Тјудорски период
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
1485–1603
„Алегорија на Тјудорската династија“ (детал), припишано на Лукас де Хере (~1572). |
|
| Претходен | Плантагенетски период |
|---|---|
| Следен | Елизабетански период
|
| Тјудорски период | |
|---|---|
| Елизабетански период | |
| Стјуардски период | |
| Јакобински период | |
| Каролински период | |
| Џорџијански период | |
| Регентство | |
| Викторијански период | |
| Едвардијански период | |
Тјудорскиот период е историски период помеѓу 1485 и 1558 год. во англиската историја. Тој соодветствува со владеењето на династијата Тјудори (Tudor). Поимот се користи и пошироко, вклучувајќи го владеењето на кралицата Елизабета I (1558 – 1603), но понекогаш ова време се смета за посебно, наречено Елизабетанско доба.
Содржина |
Здравје [уреди]
Тјудорските општини била компаративно мали и пренатрупани. Калдрмисаните улици биле тесни и нечисти заради отворената канализација крај нив, носејќи нечистотии кон првата река. Стаорците и мувите биле сеприсутни, со тоа ширејќи зарази како тифус и чума. Само мал број на жители достигнувале возраст од 40 години, а децата често умирале пред да наполнат 5 години.
Дом и храна [уреди]
Богатите дворци на село. Овие биле многу големи зданија со до 150 души послуга. Куќите имале многу оџаци за многуте камини кои требале да ги топлат огромните простории и за готвење на храна за богатите гозби, кои имале и по десет јадења. Тие редовно јаделе срнешко месо, косови и чучулиги, но ретко јаделе компир бидејќи во тоа време компирот бил нова храна и ретко кој ја одгледувал. Како засладувач се употребувал медот; шеќерот бил ретко достапен, но кога го имало се ставал во сета храна, заклучно со месото. Сиромашните никогаш не јаделе шеќер и компири и реко јаделе месо. Понекогаш фаќале зајци и риби, но главно јаделе леб и зеленчуци како зелка и репи.
Образование [уреди]
Посиромашните деца не оделе на училиште. Поимашните семејства вработувале приватни учители кои ги учеле децата читање и француски јазик. Момчињата често биле праќани во манстирски училишта каде учеле главно латински и веронаука во класови од по до 60 души. Училишниот ден траел од утро до мрак, а учителите често ги тепале децата. Аристократијата имала посебни учители за секое дете.
Разоноди [уреди]
Богатите оделе во лов и се натпреварувале во мечување и витешки двобој. Сиромашните гледале борби со мечки, кучиња и сл, и играле ран облик на рагби. Луѓето оделе и во театар и гледале претстави од автори како Вилијам Шекспир, Бен Џонсон и други.
Во овој период започнала Англиската реформација со т.н. Хенриевска реформација.
Видете исто така [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Тјудорска кујна - од Британската Библиотека (англиски)

