Центар (кошарка)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шекил О'Нил

Центар е назив за позиција на играч во кошарката. Оваа позиција е резервирана за играчи со голема сила и висина. Често во кошаркарската терминологија за позицијата центар се кажува и „петка“.

Една од основните улоги на овој играч е игра во рекетот, како во фаза на напад така и во одбраната. Меѓутоа во поновото време ваквите играчи доста често завршуваат во акции и надвор од рекетот. Во одбраната, покрај својата висина и сила покрај тоа што ги чува играчите со истата позиција, мора да го покрие рекетот и да го брани од влез на играчи од други позиции. Во зависност од личниот квалитет на играчот на оваа позиција може да биде основна подлога на екипата како во нападот така и во одбраната.

Еден од најпознатите играчи на оваа позиција бил Карим Абдул-Џабар, а тука е и Шекил О'Нил (повеќе не се занимава професионално со кошарката)

Позиции во кошарката
Бекови Basketball half-court 1. Организатор на игра
2. Бек
Крила 3. Крило
4. Крилен центар
Центар 5. Центар
Капитен | Тренер