Исак Асимов
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Исак Асимов, (руски јазик: Исаак Юдович Озимов, англиски: Isaac Asimov) (2 јануари 1920 &ndash 6 април 1992) бил американски писател на научна фантастика и биохемичар со еврејско-руско потекло. Роден е во Петрович во Смоленската област, СССР. Со родителите емигрирал во САД на 3 години. Дипломирал хемија на универзитетот Колумбија во 1939 година, а докторирал во 1948.
Асимов на престол, со симболи кои го прикажуваат неговото животно дело (слика на Ровена Морил)
Умрел од Сида бидејќи во 1983 година бил заразен со ХИВ вирус преку трансфузија за време на операција на срце. Тој факт бил објавен дури 10 години по неговата смрт.
Асимов бил долгогодишен член на Менса. Астероидот 5020 Асимов бил крстен во негова чест.
Познати се и неговите Три закони на роботиката:
- I закон - Робот не смее да повреди човек, ниту да неделува со што би дозволил да се повреди човек.
- II закон - Робот мора да ги следи наредбиде кои ги добива од луѓето, со исклучок на оние кои го прекршуваат првиот закон.
- III закон - Робот мора да ја штити сопствената егзистенција, со исклучок на случаи кои се спротиставуваат на I и II закон.
Надворешни врски[уреди]
- asimovonline.com — Официјален веб-сајт
- asimovonline.com — Каталог на издадени книги

