Луис Армстронг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Луис Армстронг во 1953 г.

Луис Армстронг[1] (англ. Louis Armstrong; 4. јули 1900 — 6. јули 1971) бил американски џез музичар. Иако прво се прославил свирејќи труба, кон крајот на кариерата станал познат како пејач и бил еден од највлијателните џез пејачи.

Во текот на својата кариера станал најголем џез музичар, неоспорен водач на популарната музика на 20. век и една од најголемите фигури во историјата на музиката.

Армстронг го сакале не само поради неговиот трубачки талент, неверојатно чистото и продорно свирење на труба и специфичното рапаво пеење, туку и поради човечката топлина и великодушност, како и поради симпатичната особеност на „големо дете“ кое му се радува на животот и живее за музиката.

Забелешка[уреди]

  1. Многу биографи на Луис Армстронг тврделе дека неговото средно име е Даниел (Daniel), но тоа го негирал самиот Армстронг