Томас Кромвел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томас Кромвел
Thomas Cromwell
Портрет од Ханс Холбајн Помладиот, 1532–3
Роден(а)1485
Путнеј, Англија
Починал(а)28 јули 1540
Лондонска кула, Англија
Занимањелорд канцелар
ВераРимокатоличка, подоцна Англиканство
СопружникЕлизабета Вакс
ДецаГрегориј Кромвел
РодителиВолтер Кромвел

Томас Кромвел (англиски: Thomas Cromwell, 1st Earl of Essex) бил англиски државен деец, кој работел и творел во времето на Хенри VIII. Во почетокот на неговата кариера, тој бил обичен трговец во Италија и Холандија. Во 1513 година се вратил во Лондон и станал адвокат. Благодарение на кардиналот Томас Вулзи, во 1523 година бил избран за член на парламентот. По погубувањето на Вулзи, тој во 1523 година бил назначен за лорд канцелар, а по една година и државен секретар. Во времето на Англиската реформација, Кромвел зел активно учество за спроведување на реформите наложени од страна на кралот.

Во 1539 година, со цел да ја зближи Англија со германските протестанти, тој го убедил на Хенри VIII да се ожени за Ана Клевска. Големиот заговор кој бил наложен против него довело до негово паѓање од власта, по кое бил осуден за државна измама и ерес, и побубен.