Света земја
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Поимот Светата земја (арап.: الأرض المقدسة, al-Arḍ ul-Muqaddasah; староарамејски: ארעא קדישא Ar'a Qaddisha; хербрејски: ארץ הקודש Erets HaQodesh; лат.:Terrae Sanctae), географски се поврзува со источното крајбрежје на Медитеранот, односно регионот на денешните земји Израел, Палестина и Либан. Оваа област, односно местата во неа, се од големо религиозно значење за неколку монотеистички религии: Јудеизмот, Христијанството, Исламот и Бахаизмот. Најзначајниот град во Светата земја е Ерусалем кој е најсветиот град во јудеизмот и во христијанството, и трет најсвет град во исламот.
Светоста на оваа област била идеолошка подлога за Крстоносните војни и повторните муслимански освојувања. И денес конфликтот помеѓу Израел и Палестина е делумно поврзан со религиозните убедувања во врска со контролата над Светата земја.
Голем број аџии ја посетуваат Светата земја секоја година.