Емануел Ласкер
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Емануел Ласкер (германски: Emanuel Lasker), (24 декември 1868 - 11 јануари 1941) е шахист кој станал светски шампион по победувањето на првакот Вилхелм Штајниц во 1894. Тој успеал да ја задржи титулата за 27 години што е се` уште рекорд. За време на неговата шаховска кариера тој сепак нашол време да докторира во математиката во универзитетот Ерланген во 1900.
Во шахот Ласкер бил тактичар и голем борец. Во многу од неговите игри успеал да претвори инфериорна позиција во негов корист. Не само во офанзивата, тука и во играње одбрана немал рамен. Се` до неговите последни години (седумдесетите), иако повеќе не бил шампион, бил ценет како добар шахист и тогашните прваци се`уште стравувале од играње со него, како на пр., Хозе Раул Капабланка.
[уреди] Извор
Бурџес, Нан и Емс, 2004, Светските најзначителни шаховски игри, Робинсон Паблишинг, Лондон. ISBN 1-84119-905-2
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |