Чикаго Булс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чикаго Булс
Чикаго Булс лого
Конференција Источна Конференција
Дивизија Централна дивизија
Основан 1966
Историја Чикаго Булс
(1966–сегашност)
Арена Јунајтед Центар
Град Чикаго, Илиноис
Тимски бои               
Сопственик/ци Џери Раинздорф
Генерален менаџер Гар Форман
Тренер Том Тибодо
Шампиони 6 (1991, 1992, 1993, 1996, 1997, 1998)
Конференциски титули 6 (1991, 1992, 1993, 1996, 1997, 1998)
Дивизиски титули 9 (1991, 1992, 1993, 1996, 1997, 1998, 2011, 2012)
Пензионирани броеви 4 (4, 10, 23, 33)
Официјална веб-страница bulls.com
Kit body basketball.png
Дома jersey
Team colours
Дома
Kit body basketball.png
Гости jersey
Team colours
Гости


Чикаго Булс се професионален кошаркарски тим со седиште во Чикаго, Илиноис, кои играат во Централната Дивизија (Источна конференција) во Националната Кошаркарска Асоцијација (НБА). Тимот е основан 1966 година. Своите натпревари ги играат во United Centar. Тимот e познат по династијата од 1990-тите, која освои шест титули во последните осум години со два три-peats. Во сите шест титули беа предводени од Мајкл Џордан, Скоти Пипен, и тренерот Фил Џексон. Првите три титули во тимот беа вклучени и Бил Картрајт, Хорас Грант, Џон Паксон и Б-џеј Армстронг, додека другите три титули во тимот беа и Лук Лонгли, Стив Кер, Рон Харпер, Тони Кукоч и Денис Родман. Биковите во текот на 1995-1996 сезона остварија рекордни 72 натпвревари и се единствениот тим во историјата на НБА кој победил 70+ натпревари во една сезона. Во текот на 1990-тите, Булси помогнаа да се прошири популарноста на НБА низ целиот свет. НБА финалето во 1998, последната титула на Булси беше најгледано НБА финале на сите времиња. Биковите никогаш не изгубиле НБА финале во сите нивни шест финални настапи. Со освоени 6 НБА титули, Булси се трети на листата на тимови со најмногу титули зад Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс.[1]

ОД 2012 Чикаго Булс е третата највредна франшиза во НБА според Форбс, која изнесува 600 милиони долари. Булси исто така заработиле 59.4 милиони долари во 2011 година што ги прави втора највредна франшиза во НБА.[2] Мајкл Џордан и Дерик Роуз се единствените играчи на Булс кои ја имаат освоено титулата највреден играч на НБА додека играле за Чикаго Булс.


Историја за Франшизата[уреди]

Основање на тимот[уреди]

Чикаго булс се трета НБА франшиза од Чикаго, по Пакер-Зефирс ( Сегашните Вашингтон Визардс) и Стагс (1946-50). Основачот на Булс Дик Клејн беше единствениот сопственик кој играл професионално кошарка ( за Чикаго Американ Гиарс). Тој беше претседател и генерален менаџер на тимот во почетокот. Тимот започна да игра во НБА лигата во сезоната 1966-67 и ги постигна најдобрите резултати како нов тим во лигата во историјата на НБА. Предводени од поранешната НБА ѕвезда Џони ,,Ред’’ Керр и поранешниот НБА лидер во асистенции Гај Роџерс и Боб Бузер во нападот, Булс се квалифукуваа за во плејофот, што ги одвои како единствениот тим во НБА што во првата сезона се квалификувал во Плејоф.1966-1974: Успесите во почетокот Во првите две сезони тимот поголемиот дел од домашните натпревари ги играше во арената ,,Интернационалниот амфитеатар’’ пред да играат на стадионот ,,Чикаго’’.Подршката од навивачите беше на поразително ниво по четирите просечно одиграни сезони, од кој на еден натпревар од сезоната 1967-68 година официјаната посетеност била 891 присутен,а пак дури и одигрување на некои натпревари во Канзас Сити.Но откако Клејн се откажа од позицијата главен менаџер во 1969 година го покани Пет Вилијамс кој како бизнис менаџер на клубот ,,Севенти Сиксерс” со создавање промоции му помогна на тимот на Булс да премине како трет по посетеност на натпревари сезоната.Вилијамс го промени составот на играчи.Тој го донесе Чет Вокер за замена со Џим Вашингтон играч од неговиот поранешен клуб, и како избор на драфтот го одбра Норм Ван Лиер. Норм за жал таа сезона не заигра бидејќи беше продаден на тимот ,,Рочестер Ројалс’’, но шансата да заигра за Булс ја доби 1971 година.Вилијамс исто така ја создаде маскотата на Булс позната како Бикот Бени.Под водство на Вилијамс и Дик Мота како главен тренер Булс се квалификуваа на четири плејофа по ред и ја променија драстично посетеноста на натпреварите која достигнуваше до 10.000 присутни. Во 1972 година Булс постави рекорд од 57 победи и 25 изгубени натпревари.Во времето на седумдесетите тимот на Булс беше составен од Џери Слоан, Боб Лав и Чет Вокер во нападот, плејмејкерот Норм Ван Лиер и центрите Клифорд Реј и Том Боервинкел. Тимот на Булс во 1975 стигна до конференциското финале на кое изгуби од тимот на Голден Стејт Вориорс. По четири добро изиграни сезони Вилијамс се врати во Филаделфија, а неговата позиција ја презеде Дик Мота.Истата сезона беше поразителна за Булсите со само 25 победи.По оваа сезона Мота беше отпуштен и заменет со Ед Баџер.

1976-1984: Гилмор и Теус[уреди]

Артис Гилмор беше избран на АБА драфтот во 1976 година.Тој беше предводник на тимот, негови соиграчи беа Реџи Теус, Давид Гринвуд и Орландо Вулриџ.Во 1979 година ја изгубија шансата да изберат први играч на драфтот, но сепак се задоволија со изборот на вториот играч со име Давид Гринвуд.Истиот година на драфтот тимот на Лос Анџелес Лејкерс го избраа Меџик Џонсон. По замената на Гилмор во тимот на Сан Антонио Спарс за центарот Дејв Корзин, Булс создадоа силен напад со присуството на Теус во нивните редови.Во наредниот период доаѓаат уште двајца играчи кои исто така имале голем придонес во нападот Квентин Дејли и Енис Ватли.Покрај се, тимот се соочуваше со лоши резултати и реши да направи промена со продажбата на Реџи Теус на тимот Канзас Сити Најтс во текот на сезоната 1983-84 година. 1984-1998: Ерата на Мајкл Џордан Летото 1984 година тимот на Булс ја измени својата иднина засекогаш со тоа што го доби третиот избор на играч на драфтот 1984 год. по тимовите на Хјустон и Портланд кои ги добија првиот и вториот избор на играч.Тимот ,,Рокетс’’ го избраа Хаким Олаџувон, ,, Блејзерс’’ го избраа Сем Боуви, а пак тимот на Булс го избра Мајкл Џордан со позиција бек. Тимот со ново оформеното раководство на сопственикот Џери Рајнсдорф и генералниот менаџер Џери Краус одлучи да направи целосна реконструкција на тимот, со што Џордан беше во преден план. Џордан постави рекорди во франшизата уште во неговите дебитантски години, трет играч во лигата по погодени поени и четврт во украдени топки.Тој уште во првата година се избори и ги одведе Булс на Плејофот таа сезона, но за жал изгубија во првото коло од тимот на ,,Милвоки Бакс’’.Тој за неговиот труд таа година беше почестен со две награди, место помеѓу вториот тим на најдобрите играчи во НБА (All-NBA Team-second team) и наградата за најдобар најмлад играч во лигата. Во наредната сезона тимот го купи играчот Џон Паксон кој играше на позицијата организатор на игра, и на денот на драфтот Булс направи договор со тимот Кливленд за крилниот центар Чарлс Окли. Овие играчи заедно со Џордан и центарот Дејв Корзин придонесоа многу за нападот на тимот во наредните две години. По повредата на стапалото на почетокот на сезоната 1985/86 година Џордан заврши втор по погодоци во тимот по соиграчот Вулриџ. Џордан се врати во Плејофот, Булс го заземаа осмото место и се соочија со тимот на ,,Бостон Селтикс’’ предводени од Лери Брд. Во тоа време Булс беа петти во најлош рекорд за влез во Плејофот од сите тимови на лигата. Иако Булс изгубија, Џордан забележа плејоф рекорд со постигнување на 62 поени во еден натпревар од плејофот (Овој рекорд се уште не е соборен), поточно на вториот натпревар против Селтикс тоа коло.Играчот од Селтикс Лери Брд изјавил за тој натпревар дека Господ бил маскиран како Мајкл Џордан. Во сезоната 1986/87 година, Џордан го продолжи својот напад на книгите со рекорди во НБА, со просек од 37.1 поен по натпревар и првиот играч од тимот Булс кој бил избран помеѓу најдобрите играчи во лигата (All-NBA First Team).Булс ја завршија таа сезона со резултат од 40 добиени и 42 изгубени натпревари кој беше добар за квалификување во Плејофот. И покрај тоа тие беа поразени повторно од Селтикс во плејофот. На драфтот 1987 година Краус го одбра центарот Олден Полинис осми по оценки и крилниот центар Хорас Грант десети по оценки.Додека сеуште траеше изборот на играчи, Полинис кој не беше заиграл за Булс беше продаден во тимот од Сиетл.Со ова тимот на Булс го доби правото на избор на Скоти Пипен со позиција крило. Со Паксон и Џордан во одбрамбената зона, Бред Селерс и Окли во напаѓачките редови, Корзин како силен центар и младите играчи Пипен и Грант влегуваа во игра како измени , Булс таа сезона направи голема фама со 50 добиени натпревари и влез во полуфиналето од Плејофот во источната конференција, каде за жал беа поразени од тогашниот шампион на истокот ,,Детроит Пистонс’’ во пет натпревари. Како и да е, за своите напори Џордан беше повторно награден со најголемата и најпрестижната награда во НБА, наградата за највреден играч. Истата награда тој ќе ја добие уште четири пати во неговата кариера. Оваа сезона исто така и го забелжува ривалството кое заполнало помеѓу Пистонс и Булс во 1988 година. Сезоната 1988/89 год. исто така забележи големи промени како претходната во периодот пред почетокот на сезоната.Познатиот крилен центар Чарлс Окли, кој беше предводник во лигата по скокови во одбрана и напад сезоните 1987 и 1988 год, ноќта на драфтот 1988 година беше заменет во тимот на ,,Њу Јорк Никс’’ заедно со право на избор на играч на драфтот, кое Никс го употребија за Род Стрикленд. За возврат Булс го добија центарот Бил Картврајт и избор на играч од првото коло на драфтот, со кој го земаа центарот Вил Пердју во своите редови.Како дополнителна промена на тимот, Булс го купија и Крег Хоџес специјалистот за тројки од тимот на Феникс. Новата петорка која се состоеше од Паксон, Џордан, Пипен, Грант и Картврајт имаше време да се разигра.Без разлика на се тимот имаше помалце победи од претходната сезона, но сепак стигна до финалето на источната конференција од Плејофот беа повторно поразени во шест одиграни натпревари од шампионот Детроит Пистонс. Во сезоната 1989/90 год. , Џордан беше најдобар стрелец во низа од четири сезона. Истата сезона Скоти Пипен му се приклучи во екипата на најдобрите играчи.Таа сезона имаше и голема промена во редовите на раководтсвото, каде што главниот тренер Даг Колинс беше заменет со асистентот Фил Џексон.На драфтот таа сезона Булс ги одбраа дебитантите Стејси Кинг со позиција центар и Б. Џ. Армстронг со позиција организатор на игра. Со овие играчи и почетната петорката од минатата сезона, Булс повторно стигнаа до конференциското финале каде што беше играна и дури седми натпревар, но сепак Булси немаа среќа и изгубија и на ова финале. Во сезоната 1990/91 год. Булс влегоа силно со една цел.Тие повторно поставија рекорд од 61 победа, буквално се прошетаа низ плејофот и во конференциското финале го победија ривалот Детроит Пистонс.Во финалето Булс се сретнаа со Лос Анџелес Лејкерс, предводени од Меџик Џонсон.По пет одиграни натпревари Булс беа победници.


1990-1993: Први три титули во низа[уреди]

Наредната сезона, односно 1991/92 год. Булс ја освоија повторно титулата.Оваа сезона тие повторно поставија нов рекорд од 67 победи во регуларниот дел од сезоната. Во финалето таа година играа со тимот ,,Портланд Треил Блејзерс’’ предводени од Клајд Дрекслер во регуларни шест одиграни натпревари Булс беа доминантни и ја освоија титулата повторно. Во наредната сезона 1992/93 година, Булс го направија она што ниеден тим по Селтикс во 60-те, трета титула по ред соочувајќи се со годинешниот највлијателен играч Чарлс Баркли од редовите на ,,Феникс Санс’’. Победата ја круниса Џон Паксон со што погоди тројка со само 3,9 секунди преостанати за игра во 6 натпревар, што заврши со резултат 99-98 и победа на Булс.


1993-1995:Првото пензионирање на Џордан[уреди]

Есента 1993 година Џордан ја шокираше кошаркарската заедница со изјавата за негово пензионирање, неколку месеци откако тој дознал за убиството на неговиот татко. Булс тогаш беа предводени од Скоти Пипен, кој себе си се постави меѓу најдобрите играчи во лигата со освојувањето на наградата за највреден играч на Ол Стар (All-star games) натпреварите 1994 година.Тој беше потпомогнат во играта од Хорас Грент и Б.Џ Армстронг кои таа сезона беа за прв пат одбрани за Ол Стар (All-star games) натпреварите.Останатиот дел од екипата на Булс беше составен од Картврајт, Пердју, Пит Маерс со позиција бек и дебитантот од Хрватска Тони Кукоч. И покрај 55-те победи на Булс во сезоната 1993/94 година, тие изгубија од Никс во втората рунда од плејофот, по свирнувањето на контраверзен прекршок од страна на судијата Хју Холинс во петиот натпревар меѓу Булс и Никс. Тимот на Никс евентуално таа сезона стигна до финалето, но за жал загуби од тимот ,,Хјустон Рокетс’’.Следната сезона, односно 1994/95 година Булс ја забележија со заминување од стадионот во Чикаго кој беше нивни дом цели 27 години, тие го преселија клубот во Јунајтед центарот (United Center). Во 1994 година Булс ги заврши договорите со Хорас Грент, Бил Картврајт и Скот Вилијамс, а пак Џон Паксон замина во пензија.Тие како замена ги земаа Рон Харпер со позиција бек за кој се зборуваше дека е класа на играч како Џордан и Џод Бушлер со позиција крило. Булс во тогашниот состав ги имаше Армстрон и Харпер во одбранбените позиции, Пипен и Кукоч во позициите за напад и Пердју како центар.Покрај оваа петорка тие како замени ги имаа Стив Кер кој имаше многу прецизен шут, а тимот го донесе во своите редови пред сезоната 1993/94 година, Маерс и центрите Лук Лонгли (кој беше купен од тимот ,,Минесота Тимбервулвс’’ 1994 година) и Бил Венингтон.И покрај добрата екипа тимот се соочуваше со кризен период сезоната, но на 17 Март 1995 година добија новост дека Мајкл Џордан ќе се врати од пензија.На само петиот натпревар од неговото враќање, Мајкл погоди 55 поени против Никс и го обезбеди пласманот Булс во плејофот каде го вознемири тимот ,,Шарлот Хорнетс’’.По неколку победи во првиот дел од плејофот, тие се соочија против тогашниот шампион, тимот ,,Орландо Меџик’’ каде што играа Хорас Грен, Анферне Хардавеј и Шекил O’Нил.Булс за жал не успеаа да ги победат тој плејоф.Кога Џордан се врати од пензија тој на првите неколку натпревари го носеше дресот со број 45 ( број на дрес со кој што играл во дебитантските години во универзитетската лига и втората лига). Тој го одбрал бројот 45 поради тоа што неговиот постар брат Лери го носел тој број во средно школо, а пак Мајкл сакал да биде барем пола успешен од тоа што бил брат му. Затоа тој го избрал бројот 23 што доаѓа како пола од 45 ( односно 22.5). Мајкл овој дрес со број 45 го носел само неколку натпревари, бројот 23 го сменил кога го играле вториот натпревар против Орландо Меџик тој плејоф. Во наредната предсезона, Булс го завршија договорот со Армстронг, и Краус го продаде Вил Пердју на тимот ,,Сан Антонио Спурс’’, за агресивниот и контраверзен специјалист во скокови во напад и одбрана Денис Родман кој ги освоил титулите за скокови четири години во низа.Тој е познат и како поранешен член на тимот ,,Детроит Пистонс’’ често нарекуван ,,Лоши момчиња’’ кој бил главен непријател на Булс во касните 1980-ти години.

1995-1998: Вторa низа на титули[уреди]

Харпер, Џордан, Пипен, Родма и Лонгли како прва петорка и Кер, Кукоч, Венингтон, Бушлер и Ренди Браун како измени, Булс поставија една од најдобрите подобрувања во лигата во рок од една сезона и најдобриот рекорд во натпревари за една сезона, промена од добиени 47 и изгубени 35 натпревари на 72 добиени и 10 изгубени кој е сеуште најдобриот рекорд во НБА лигата. Џордан ја доби по осми пат наградата за погодени поени, Родман за петти пат наградата за скокови, додека Кер ја заврши сезоната како втор во погодени тројки во лигата.Џордан таа сезона ја собра наградата за највреден играч три пати, за време на регуларната сезона, за време на Ол Стар натпреварите и во Финалето.Краус беше назначен за менаџер на годината, Џексон за тренер на годината и интернационалецот Кукоч беше прогласен за најдобар шести човек на годината. Пипен и Џордан таа година беа избрани во првиот тим на (All-NBA). Повторно Пипен и Џордан заедносо Родман беа избрани за одбранбениот прв тим на (All-NBA), со што Булс беа првиот тим во историјата со три играчи во одбранбениот прв тим на (All-NBA). Покрај тоа, во 1995/96 година тимот има забележано други рекорди, како што се 33 добиени и 8 изгубени натпревари на гостински терен во регуларна сезона, најдобар почеток на еден тим во НБА со 41 победа и 3 изгубени натпревари, најдолгиот период без пораз на домашен терен (44 натпревари, 7 од минатата сезона), најдобар почеток на сезона на домашен терен со 37 победи и без порази. Булс исто така поставија и рекорд на втор тим во историјата по одиграни натпревари на домашен терен со 39 победи и 2 изгубени натпревари, пред нив во овој рекорд биле тимот на Селтикс во сезоната 1985/86 година со резултат од 40 побери и 1 изгубена на домашен терен.Булс таа година триумфирале над Гери Пејтон и Шон Кемп кои биле дел од тимот на ,,Сиетл Суперсоникс’’, со што тимот ја добил четвртата титула. Тимот на Булс од сезоната 1995/96 година е познат како еден од најдобрите тимови во историјата на кошарката. Во сезоната 1996/97 година Булс за многу малце не ја одбележија втората сезона во низа со 70 победи во сезона.Тие загубија на последните два натпревари во регуларниот дел од сезоната и ја завршија сезоната со резултат од 69 победи и 13 порази.Тие ја повторија доминантноста на домашен терен со резултат од 39 победи и 2 порази во Јунајтед центарот.Таа сезона тимот ја освои повторно титулата, петта по ред ,играјќи во финалето против тимот ,,Јута Џез’’ кој ги имаше Џон Стоктон и Карл Мелоун во своите редови.Џордан таа година ја освои деветтата по ред титула во погодени поени, а Родман ја освои титулата во скокови по шестти пат.Тие заедно со Роберт Периш кој исто така беше член на Булс во тоа време беа почестени со место меѓу најдобрите 50 играчи во историјата на НБА, при што истата година и НБА лигата ја слави својата 50-та сезона. Сезоната 1997/98 година беше немирна сезона за НБА шампионот Булс. Како дел од проблемите беа многуте гласини за повторно заминување на Џордан, иднината на Фил Џексон како главен тренер беше исто во прашање, и односот помеѓу Џексон и генералниот менаџер на тимот Џери Краус кој создаваше вознемирување во тимот.Скоти Пипен очекуваше значително продолжување на договорот што самиот мислеше дека го заслужува, а пак не го добиваше од организацијата. Покрај сите проблеми и препреки, Булс имаа беспрекорна сезона со резултат во регуларниот дел од сезоната од 62 победи и 20 порази.Џордан повторно беше назначен за највреден играч во лигата по петти и последен пат, и Булс влегоа во плејофот како фаворит од источната конференција. Во првиот дел од плејофот Булс играа против ,, Њу Џерси Нетс’’, тимот предводен од Кендал Гил и Сем Касел.Булс ги победија Нетс во три натпревари во низа.Нареден предизвик за Булс во плејофот беа ,,Шарлот Хорнетс’’ тимот кој што им приреди малце поголем отпор, но сепак на крајот Булс победија.По Нетс и Хорнетс, Булс во конференциското финале се сретнаа со ,,Индијана Пејсерс’’, каде што се одиграа шест регуларни натпревари на кој Булс имаше победи на домашен терен, и беше одигран и седми решавачки натпревар каде што Булс ги победија Пејсерс со резултат од 88-83. Со ова Булс го освоија Источното конференциско финале по шестти пат. Булс во финалето со тимот од минатата година, со Јута Џез кој беа предводени од Карл Мелоун познат како Поштарот и Џон Стоктон.Џез оваа година чуствуваа сигурност дека можат да ги победат Булс со победа на првиот одигран натпревар во Делта центарот во Јута.На вториот меѓусебен натпревар Булс победија на гостински терен со што го израмнија резултатот. Наредните два натпревари, односно третиот и четвртиот Булс ги одиграа на домашен терен каде ги добија и двата натпревари.Петтиот натпревар се одигра повторно во Делта центарот каде што Џез победија. Шестиот натпревар беше многу тежок подеднакво за двата тима, Џез преовладуваа на теренот за време на поголемиот дел од натпреварот, но затоа Булс го имаа искусниот Џордан во своите редови кој ги врати Булс во живот во последните мигови од натпреварот.Булс губеа со разлика од 3 поени на кој Џордан возврати со продорен двочекор каде што ја врати разликата на само еден поен.Во наредната акција Џордан ја украде топката од Карл Мелоун и го промени резултатот во полза на Булс 87-86. Со само 5.2 секунди преостанати за игра Џез пробаа да се вратат во игра со шут од тројка од странана Џон Стоктон кој промаши, со што Булс ја освоија осмата титула.По овие тешки натпревари во финалето, Џордан е прогласен за највреден играч во финалето за шестти пат во неговата кариера.Тој на 13 Јануари 1999 година се пензионира по втор и последен пат.

1999-2004: Шест тешки сезони[уреди]

Летото 1998 година донесе изненадувачки крај на шампионската ера.Краус имаше чуство дека екипата е веќе стара и не може да победува.Тој одлучи дека како единствени опции на тимот се, да го обнови тимот или соочување на тимот со бавно опаѓање.Планот на Краус беше да ги продаде играчите кои се веќе возрасни и да донесе нови таленти со избор на драфтот, додека ја ослободи и зголеми касата на тимот, со што ќе се купат некои слободни надежни играчи.На оваа идеја Краус добил вето од сопственикот на тимот Џери Реинсдорф, но затоа по одреден период тој го заменува Скоти Пипен за Рој Роџерс и дополнително право на избор на играч на драфтот таа година.Краус одбил да го продолжи договорот со Денис Родман и ги заменил Лук Лонгли и Стив Кер за да добие право за избор на повеќе играчи на драфтот. Тој го вработил Тим Флојд како нов тренер, по заминувањето на Фил Џексон.По краток прекин на сезоната 1998/99 година тимот на Булс играл со првата петорка која била предводена од страна на Ренди Браун како организатор на игра, Рон Харпер во позиција на бек, новиот играч Брент Бери во позиција на крило, Тони Кукоч како крилен центар и Бил Венингтон како центар. Кукоч го преводел тимот во поени, скокови и асистенции, но сепак тимот потфрлил и победил само на 13 натпревари од 50 одиграни.Таа сезона Булс доживелае рекорд во историјата на НБА за најмалку дадени поени во еден натпревар, односно 49 поени во натпреварот против тимот ,,Мајами Хит’’ на 10 Април.Во наредната сезона тимот го добива крилниот центар Елтон Бренд на драфтот, но пак ги загуби Харпер, Венингтон и Бери од клупата на Булс во периодот пред почетокот на сезоната.Таа сезона Кукоч се соочи со повреда која го спречи да игра поголемиот дел од сезоната, со што тимот беше предводен од Бренд и Рон Артест. И покрај тоа, тимот ја заврши сезоната со катастрофален резултат од 17 победи и 65 порази. Овој тренд на опаѓање на тимот продолжува и во наредните сезони каде што се прават измени на тимот, но сепак со неуспех да се врати победничкиот дух на Булс. Како освежување на тимот во наредните сезони беа донесени Џамал Крафорд, Бред Милер, Рон Мерсер, Маркус Физер, Тајсон Чендлер. Во 2001 тимот прави драстична замена на Мерсер,Артест,Милер и Кевин Оли во редовите на Индијана Пејсерс, а за возврат ги доби ветеранот Џален Роуз,Трејвис Бест и Норман Ричардсон.Измена истата година имаше и во местото на главен тренер каде што беше избран Бил Картврајт (поранешен играч).Таа сезона заврши со слаб резултат.Во наредните две сезони тимот започнува да ги зголемува победите, не драстично, но сепак се гледал прогрес во екипата.Нови играчи во наредните две сезони биле дебитантот Кирк Хајнрих, враќањето на Скоти Пипен, Еди Кари и Антонио Дејвис. Во сезоната 2003/04 година главниот тренер Бил беше отпуштен и заменет со поранешниот тренер на Феникс, Скот Скилс.Играч кој се издвојувал во овој период на тимот бил дебитантот Кирк Хајнрих кој имал одлични резултати.

2004-2007:Враќање во плејофот[уреди]

За време на предсезоната 2005/06 Булс на драфтот ги одбраа играчите Луал Денг и Крис Духон, и потпиша договор со интернационалецот Андрес Ночиони, кој покажал одлични резултати во Аргентинскиот национален тим. По лошиот старт на Булс со 9 порази, со подобрување во редот на одбраната и одлична игра од Гордон. Булс таа сезона завршија со резултат од 47 победи и 35 порази како трет тим во источната конференција, со што влегоа повторно во Плејофот по заминувањето на Џордан. Таа сезона Бен Гордон беше назначен за најдобар шестти играч, награда која во редовите на Булс беше последен пат освоена од страна на Кукоч во 1996 година.Таа сезона тимот се квалификува во плејофот, каде што беа поразени во првиот дел од Мајами Хит. На НБА драфтот 2006 година, Булс го избраа Ламаркус Алдриџ кој веднаш беше заменет со тимот Портлант Треил Блејзерс за играчите Тајрус Томас и Виктор Крајапа со крилни позиции. Летото 2006 година Бен Валас потпиша договор со Булс вреден 60 милиони долари во траење од 4 години, со што Тајсон Чендлер беше продаден и се прогласи крајот на Краусовата ера во Булс.Сезоната 2006/07 Булс имаше одличен резултат од 49 победи и 33 порази. Како противник во плејофот го доби тимот на Мајами Хит повторно, но овој пат Булс беа победници. Тоа беше прва победа во плејофот по заминувањето на шампионската генерација.Како нареден противник во плејофот беше стариот ривал на Булси, Детроит Пистонс. Овие два тима се сретна повторно во плејофот по далечната 1991 година. Пистонс во натпреварите беа доминантни, со што тимот на Булс загуби.


Состав[уреди]

Име Години Држава Височина Позиција
Марко Белинели 27  Италија 196 cm бек
Карлос Бузер (капитен) 31 Flag of the United States.svg САД 206 cm крилен центар
Џими Батлер 23 Flag of the United States.svg САД 201 cm бек/крило
Даекван Кук 26 Flag of the United States.svg САД 196 cm бек шутер
Луол Денг (капитен) 28  Велика Британија 206 cm крило
Таж Гибсон 27 Flag of the United States.svg САД 206 cm крило
Ричард Хамилтон 35 Flag of the United States.svg САД 201 cm бек шутер
Кирк Хајнрих (капитен) 32 Flag of the United States.svg САД 193 cm плејмејкер
Назр Мохамед 35 Flag of the United States.svg САД 208 cm центар
Јоаким Ноа (капитен) 28  Франција 211 cm центар
Владимир Радмановиќ 32  Србија 208 cm крило
Нејт Робинсон 28 Flag of the United States.svg САД 175 cm плејмејкер
Дерик Роуз (капитен) 24 Flag of the United States.svg САД 191 cm плејмејкер
Маркис Тигју 20 Flag of the United States.svg САД 188 cm бек
Малколм Томас 24 Flag of the United States.svg САД 206 cm крило

Наводи[уреди]

  1. Top 10 Teams in NBA History, NBA.com, проверено на 10 мај, 2008.
  2. The Business of Basketball“, „Forbes“ (конс. 24 февруари, 2013).

Надворешни врски[уреди]