Валиде султан
| Валиде султан на Османлиска империја | |
|---|---|
| Поранешна политичка функција | |
| Flag of the Ottoman Empire | |
| Ајше Хафса султан | |
| Претходник | Создадена |
| Наследник | Укината |
| Прв функционер | Ајше Хафса султан |
| Последен функционер | Рахиме Пересту |
| Звање | Валиде султан ефенди |
| Резиденција | Топкапи сарај Јилдиз |
| Назначител | Мајка на османлискиот султан |
| Постоела од | 1522 |
| Постоела до | 1904 |
| Сегашен претендент | Укината |
Валиде султан (османлиски: والده سلطان) е титула на мајката на османлискиот султан. Титуата е еквивалент на западната мајка кралица и источната мајка царица или ипмератрица.
Позицијата на Валиде султан е втора по важност во османлиската хиерархија по онаа на самиот султан. Како мајка на султант таа имала големо влијание врз управувањето на империјата. Во текот на 17 век качувањето на редица од неспособни султани било причина власта да падне во рацете на Валиде султан, поради кое овој период од османлиската историја се нарекува Султанат на жените.
До првиот отомански калиф Селим I, кој го зел знамето на пророкот од египетските мамелуци и го однел во Константинопол, титулата на мајката на султанот била хатун, а во времето на неговиот син Сулејман I била воведена титулата валиде.