека неговиот брат Леон привремено бил згрижен во сиропиталиште.[22] Хендрикс бил срамежливо и чувствително момче, значително погоден од сиромаштијата и раздвојувањето на семејството.[23] На четиринаесетгодишна возраст ја добил првата акустична гитара, купена настаро за 5 долари од познаник на татко му. Гитарата ги заменила метлата на која имитирал дека свири и укулелето што го нашол татко му додека расчистувал нечија гаража.[24][25][26] Хендрикс научил да свири со тоа што вежбал неколку часа на ден, гледал како други свират, добивал совети од поискусни гитаристи, и со тоа што слушал плочи. Во средината на 1959 година, неговиот татко му подарил електрична гитара од марката Супро озарк 1650Ѕ (Supro Ozark). Според неговите другари од бендот во Сиетл, најголемиот дел од неговите акробатски сценски движења, вклучувајќи го и свирењето со заби и зад грб, ги научил од друг млад музичар, Рали Снајпс – „Мачо“ (Raleigh "Butch" Snipes), гитарист на локалниот бенд Шарпс (The Sharps). Самиот Хендрикс повремено го изведувал и заштитниот знак на Чак Бери - „одење како патка“(duck walk).[27]

Првата свирка на Хендрикс била со неименуван бенд во подрумот на една синагога, храмот De Hirsch во Сиетл. По дивото свирење и истакнување, бил отпуштен на паузата. Во 1958 година, Хендрикс станал член на групата Велветонс (Velvetones), заедно со саксофонистот Лутер Раб (Luther Rabb), пијанистот Роберт Грин (Robert Green) и други, свирејќи секој петок на забавите што се приредувале во рамките на проектот за домување „Yesler Terrace Neighborhood House“. Во Сиетл, Хендрикс учел во Garfield High School, но во 1959 година го напуштил училиштето, по што некое време се бавел со ситен криминал. Во текот на 1960 година, Хендрикс свирел со групите Томкетс (Tomcats) и Рокинг кингс (Rocking Kings), кои имале редовни платени свирки во „Washington Hall“ и во „Birdland“.[28]

Во Армијата[уреди]

Хендрикс два пати имал проблеми со законот поради тоа што се возел во украдени автомобили. Му било дадено да бира помеѓу тоа да помине две години во затвор или да се приклучи во Армијата. Хендрикс го одбрал второто и стапил во војска на 31 мај 1961 година, во Форт Орд (Fort Ord), Калифорнија. По завршувањето на основната обука, бил назначен во 101 воздушнодесантна дивизија (101 Airborne Paratroopers Division) и стациониран во Форт Кембел (Fort Campbell), Кентаки како дел од елитниот одред „Screaming Eagles“. Неговите команданти и соборци го сметале за лош војник: спиел додека бил на должност, не ги почитувал правилата, постојано морало некој да го надгледува и не покажал никаква вештина како стрелец. Поради ова, по само една година служба, неговите команданти поднеле барање тој да биде ослободен од армијата и тој добил медицинско ослободување на 2 јули 1962 година.[29] Во рекреативниот центар на базата, Хендрикс го запознал војникот Били Кокс (Billy Cox) и во ноември 1961 година ја формирале групата Кинг кажуалс (King Kasuals), која најпрвин свирела во „Pink Poodle Club“, во Кларксвил, Тенеси, а подоцна во „Club del Morocco“, во Нешвил.

Почетоците на музичката кариера[уреди]

Откако бил отпуштен од армијата, Хендрикс и Били Кокс се преселиле близу Кларксвил, во државата Тенеси и почнале да заработуваат за живот, настапувајќи со својата група, претежно по евтини локали. Во овој период, Хендрикс почнал да свири со заби. Всушност, Хендрикс веќе отпорано го имал видено Буч Снајпс како свири со заби во Сиетл, а тогаш и Алфонсо „ Бејби Бу“ Јанг, другиот гитарист во групата, го правел истиот трик.[30] Подoцна, самиот Хендрикс изјавил: „... идејата да го правам тоа ми дојде во еден град во Тенеси. Таму на југот мора да свириш со забите, ако не, ќе пукаат во тебе. Има трага од скршени заби на целата сцена...“.[31] По некое време, групата се преселила на улицата Џеферсон - срцето на традиционалната заедница на црнциte во Нешвил и седиште на шареноликата ритам и блуз сцена.[32] Откако се доселиле во Нешвил, членовите на групата дознале дека веќе постои друга група со името The Casuals, па затоа го промениле своето име во King Kasuals.[33] Во текот на 1962 година, придружувајќи им се на поранешните членови на Боб Фишер & Барневилс (Bob Fisher & the Barnevilles), Хендрикс патувал низ Америка како поддршка на настапите на Марвелетс (Marvelettes) и на Кертис Мејфилд (Curtis Mayfield & The Impressions). Потоа, тој се преселил во Ванкувер, Канада каде што станал член на групата Боби Тејлор & Ванкуверс (Bobbie Taylor & the Vancouvers), приредувајќи редовни настапи во клубот „Dante's Inferno“.[34]

На почетокот на 1963 година, Хендрикс повторно се вратил на Југот. Потпомогнат од промоторот Џорџ Одел ("Gorgeous" George Odell), Хендрикс добил редовна работа како придружен музичар, свирејќи на турнеите на Сем Кук (Sam Cooke), Џеки Вилсон (Jackie Wilson) и други познати ритам ен блуз музичари. Во декември 1963 година, Хендрикс дебитирал на две сингл-плочи на Лони Јангблад (Lonnie Youngblood), снимени во Филаделфија. Чувствувајќи дека уметнички ја надраснал околината и незадоволен што мора да ги следи правилата на водачите на групите, Хендрикс решил да си ја проба среќата во Њујорк, каде што се сместил во хотелот Тереза во Харлем.[35] Таму ја запознал Литофејн Приџен (позната како „Феј“), која подоцна му станала девојка.[36] Во февруари 1964 година, Хендрикс освоил прво место на аматерскиот натпревар во тетарот Аполо. Еден месец подоцна, Хендрикс се запознал со Ајсли брадерс (Isley Brothers) со кои ја снимил песната „Testify“, како и неколку други песни. Потоа, Хендрикс свирел како придружен музичар на нивната турнеја, но ги напуштил кога пристигнале во Нешвил.[37] [38] Во текот на истата година, тој снимил и две сингл-плочи со Дон Ковеј & Гудтајмерс (Don Covay & the Goodtimers), а исто така, бил член на придружните групи на Сем Кук и на Литл Ричард (Little Richard).

1965 година, Хендрикс ја поминал на турнеи низ Америка како дел од придружните групи на Ајсли Брадерс, Литл Ричард, Кинг Куртис (King Curtis) и Џои Ди & старлајтерс (Joey Dee & the Starliters), а додека бил на турнеја со Литл Ричард, за време на еден настап во Лос Анџелес, Хендрикс свирел за новиот сингл на Роза Брукс „My Diary“.[39] Исто така, за време на престојот во Лос Анџелес, Хендрикс свирел и на последниот сингл на Литл Ричард за Vee-Jay, „I Don't Know What You've Got, But It's Got Me“.[40] Во јули истата година, Хендрикс го забележал првиот телевизиски настап во програмата "Night Train" на WLAC-TV Channel 5, каде како дел од придружната група на дуото Бади & Стејси (Buddy & Stacy), свирел гитара на песната Shotgun. Потоа, во текот на летото, Хендрикс им се вратил на Ајсли брадерс со кои ја снимил сингл-плочата „Move Over and Let Me Dance“, проследена со „Have You Ever Been Disappointed“ (Atlantic 45-2303). Во овој период, Хендрикс се наметнал како одличен придружен музичар, полека пробивајќи го патот во музичката индустрија. Така, на 8 август 1965 година, во едно писмо до татко му, Хендрикс напишал: [41]


Доколку се случи за три-четири месеци да слушнеш моја плоча што звучи ужасно, немој да се засрамиш, туку само чекај да протечат парите.


Есента 1965 година, во Њујорк, Хендрикс почнал да работи за Куртис Најт (Curtis Knight), откако претходно се запознал со него во хотелот „Америка“, близу Тајмс сквер, каде што и двајцата живееле во тоа време.[42] Во следните осум месеци, Хендрикс повремено настапувал со групата на Куртис Најт (Curtis Knight and the Squires),[43] а во октомври 1965 година, Хендрикс свирел на неговата сингл-плоча „How Would You Feel“ (RSVP 1120). Малку подоцна, на 15 октомври 1965 година, Хенрикс потпишал тригодишен договор за снимање со продуцентот Ед Чалпин (Ed Chalpin), добивајќи еден долар плус 1% од приходите остварени од продажбата на плочите. Овој непромислен договор ќе го прогонува Хендрикс уште многу години подоцна, создавајќи бројни правни проблеми за него и за неговите идни дискографски куќи.

Во текот на зимата 1965 и пролетта 1966 година, Хендрикс работел како студиски музичар на плочите на Реј Шарп (Ray Sharpe), групата „Ајсмен“ (The Icemen) и Оркестарот на Кинг Куртис (King Curtis Orchestra). На 5 мај 1966 година, Хендрикс ги придружувал Перси Слеџ (Percy Sledge), Вилсон Пикет (Wilson Pickett) и Естер Филипс (Esther Phillips), свирејќи на забавата по повод новиот албум на Перси Слеџ, што се одржала во „Prelude Club“ во Њујорк. Во овој период, Хендрикс го снимил дводелниот сингл „Help Me (Get the Feeling)“ со Реј Шарп и оркестарот на Кинг Куртис (Atco 45-6402) На крајот од 1966 година, Хендрикс исто така снимал и со Лони Јангблад, саксафонист кој повремено настапувал со Куртис Најт. Од овие настапи произлегле двете сингл-плочи на Јангблад: „Go Go Shoes“/„Go Go Place“ (Fairmount F-1002) и „Soul Food (That's What I Like)“/„Goodbye Bessie Mae“ (Fairmount F-1022). Освен тоа, во текот на 1966 година, Хендрикс свирел и на сингл-плочите на The Icemen „(My Girl) She's a Fox“/ „(I Wonder) What It Takes“ (SAMAR S-111) и на Џими Норман „You're Only Hurting Yourself“/„That Little Old Groove Maker“ (SAMAR S-112). Во овој период, Хендрикс ги добил првите признанија како композитор за две инструментални песни „Hornets Nest“ и „Knock Yourself Out“, објавени на сингл-плочите на Curtis Knight and the Squires (RSVP 1124).[44]

На 1 јуни 1966 година, Хендрикс (кој во тој период го користел името Џими Џејмс), формирал своја група The Blue Flame, составен од Ренди Палмер (бас гитара), Дени Кејси (тапани) и Ренди Вулф (ритам гитара).[45] Хендрикс и неговата група свиреле на неколку места во Њујорк, но нивното главно место било во „Cafe Wha?“ во Гринич Вилиџ (Greenwich Village). На 3 август 1966 година, по препорака од Линда Кејт (Linda Keith), девојката на гитаристот на Ролинг стонс (Rolling Stones), Кејт Ричардс (Keith Richards), басистот на Енималс (Animals), Чес Чендлер (Chas Chandler) дошол во клубот за да го види настапот на Хендрикс и, нудејќи му да биде негов менаџер, го наговорил да се пресели во Лондон. Имајќи предвид дека Хендрикс бил слабо платен за свирките во клубот (неговата група добивала само три долари по ноќ), тој лесно ја прифатил понудата.[46]


Лондон: Почетокот на славата[уреди]

The Jimi Hendrix Experience настапуваат на холандската телевизија во 1967 година

На 23 септември 1966 година, Хендрикс извадил пасош и заедно со Чендлер заминал за Лондон. Легендата вели дека за време на летот, Хендрикс одлучил да го промени начинот на којшто се пишува неговото име од Jimmy во Jimi. Во Лондон, Хендрикс се сместил во хотелот Hyde Park Towers, а набрзо започнал да свири во ноќниот клуб Scotch of St. James. На 29 септември 1966 година, Хендрикс го сретнал Ноел Рединг (Noel Redding), кој ден претходно се пријавил на аудицијата за гитарист на Енималс. Наскоро, Хендрикс започнал да вежба заедно со Рединг (кому Чендлер му ја позајмил својата бас-гитара), пијанистот на Нерон & гладијаторите (Nero & the Gladiators) - Мајк О'Нил (Mike O'Neill) и тапанарот Ајнсли Данбар (Aynsley Dunbar), со намера да формира група што ќе се вика Џими Хендрикс Eкспириенс (Jimi Hendrix Experienc), при што, името на групата го дал менаџерот на Енималс, Мајк Џефри (Mike Jeffrey).

Во исто време, Чендлер го запознал Хендрикс со гитаристот Ерик Клептон (Eric Clapton) и така се родило едно цврсто и пријателство што траело до смртта на Хендрикс. На 1 октомври 1966 година, Хендрикс настапил со новата група на Клептон, Крим Cream, на една свирка на Политехничката школа на централен Лондон (Central London Polytechnic), заедно свирејќи ја песната Killing Floor. На 5 октомври 1966 година, тапанарот Мич Мичел (Mitch Mitchell), кој три дена претходно ја напуштил групата Џорџ Фејм & Блу флејмс (George Fame & the Blue Flames), се пријавил на аудицијата за групата Џими Хендрикс Eкспириенс. Откако вежбале заедно неколку дена, на 11 октомври 1966 година, Хендрикс, Рединг и Мичел потпишале договор со менаџерската фирма ANIM Management. На 13 октомври 1966 година, во Еврe (Evreux), Франција, Џими Хендрикс Eкспириенс го имале првиот жив настап во салата Novelty, како предгрупа на францускиот пејач Џони Холидеј (Johnny Hallyday), кој го запознал Хендрикс две недели претходно. Врв на четиридневната турнеја бил настапот во Париз, во салата Olympia, на 18 октомври 1966 година.[47]

По враќањето од француската турнеја, на 23 октомври 1966 година, во лондонското студио De Lane Lea, Хендрикс ги снимил своите први самостојни песни: Hey Joe и Stone Free. Од 8 до 11 ноември 1966 година, Џими Хендрикс Eкспириенс одржале осум концерти во Минхен, свирејќи во клубот Big Apple за хонорар од 300 фунти. На 25 ноември 1966 година, групата на Хендрикс била претставена пред англиските медиуми, свирејќи во клубот Bag O' Nails, при што, на концертот присуствувале многу познати лица, вклучувајќи ги: Џон Ленон (John Lennon), Пол Макартни (Paul McCartney), Ерик Клептон, Пит Таунсенд (Pete Townshend) и Џими Пејџ (Jimmy Page). Подоцна, во декемврискиот број на музичкото списание Рекорд мирор (Record Mirror) се појавило првото интервју на членовите на Џими Хендрикс Eкспириенс. На 1 декември 1966 година, Хендрикс потпишал ексклузивен четиригодишен договор со менаџерската фирма Yameta, чии сопственици биле Мајк Џефри и менаџерите на групата Ху (Who) - Кит Ламберт (Kit Lambert) и Крис Стамп (Chris Stamp). На 16 декември 1966 година, Џими Хендрикс Eкспириенс за првпат настапиле на телевизија, во емисијата Ready Steady Go! која се прикажувала на каналот ITV. Истовремено, излегла првата сингл-плоча на групата - Hey Joe, во издание на Полидор (Polydor Records), откако претходно била одбиена од дискографската куќа Дека (Decca). На 26 декември 1966 година, во соблекувалната на клубот The Upper Cut, Хендрикс ја напишал една од своите најпознати песни - Purple Haze. Во овој период, Хендрикс полека, но сигурно, започнал да го пробива патот кон славата. Неговиот огромен потенцијал го согледале многумина од музичката индустрија, па така, на 31 декември 1966 година, во познатото музичко списание Mелоди мејкер (Melody Maker), новинарот Крис Велч (Chris Welch) го напишал следново:


Џими има одличен настап на сцената и исклучителна гитарска техника,која вклучува свирење со забите во многу прилики, како и свирење без раце. Изгледа дека Џими ќе биде едно од големите клупски имиња во 1967.[48]


Деновите на славата[уреди]

На 11 јануари 1967 година, во студиото De Lane Lea, Џими Хендрикс Eкспириенс ги снимиле песните: Purple Haze, 51st Anniversary и Third Stone from the Sun. На 24 јануари 1967 година, во познатиот лондонски клуб Марки (Marquee) се собрале рекордни 1 400 посетители за да ги видат Џими Хендрикс Eкспириенс, кои ги свиреле песните: Hey Joe, Stone Free, Like A Rolling Stone и Wild Thing. Во текот на јануари, групата свирела речиси секој ден низ лондонските клубови, а на 29 јануари 1967 година настапила во Saville Theatre, заедно со Ху и неколку други групи. На 4 февруари 1967, првиот сингл на групата Hey Joe се искачил на шестото место на британската топ-листа. На 2 март 1967 година, со својата свирка во клубот Марки, Џими Хендрикс Eкспириенс настапиле на германската телевизиска емисија The Beat Club. Малку подоцна, на 14 март 1967 година, групата потпишала петгодишен договор за дискографската куќа Репрајз (Reprise Records), вреден 1 милион долари, што било најголемиот износ што оваа куќа ја платила за некое ново музичко име.[49]

На 31 март 1967 година, Џими Хендрикс Eкспириенс ја започнале својата британска турнеја во траење до 25 денови, заедно со Вокер брадерс (Walker Brothers), Кет Стивенс (Cat Stevens) и специјалниот гостин Енгелберт Хампердинк (Engelbert Humperdinck). На првиот настап во Astoria Theatre во Лондон, Хендрикс ја запалил гитарата, здобивајќи се со мали изгореници на прстите, поради што бил однесен на болница. На 7 април 1967 година, за време на настапот во клубот АВС во Карлајл, Хендрикс си го пресекол стапалото. И на другите настапи за време на турнејата, тој се истакнувал со својот необичен сценски настап, оценет како премногу провокативен. На 6 мај 1967, вториот сингл на групата Purple Haze се искачил на третото место на британската топ-листа. Утредента, Џими Хендрикс Eкспириенс повторно настапиле во клубот Марки, но овој пат како водечка група. На 12 мај 1967 година излегол првиот албум на групата - Are You Experienced, снимен за само 16 денови и продуциран од Чес Чендлер. Плочата постигнала голем успех, искачувајќи се до второто место на топ-листата, каде што се задржала 33 недели. На 15 мај 1967 година, со настапот во Neue Welt, во Берлин, групата ја започнала својата прва европска турнеја, свирејќи низ Германија, Шведска, Данска и Финска. На 3 јуни 1967 година, песната The Wind Cries Mary се искачила на шестото место на британската топ-листа, со што Џими Хендрикс Eкспириенс нанижале три големи последователни хитови.[50]


Хендрикс на сцената во Стокхолм, Шведска, во 1967 година.

На 18 јуни 1967 година, групата го имала својот прв концерт во САД, настапувајќи на последната вечер од големиот Monterey International Pop Festival, каде што биле вклучени по инсистирање на Пол Макартни. Притоа, на крајот од свирката, Хендрикс ја запалил и ја искршил својата гитара и тоа предизвикало воодушевување кај публиката. Во почетокот на јули, тие одржале неколку концерти во Њујорк, а на 8 јули 1967 година, во Џексонвил (Jacksonville) ја започнале својата американска турнеја, заедно со групата Манкиз (Monkees). По само осум свирки, групата била исфрлена од турнејата поради бучната музика и познатиот сценски настап на Хендрикс. Подоцна, во врска со овие настани, во интервјуто за познатото музичко списание Њу мјузикал експрес (New Musical Express) од 29 јули 1967 година, Хендрикс го изјавил следново:


Некои родители кои ги донесоа своите мали деца се жалеа дека нашиот настап бил вулгарен. Ние сметавме дека се работи само за погрешна публика. Мислам дека тие ме помешале со Мики Маус.


Во текот на јули, групата одржала неколку концерти низ САД, а на 20 јули 1967 година, по дури 42 часа работа, во Њујорк ја снимиле песната Burning of the Midnight Lamp, на која придружните вокали се дело на групата на Арета Френклин (Aretha Franklin). На 18 август 1967 година, Џими Хендрикс Eкспириенс свиреле во познатата сала Холивуд Боул (Hollywood Bowl), но нивниот настап не предизвикал голем интерес. Оттука, кон крајот на месецот, групата се вратила во Британија, каде по четврти пат настапила во лондонскиот Saville Theatre. Притоа, на 9 септември песната Burning of the Midnight се искачила на осумнаесеттото место на британската топ-листа.[51]


На 21 септември 1967 година, на свечената церемонија, одржана во лондонскиот хотел Europa, Хендрикс ја примил наградата на списанието Мелоди мејкер за најдобар поп музичар во светот. На 25 септември, Џими Хендрикс Eкспириенс настапиле во познатата лондонска сала Ројал Алберт хол (Royal Albert Hall) на концертот одржан како поддршка на либералната партија. На 25 октомври 1967 година, групата влегла во студиото Риџент саунд (Reagent Sound Studios) во Лондон, каде го започнала снимањето на нивниот втор албум Axis: Bold As Love, при што Хендрикс употребил нови гитарски педали, нешто што подоцна ќе стане негов заштитен знак. На 14 ноември 1967 година, со концертот во Ројал Алберт хол, групата ја започнала својата британска турнеја во траење до 15 дена (свирејќи двапати дневно), свирејќи заедно со Пинк Флојд (Pink Floyd) и неколку други групи. На 22 декември, групата настапила на концертот под наслов Christmas on Earth Continued, одржан во лондонската сала Olympia, свирејќи заедно со Ху, Трафик (Traffic), Ерик Бардон & Енималс (Eric Burdon and the Animals), Пинк Флојд итн. На тој начин била заокружена нивната исклучително богата концертна активност во која, од нивното формирање пред една година, групата одржала речиси 200 концерти.[52]

Врвот на кариерата и почетокот на крајот[уреди]

На 4 јануари 1968 година, со концертот во "Lorensberg Cirkus", во шведскиот град Готенбург, Џими Хендрикс Eкспириенс ја започнале својата четиридневна скандинавска турнеја, промовирајќи го својот втор албум. За време на турнејата започнале да се јавуваат несогласувања меѓу членовите на групата и меѓу нив и менаџментот. Една ноќ, Хендрикс ја уништил својата хотелска соба поради што бил притворен, а утредента, во придружба на полицијата, директно од затворот бил спроведен на концертот. На 13 јануари 1968 година, албумот "Axis: Bold As Love" се искачил на петтото место на британската топ-листа. На 1 февруари 1968 година, со концертот во "Fillmore West" во Сан Франциско, Џими Хендрикс Eкспириенс ја почнале тримесечната турнеја низ САД, за која групата добила хонорар од 500 000 долари плус одреден процент од профитот. Поради лошиот глас на нивните сценски настапи, деканот на Бостонскиот колеџ го забранил концертот што требало да се одржи на 28 март во просториите на колеџот. Сепак, овојпат Џими Хендрикс Eкспириенс конечно станале популарни во САД и двата нивни албума влегле меѓу првите десет на американската топ-листа. На 12 февруари, групата одржала концерт во родниот град на Хендрикс, а утредента, тој се појавил во средното училиште во коешто учел, но таму бил примен со рамнодушност. На [25 февруари]] 1968 година, Хендрикс бил интервјуиран од страна на познатиот весник "Њујорк тајмс" (New York Times), а на 9 март, вториот албум на Џими Хендрикс Eкспириенс се искачил на третото место на американската топ-листа. На 5 април 1968 година, еден ден по убиството на Мартин Лутер Кинг, во њујоршкиот "Generation Club", Хендрикс одржал целовечерна свирка заедно со познатите блуз музичари Б.Б. Кинг (B.B. King) и Бади Гај (Buddy Guy). На 2 мај, во њујоршкото студио "Record Plant", Хендрикс ја снимил 15-минутната верзија на неговата позната песна "Voodoo Chile". Во овој период, тој работел на третиот албум Electric Ladyland, при што, поради честите кавги, тој го заменил Рединг со басистот Џек Кeсeди (Jack Casady), член на групата "Џеферсон Ерпплејн" (Jefferson Airplane). Исто така, на снимањето на албумот бил вклучен и клавијатуристот Стив Винвуд (Steve Winwood) од групата "Трафик".[53]


Кон крајот на мај 1968 година, Џими Хендрикс Eкспириенс одржале тридневна турнеја низ Италија, а на 30 и 31 мај свиреле во Цирих, заедно со неколку познати групи, како: Ерик Бардон & Енималс, Џон Мајалс Блузбрејкерс (John Mayall's Bluesbreakers), "Мув" (Move), "Трафик", "Смол Фејсис" (Small Faces) и други. На 6 јули 1968 година, групата настапила на првата вечер од дводневниот Woburn Music Festival, во близината на Лондон. Истиот ден, во Њујорк, Ед Чалпин започнал судски процес против Хендрикс, барајќи надомест од еден милион долари во текот на следните три години. Во текот на август и септември 1968 година, Џими Хендрикс Eкспириенс одржале 47 концерти во рамките на шестнеделната северноамериканска турнеја.

Во септември 1968 година излегол двојниот албум на Џими Хендрикс Eкспириенс - Electric Ladyland, кој го означил креативниот врв во кариерата на Хендрикс. Албумот бил одлично оценет од музичките критичари и постигнал голем комерцијален успех ширум светот. Паралелно со успехот на овој албум, и првиот албум на групата го пробивал својот пат во САД и на 5 октомври 1968 година, тој се искачил на петтото место на американската топ-листа. На 19 октомври, истата година, со преработката на песната на Боб Дилан (Bob Dylan) "All Along The Watchtower", Џими Хендрикс Eкспириенс се искачиле меѓу првите 20 места на американската топ-листа. Истовремено, Чес Чендлер ја напуштил менаџерската работа за групата. На 16 ноември 1968 година, албумот "Electric Ladyland" го достигнал првото место на американската топ-листа, со што Џими Хендрикс Eкспириенс конечно ја освоиле Америка. Меѓутоа, истиот ден, во едно интервју за музичкото списание "Мелоду мејкер", Хендрикс најавил дека Џими Хендрикс Eкспириенс ќе се распуштат кон крајот на годината, поради желбата на Мич Мичел и Ноел Рединг да продолжат по сопствен пат. Кон крајот на месецот, групата повторно се упатила на турнеја низ САД, при што, на 28 ноември 1968 година, одржале еден концерт во Њујоршката филхармониска сала, со што постанале првата рок група во историјата што свирела во таа сала. Во таа прилика, утредента, новинарот Роберт Шелдон (Robert Sheldon) напишал во "Њујорк тајмс":[54]


Сè почнува да добива смисла ако ја гледаме супер-ѕвездата, г-н Хендрикс, како голем класичен виртуоз. Тој ги кине жиците како што правел Паганини. Позира како што правел Лист. Дејствува во громогласни климакси како Бетовен.


На 30 ноември 1968 година, песната "All Along The Watchtower" се искачила на петтото место на британската топ-листа. Утредента, со концертот во Чикаго, Џими Хендрикс Eкспириенс ја завршиле четиримесечната турнеја низ Северна Америка, по што, групата привремено се распаднала, бидејќи Мич Мичел и Ноел Рединг си заминале во Британија, а Хендрикс останал во Њујорк. Еден ден по Божиќ, Хендрикс претрпел сериозна повреда, кинејќи неколку лигаменти, така што групата морала да го откаже предвидениот настап на Поп фестивалот во Утрехт, Холандија, закажан за крајот на месецот. Истовремено, на 7 декември 1968 година, албумот "Electric Ladyland" се искачил на петтото место на британската топ-листа. На 14 февруари 1969 година, во Лондон, Хендрикс ја примил наградата на "Disc and Music Echo" за најдобар музичар на светот, која му ја врачил Морис Гиб (Maurice Gibb), член на групата "Би Џиз" (Bee Gees). На 18 и 24 февруари истата година, во познатата лондонска сала "Ројал Алберт хол", Џими Хендрикс Eкспириенс ги одржале последните концерти во Британија. По тој повод, на 22 февруари 1969 година, новинарот Ричард Грин (Richard Green) напишал во списанието "Њу мјизикал експрес" (New Musical Express):[55]


Во неговото поле, тој е Сеговија или Манитас де Плата, само што неговата гитара е електрична.


На 18 март 1969 година, во њујоршкото студио "Record Plant", Хендрикс ја снимил химната на САД - "The Star Spangled Banner", која претходно со успех ја свирел на своите живи настапи. На 11 април истата година, Џими Хендрикс Eкспириенс започнале уште една турнеја низ Северна Америка при што, до крајот на турнејата, групата одржала 23 концерти. Притоа, како загревање настапувала новата група на Ноел Рединг - "Фет метрес" (Fat Mattress). На 3 мај 1969 година, Хендрикс бил уапсен при пристигнувањето на аеродромот во Торонто, Канада под обвинение дека поседувал хероин, но набрзо бил ослободен со кауција од 10 000 долари. На судското рочиште, одржано на 19 јуни, било наведено дека хемиската анализа потврдила дека Хендрикс навистина поседувал хероин и хашиш, со што, против Хендрикс било покренато формално обвинение.

На 20 јуни 1969 година, Џими Хендрикс Eкспириенс настапиле на големиот фестивал "Њупорт 69" (Newport 69), свирејќи за хонорар од 125 000 долари, што претставувало најголема цена платена за еден концерт во историјата на рок музиката. На 28 јуни, Хендрикс објавил дека неговиот поранешен војнички другар Били Кокс ќе биде нов басист на групата. Утредента, Џими Хендрикс Eкспириенс го одржале последниот концерт во оригиналната постава, свирејќи на последниот ден од тридневниот поп фестивал во Денвер, Колорадо. Потоа, басистот Ноел Рединг официјално ја напуштил групата, а Хендрикс го поминал летото во Њујорк, снимајќи нов материјал заедно со Били Кокс и тапанарот Бади Мајлс (Buddy Miles).[56]

Во потрага по нови музички хоризонти[уреди]

На 18 август 1969 година, во местото Бетел (Bethel), државата Њујорк, Хендрикс настапил на легендарниот фестивал Вудсток (Woodstock Music & Art Fair), придружуван од групата Џипси санс & рејнбоус (Gypsy Sons & Rainbows), составена од музичарите Мич Мичел, Били Кокс, Лари Ли (Larry Lee), Џума Сaлтан (Juma Sultan) и Џери Велез (Jerry Velez). Круна на неговиот настап на фестивалот била изведбата на американската химна.[57] Инаку, Хендрикс бил најскапо платениот музичар на фестивалот, со заработка од 32 000 долари, според известувањето на промоторите, додека, според други извори, неговиот хонорар изнесувал дури 125 000 долари.[58]

На 2 ноември 1969 година, во студиото Record Plant во Њујорк, Хендрикс започнал да снима со својата нова група, наречена Бенд оф џипсис (Band of Gypsys), во која членувале басистот Били Кокс и тапанарот Бади Мајлс. На 27 ноември 1969 година, по поминати три недели напорна работа во студиото, Хендрикс го прославил својот 27 роденден, посетувајќи го концертот на Ролинг Стонс (Rolling Stones) во њујоршката сала Медисон сквер гарден (Madison Square Garden). На 10 декември 1969 година, во судот во Торонто се одржал процесот против Хендрикс, при што, тој бил ослободен од обвинувањето за поседување хероин и марихуана. Неколку дена претходно, кога Хендрикс пристигнал во градот, тој повторно бил уапсен поради поседување хероин и поминал една ноќ во затворот.

На 31 декември 1969 и 1 јануари 1970 година, Бенд оф џипсис ги одржале своите први концертни настапи, свирејќи четири пати, при што, двата последни настапи биле снимени за потребите на живиот албум, кој бил издаден подоцна. На 28 јануари 1970 година, Бенд оф џипсис го одржале последниот концерт, свирејќи на Зимскиот фестивал за мир (Winter Festival For Peace) во њујоршката сала Медисон сквер гарден. Притоа, на средината од втората песна Earth Blues, Хендрикс ја напуштил сцената, со што нивниот концерт завршил неславно. Утредента, басистот Кокс се вратил во Нешвил. Во март 1970 година, на американскиот пазар се појавил истоимениот жив албум на Бенд оф џипсис. Како признание на неговиот единствен гитарски стил, на 5 март 1970 година, новинарот Крис Албертсон (Chris Albertson) од познатото џез списание Даунбит (Downbeat) напишал за Хендрикс:[59]


Се чини дека Хендрикс го пронаоѓа своето место и би можел да прерасне во најголемиот од новите блуз гитаристи.


На 25 април 1970 година, 20 000 гледачи се собрале во Инглвуд (Inglewood), Калифорнија на почетниот концерт од турнејата на Хендрикс наречена The Cry of Love (Една година подоцна, истоимениот албум се искачил на второто место на британската и на третото место на американската топ-листа). На турнејата, Хендрикс повторно настапувал под името Џими Хендрикс Eкспириенс, свирејќи повторно со басистот Били Кокс и тапанарот Мич Мичел. На 16 мај 1970 година, албумот Бенд оф џипсис се искачил на шестото место на американската топ-листа. За време на паузата во турнејата, на 15 јуни 1970 година, Хендрикс заминал во Њујорк, каде што во студиото Electric Lady започнал да го снима материјалот за својот нов двоен албум со работен наслов First Rays of the New Rising Sun, свирејќи заедно со членовите на групата Трафик - Стив Винвуд и Крис Вуд (Chris Wood). На 4 јули 1970 година, албумот Бенд оф џипсис се искачил на шестото место на британската топ-листа, а на 26 јули, Хендрикс за последен пат свирел и престојувал во родниот град Сиетл. На 26 август 1970 година, официјално било отворено студиото Electric Lady, а утредента, Хендрикс отпатувал за Лондон, со цел да свири на големиот рок фестивал на островот Вајт (Isle of Wight Festival). Два дена подоцна, на новинарот на списанието Мелоди мејкер - Рој Холингворт (Roy Hollingworth), Хeндрикс му ја дал следнава изјава:


Сè се заврти во полн круг. Сега се наоѓам повторно каде што почнав. На оваа музичка ера и дадов сè. Сè уште звучам исто, мојата музика е иста и во сегашнава состојба не можам да додадам ништо ново.


Овие зборови најдобро го покажуваат заморот што го чувствувал Хендрикс, но и желбата да заплови во некои нови, поинакви музички хоризонти. На 30 август 1970 година, во три часот по полноќ, Хендрикс се искачил на сцената на фестивалот на островот Вајт, одржувајќи го својот последен настап во Британија. Во текот на септември, Хендрикс одржал уште неколку концерти низ Шведска, Данска и Германија, а настапот на фестивалот Љубов и мир (Love and Peace Festival), одржан на 6 септември 1970 година на островот Фемарн (Fehmarn) во Германија, претставува последен концерт во неговата кариера.[60]

Смртта и раѓањето на легендата[уреди]

Двете згради кои го сочинувале хотелот „Samarkand“. Хендрикс починал во едeн од двата подрумски апартмани.

На 16 септември, во Лондон, Хендрикс одржал неформална свирка со Ерик Бардон, a потоа заминал на забава заедно со двајца познаници од музичката индустрија (продуцент и директор на издавачка куќа). На 18 септември 1970 година, од собата бр. 507 во хотелот Самарканд во Лондон, каде што била сместена девојката на Хендрикс - Моника Данеман (Monika Dannemann), било повикано амбулантно возило. Данеман повикала брза помош откако не можела да го разбуди Хендрикс. Болничарите го нашле Хендрикс како лежи неподвижен, со траги од повраќање околу устата, при што, било утврдено дека тој испил девет апчиња за спиење. Хендрикс бил одведен во болницата Св. Марија - игуменија (St. Mary Abbot), каде што било потврдено дека е мртов. Неколку дена подоцна било издадено официјално соопштение во кое било наведено дека Хендрикс умрел поради задушување предизвикано од повраќање, како резултат на труење и дека смртта настапила околу пет и половина наутро.

На 1 октомври 1970 година, во баптистичката црква Данлап (Dunlap Baptist Church) во Сиетл, каде што за време на детството на Хендрикс, неговата тетка свирела на оргули, била одржана погребната служба, а потоа Хендрикс бил погребан на гробиштата Гринвуд меморијал парк (Grееnwood Memorial Park) во блиското место Рентон (Renton). На неговиот гроб било напишано: "Засекогаш во нашите срца, Џејмс Џими Хендрикс, 1942-1970". Покрај другите, на погребот присуствувале членовите на Џими Хендрикс Eкспириенс - Мич Мичел и Ноел Рединг, како и Џони Винтер (Johnny Winter) и џез музичарот Мајлс Дејвис (Miles Davis).[61]


По смртта на Хендрикс, неговата популарност пораснала уште повеќе и на 21 ноември 1970 година, тој го забележал најголемиот комерцијален успех со песната Voodoo Chile, која се искачила на првото место на британската топ-листа. незапирливо започнал да расте митот за него како најголем гитарист на сите времиња и музичар кој извршил непроценливо влијание врз натамошниот развој на рок музиката. На тој начин, како да се потврдило она што Хендрикс го изјавил на 25 февруари 1969 година, во интервјуто за музичкото списание Мелоди Мајкер:[62]


Чуден е начинот на којшто повеќето од луѓето ги сакаат мртвите. Штом умреш, постануваш вечен. Мора да умреш пред луѓето да мислат дека вредиш нешто.


Како потврда на неговото значење за рок музиката, на 15 јануари 1992 година, за време на седмата годишна вечера, одржана во њујоршкиот хотел Валдорф-Асторија (Waldorf-Astoria), Хендрикс бил посмртно воведен во Рок ен рол хол на славата (Rock and Roll Hall of Fame), каде што бил претставен од Нил Јанг (Neil Young).[63] Исто така, во знак на почит кон својот сограѓанин, на 21 јануари 1997 година, во Сиетл била поставена статуа на Хендрикс, каде што тој е прикажан во една своја карактеристична поза - на колена, со гитарата в раце.

Истовремено, по смртта на Хендрикс започнале голем број судски процеси поврзани со правата врз неговите дела. Притоа, на 28 јули 1995 година, по двегодишна правна борба, во вонсудска спогодба вредна околу 70 милиони долари, Ал Хендрикс добил контрола врз музичкото творештво на неговиот син Џими. Претходно, со поддршка на Пол Ален, (Paul Allen), еден од основачите на Мајкрософт (Microsoft), Ал Хендрикс покренал тужба против адвокатот Лео Брантон за лошо раководење со авторските права на својот син. Подоцна, во 1999 година, Ал Хендрикс го започнал проектот за изградба на спомен-дом на Џими Хендрикс, во кој би биле сместени телата на членовите на целото семејство. [64] Во 2002 година, по смртта на Ал Хендрикс, неговата усвоена ќерка Џени започнала нова рунда на судски процеси против Леон, братот на Џими Хендрикс. Целата постапка завршила во 2005 година во полза на Џени.[65]


Мода[уреди]

„Ѕвонарките“ на Хендрикс изложени во „Hard Rock Cafe“, Холивуд

Хендрикс бил добро познат по неговото посебно чувство за мода и облека и неговата „боб-диланска“ фризура (околу 1966 година). Кога му го дале првиот авансен чек, Хендрикс веднаш тргнал по лондонските улици да бара облека во бутиците како „I Was Lord Kitchener's Valet“ и „Granny Takes a Trip“, и двете биле специјализирани за винтиџ облека. Купил најмалку две маскирни јакни, како и една стара хусарска јакна украсена со реси.[66]

На многу фотографии од Хендрикс може да се види дека тој носи разновидни марами, прстени, медаљони и брошови, а на почетокот од кариерата и значки (шпенадли или копчиња) што ја прикажувало неговата поддршка на хипи движењето или неговиот восхит кон Боб Дилан. На почетокот носел темен костум и обични свилени кошули кои постепено станувале сè „погласни“ и со сè попсиходелични шари. Подоцна му билe омилени светлосиниот и црвениот кадифен костум, старинските воени палта, костумот со широки пруги, свилените палта со психоделични шари, разновидните чудни елеци и пантолони во блескаво светли бои. На Монтереј, носел рачно бојадисано свилено палто од Крис Џегер (братот на Мик Џегер) и светло розов пердувест шал. На крајот од 1967 година почнал да носи шапка во вестерн стил (од марката „The Westerner“).[67]

Од крајот на 1968 година почнал да си врзува марами на едната нога и рака, а на средината од 1969 година ги заменил шапките со шарени траки. Сè повеќе носел неверојатни сценски костуми по порачка, со долги ракави кои му виселе, достигајќи го својот врв со облека во африкански стил за изведбата на „Fire Angel“, што ја носел најчесто на последната турнеја, „Cry Of Love“, сè додека не почнала да се распаѓа за време на концертот на „Isle of Wight“. Се појавил со овој изгледа само уште еднаш (само со палтото) на концертот во Орхус, Данска. Неговите пријателки Колет Мимрам, Стела Бенабоу ја креирале најзабелижетелната облека на Хендрикс - скратеното сино палто во кимоно стил, што го носел на три телевизиски појавувања, како и белото палто со реси, украсено со сини стаклени перли, што го носел на фестивалот „Вудсток“. [68]


Гроб[уреди]

Првичната надгробна плоча на Џими Хендрикс, ставена на гранитната основа на неговиот споменик на кој е планирано да се постави голема месингана статуа.
Гробот-споменик на Џими Хендикс во Рентон, Вашингтон


Телото на Хендрикс било вратено во Сиетл и бил погребан на гробиштата „Гринвуд мемориал парк“(„Greenwood Memorial Park“), во Рентон, Вашингтон. Како што растела популарноста на Хендрикс по неговата смрт, така почнала да се зголемува загриженоста дека обожавателите може да ги оштетат соседните гробови во Гринвуд, и сè поголемата и проширена фамилија на Хендрикс го поттикнувала татко му да направи поголемо место за споменик, одделен од другите гробни места во паркот. Споменикот бил најавен за крајот на 1999 година, но влошеното здравје на Ал Хендрикс довело до пречки, а во 2002 година, два месеца пред датумот на кој било предвидено да биде завршен, тој починал. Подоцна, истата година, останките од Џими Хендрикс, татко му Ал Хендрикс, и баба му Нора Роуз Мур Хендрикс биле преместени на новото место. На надгробната плоча има слика од гитарата Фендер стратокастер, инструментот по кој Хендрикс бил најмногу познат.

Споменикот е гранитна купола, поткрепена со три столба, под кои се закопани Џими Хендрикс и остантите членови од семејството. Автограмот на Хендрикс е впишан на секој од столбовите, а преку двата влеза со скали и еден влез за луѓе со инвалидитет, може да се дојде до центарот на куполата, каде што првичната надгробна плоча украсена со стратокастерот е поставена на пиедестал за статуа. Во продолжение на куполата се наоѓа гранитен сончев часовник со месинган гномон, заедно со уште над 50 семејни парцели кои ја опкружуваат централната структура, половина од нив се украсени со издигнати гранитни надгробни плочи.

Засега, споменикот е нецелосен: најавено е дека месинганите бордури за куполата и големата месингана статуа од Хендрикс се прават во Италија, но од 2002 година не е откриена никаква информација пред јавноста за статусот на проектот. Во мај 2006 година, градот Сиетл му оддал почит на Хендрикс со преименувањето на парк, во близина на училиштето Колман (Colman School) во Сентрал дистрикт (Central District).


Дискографија[уреди]

Иако кариерата на Хендрикс траела само неколку години, тој бил многу плоден музичар, така што зад себе оставил богат музички материјал. За време на својот живот, Хендрикс објавил само мал број плочи, но затоа пак, по неговата смрт, бројни издавачки куќи се натпреварувале во борбата да извлечат што поголем профит врз основа на неговото музичко наследство. Оттука, парадоксално, токму по смртта на Хендрикс, на пазарот се појавиле повеќе од 100 носачи на звук со снимки од неговите живи настапи и студиската работа. Поради тоа, многу е тешко да се направи целосен список на музичкото творештво на Хендрикс. Сепак, како позначајни и најпродавани негови остварувања се вбројуваат следниве:[69]

  • Hey Joe (сингл, 1966)
  • Purple Haze (сингл, 1967)
  • The Wind Cries Mary (сингл, 1967)
  • Burning Of The Midnight Lamp (сингл, 1967)
  • Foxy Lady (сингл, 1967)
  • Are You Experienced (албум, 1967)
  • Axis: Bold As Love (албум, 1967)
  • All Along The Watchtower (сингл, 1968)
  • Up From The Skies (сингл, 1968)
  • Electric Ladyland (албум, 1968)
  • Crosstown Traffic (сингл, 1968)
  • Voodoo Chile (сингл, 1970)
  • Band of Gypsys (албум, 1970)
  • Gypsy Eyes/Remember (сингл, 1971)
  • Freedom (сингл, 1971)
  • Dolly Dagger (сингл, 1971)
  • The Cry of Love (албум, 1971)
  • Rainbow Bridge (албум, 1971)
  • Experience (албум, 1971)
  • Jimi Hendrix At The Isle Of White (албум, 1971)
  • Johnny B. Goode (сингл, 1972)
  • In The West (албум, 1972)
  • War Heroes (албум, 1972)
  • Crash Landing (албум, 1975)
  • Midnight Lightning (албум, 1975)
  • The Jimi Hendrix Concerts (албум, 1982)
  • Jimi Plays Monterey (албум, 1986)
  • Live at Winterland (албум, 1987)
  • Radio One (албум, 1989)
  • The Last Experience Concert - His Final Performance (албум, 1990)
  • Cornerstones 1967-1970 (албум, 1990)
  • The Ultimate Experience (албум, 1992)
  • Blues (албум, 1994)
  • Jimi Hendrix - Woodstock (албум, 1994)
  • Voodoo Soup (албум, 1995)
  • First Rays of The New Rising Sun (албум, 1997)
  • South Saturn Delta (албум, 1997)
  • The BBC Sessions (албум, 1998)
  • Live at Fillmore East (албум, 1999)
  • Experience Hendrix - The Best Of Jimi Hendrix (албум, 2000)
  • Voodoo Child - The Jimi Hendrix Collection (албум, 2002)

Награди и признанија[уреди]

За време на својот живот и по смртта, Хендрикс освоил повеќе награди и признанија, кои го вборјуваат меѓу најзначајните личности во рок-музиката:[70]

  • Наградата на списанието Melody Maker за најдобар поп музичар во светот (21 септември 1967 година),
  • Наградата на списанието Rolling Stone за изведувач на годината (1968),
  • Наградата на Disc and Music Echo за најдобар музичар на светот (14 февруари 1969 година),
  • Вклучување во Rock and Roll Hall of Fame (1992),
  • Наградата Греми (Grammy) за животно остварување (1992),
  • Вклучување во Hollywood Walk of Fame (1994),
  • Вклучување во Grammy Hall of Fame за песната Purple Haze (1994),
  • Најдобар гитарист на сите времиња според изборот на Rolling Stone (2003),
  • UK Music Hall of Fame (2005),
  • Вклучување на албумот Are You Experienced во United States National Recordings Registry (2006),
  • Music City Walk of Fame (2007).


Книги за Хендрикс[уреди]

  • Kathy Etchingham, Through Gypsy Eyes, Victor Gollancz, 1998.
  • Johnny Black, Jimi Hendrix The Ultimate Experience, Carlton, 1999.
  • Rita J. Markel, Hendrix, Lerner, 2001.
  • Steven Roby, Black Gold - The Lost Archives Of Jimi Hendrix, Billboard Books, 2002.
  • Charles R. Cross, Room Full Of Mirrors - A Biography of Jimi Hendrix, Hyperion, 2005.
  • Sharon Lawrence, Jimi Hendrix - The Man - The Magic - The Truth, Harper Collins, 2005.
  • Rebecca Poole, Jimi Hendrix, Lerner, 2006.
  • Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009.


Надворешни врски[уреди]

http://www.jimihendrix.com/us/home Официјална интернет страница на Хендикс

http://www.google.com/images?hl=mk&source=hp&q=Jimi+Hendrix&btnG=Google+%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5&rlz=1R2ADFA_enMK381&oi=image_result_group&sa=X Фотографии на Хендикс


Наводи[уреди]

  1. „Hendrix Voted World's Best Guitarist“. Sky News. 7 август 2002. http://news.sky.com/skynews/Home/Sky-News-Archive/Article/200806412071472. конс. 11 април 2009. 
  2. Bossy, Michel-André; Brothers, Thomas; McEnroe. John C. (2001). „Artists, Writers, and Musicians: An Encyclopedia of People Who Changed the World“. Greenwood Publishing Group. стр. 85. ISBN 9781573561549. http://books.google.com/?id=r0SOzr_0Ya4C&pg=PA85&dq=Jimi+Hendrix+widely+considered. 
  3. Burrell, Ian. „Hendrix hits top note again as best guitarist in history“, The Independent, 28 август 2003 (конс. 11 април 2009).
  4. Kincheloe, Joe L.; Horn, Raymond A. (2008). „The Praeger handbook of education and psychology“. Greenwood Publishing Group. стр. 849. ISBN 9780313340574. http://books.google.com/?id=ZDRUDrFdSIsC&pg=PA848&dq=Jimi+Hendrix+widely+considered. 
  5. „Jimi Hendrix“. Encyclopedia Britannica. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/261208/Jimi-Hendrix. конс. 11 април 2009. 
  6. „Jimi Hendrix's Influence on Jazz“. All about Jazz.com. 5 септември 2008. http://www.allaboutjazz.com/php/news.php?id=22668. конс. 11 април 2009. 
  7. Shadwick, Keith (2003). „Jimi Hendrix, Musician“. Backbeat Books. стр. 92. ISBN 0879307641. 
  8. Egan, Sean (2002). „interview with Lonnie Youngblood“. „The Making of Are You Experienced“. A Cappella books. 
  9. Shadwick, Keith (2003). „Jimi Hendrix, Musician“. Backbeat Books. стр. 39. ISBN 0879307641. 
  10. Blues CD, MCA, sleeve notes by Jeff Hannusch, p. 2.
  11. A Film About Jimi Hendrix deluxe ed. DVD, Warner Bros. sp. feat: From The Ukelele to the Strat, Faye Pridgeon Interview.
  12. White, Charles (2003), pp. 125-132. The Life and Times of Little Richard: The Authorised Biography. Omnibus Press.
  13. White (2003), pp. 249-51.
  14. „Little Richard Timeline“. „Inductees“. Rock and Roll Hall of Fame. http://rockhall.com/inductees/little-richard/timeline/. 
  15. White (2003), p. 228.
  16. Harry Shapiro and Caesar Glebbeek, Jimi Hendrix: Electric Gypsy, St. Martin's Press, 1990, стр. 8–9.
  17. Steven Roby, Black Gold: The Lost Archives of Jimi Hendrix, Billboard Books, 2002.
  18. James A. Hendrix, My Son Jimi, AlJas Enterprises, 1999.
  19. BC Archives, Vital Event Index.
  20. James A. Hendrix, My Son Jimi, AlJas Enterprises, 1999, стр. 50.
  21. H. Shapiro and C. Glebbeek, Jimi Hendrix: Electric Gypsy, W. Heinemann Ltd., 1983.
  22. Charles R. Cross, Room Full Of Mirrors: A Biography Of Jimi Hendrix, Hyperion Books, 2005, стр.33–41.
  23. Mary Willix, Jimi Hendrix, Voices from home, Creative Forces, 1995, стр. 167.
  24. Jerry Hopkins, The Jimi Hendrix Experience, 1983, стр. 36–37.
  25. J. A. Hendrix, 1999, My Son Jimi, стр. 113.
  26. H. Shapiro and C. Glebbeek, Jimi Hendrix: Electric Gypsy, W. Heinemann Ltd., 1983, стр.28–29.
  27. Mary Willix, Jimi Hendrix. Voices From Home, Creative Forces, 1995, стр. 57, 63, 95, 137.
  28. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 24.
  29. „Jimi's Private Parts“. The Smoking Gun. http://www.thesmokinggun.com/archive/0803051jimi1.html. 
  30. Charles R. Cross, Room Full Of Mirrors: A Biography Of Jimi Hendrix, Hyperion Books, 2005, стр. 97.
  31. Melody Maker, January 3, 1969.
  32. Country Music Television, Climbing Aboard 'Night Train to Nashville', 2004.
  33. Prato, Greg. „Billy Cox. Biography“. Allmusicguide.com. архивирано од оригиналот на 30 септември 2007. http://web.archive.org/web/20070930035419/http://www.allmusic.com/artist/p67012/biography. конс. 12 февруари 2008. 
  34. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 26.
  35. Keith Shadwick, Jimi Hendrix, Musician, Backbeat Books, 2003, стр. 50.
  36. Joe Boyd, A Film About Jimi Hendrix, Warner Brothers, 1973
  37. Keith Shadwick, Jimi Hendrix, Musician, Backbeat Books, 2003, стр. 54.
  38. John McDermott, Eddie Kramer, and Billy Cox, Ultimate Hendrix, Backbeat Books, 2009, стр. 11.
  39. Keith Shadwick, Jimi Hendrix, Musician, Backbeat Books, 2003, стр. 55.
  40. Keith Shadwick, Jimi Hendrix, Musician, Backbeat Books, 2003, стр. 56–57.
  41. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 29.
  42. Shapiro and Glebeek, 1990, Electric Gypsy, стр. 95.
  43. Charles R. Cross, Room Full Of Mirrors: A Biography Of Jimi Hendrix, Hyperion Books, 2005, стр. 120.
  44. Gary Geldeart and Steve Rodham, Jimi Hendrix The Studio Log, Jimpress, 2008, стр. 22-24.
  45. Keith Shadwick, Jimi Hendrix, Musician, Backbeat Books, 2003, стр. 77.
  46. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 38.
  47. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 39-44.
  48. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, 45-54.
  49. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 58-64.
  50. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 68-76.
  51. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 79-87.
  52. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 87-92.
  53. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 98-109.
  54. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 110-123.
  55. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 123-130.
  56. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 132-138.
  57. Официјална интернет страница на Хендрикс
  58. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 141.
  59. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 145-155.
  60. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 156-166.
  61. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 168-175.
  62. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 131.
  63. Рок ен рол хол на славата
  64. Спомен-дом на Хендрикс
  65. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 178-181.
  66. Etchingham, K. (1998). „Through Gipsy Eyes“. V. Gollancz. стр. 71. 
  67. „EXHIBITIONS – Past Exhibitions“. empsfm.org. http://www.empsfm.org/exhibitions/index.asp?categoryID=20&ccID=50. конс. 22 септември 2010. 
  68. A film about Jimi Hendrix, from the ukelele to the strat.
  69. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 184-191.
  70. Luke Crampton, Dafydd Rees and Wellesley Marsh, Music Icons: Hendrix, Taschen, 2009, стр. 187.