Маргарита Тјудор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Маргарита Тјудор
Margaret Tudor.jpg
Кралица на Шкотска
На престол 24 јануари 1502 – 9 септември 1513
Spouse Јаков IV
1503 - 1513
Арчибалд Даглас
1514 - 1527
Хенри Стјуард
1528 - 1552
Деца
Јаков
Артур
Јаков V
Александар Стјуард
Маргарита
Династија Династија Тјудор
Татко Хенри VII
Мајка Елизабета Јоршка

Маргарита (англиски: Margaret Tudor; 28 ноември 1489 - 18 октомври 1541) била англиска принцеза и кралица на Шкотска како сопруга на шкотскиот крал Јаков IV.

Родена е во Ричмондската палата во Лондон како најголема ќерка на англискиот крал Хенри VII и неговата сопруга Елизабета Јоршка. Според договорот од 1502 година помеѓу Англија и Шкотска, Маргарита во 1503 година била венчена со шкотскиот крал во Единбург. По смртта на нејзиниот татко, на англискиот престол застанал нејзиниот брат Хенри VIII. Во текот на ова владеење, односите помеѓу двете кралства значително се влошиле. Хенри долго време немал машки потомок кој би го наследил на тронот. По ова, Маргарита станала потенцијален престолонаследник на англискиот трон. Таа постојано го обедувала на својот сопруг да не војува со Англија, но во 1513 година тој ја нападнал Англија и на бојното поле починал.

По неговата смрт, за наследник бил избран Јаков V, кој бил малолетен. На негово место, како регент управувала неговата мајка Маргарита. Но англиското потекло на новиот кралски регент, како и нејзиниот втор брак со Арчибалд Даглас започнале да создаваат омраза кај шкотското население. Како резултат на ова, регенството и било одзедено во 1515 година. По притисок од папата, во 1527 година таа се развела, а неколку месеци по ова се омажила за Хенри Стјуард.

Починала од срцев удар во 1541 година.