Пау Гасол

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пау Гасол во дресот на Лејкерс (2013)

Пау Гасол Саез е шпански професионален кошаркар, роден на 6 јули 1980 година во Барселона. Висок е 2.13 метри и игра во НБА лигата за тимот на Лос Анџелес Лејкерс. Тој е син на Мариса Саез и Аугустин Гасол, а неговиот брат Марк Гасол е исто така НБА играч. Гасол беше продаден на Атланта Хокс, но правата ги имаше тимот на Мемфис Гризлис. Во Мемфис, Гасол станал клупски рекордер по бројот на одиграни натпревари, промашени удари, минути во игра, слободни фрлања, офанзивни и дефанзивни скокови, блокови и поени.[1] По седум поминати години во тимот на Гризлис, Гасол беше трампан во екипата од градот Лос Анџелес на 1 февруари 2008 година. Со Лејкерси освоил две шампионски титули (2009 и 2010).

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]