Фердинанд Манлихер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фердинанд Манлихер
Роден(а) Фердинанд Манлихер
јануари 30, 1848(1848-01-30)
Мајнц, Големото Хесенско Војводтство
Починал(а) јануари 20, 1904(1904-01-20) (на 55 год.)
Виена, Австроунгарија
Занимање Пронаоѓач

Фердинанд Ритер фон Манлихер (герм. Ferdinand Ritter von Mannlicher), (30 јануари 1848, Мајнц, Германија - 20 јануари 1904 Виена, Австрија) — инженер и конструктор на оружје. Се прославил со патентирање на пушкатаМанлихер-Шенауер“ (популарно наречена „Манлихерка“) со вртлив магацин заедно со Ото Шенауер.

Во 1887 му бил доделен Орден на железната круна III класа. Во 1892 се здобил со титулата Ритер фон ('витез од') заради неговото претходно облагородување. Во 1899 бил доживотно поставен за пратеник во Австрискиот Горен дом.

Манлихеровиот успех се должел на неговите пушки со затворач. За да видиме колку бил пред своето време, треба само да ги погледаме неуспешните нацрти за автоматски пушки. Европската воена муниција не била доволно робусна за да се испалува од автоматска пушка или митралез. Според ВХБ Смит во „Mauser, Walther and Mannlicher Firearms“, „Манлихер 1885“ станал инспирација за „Гаранд“, а „Манлихер 1900“ со 'краткотактен клип' бил инспирација за „Винчестер М1 Карабина“.

Патенти[уреди]

Надворешни врски[уреди]