Султанат на жените

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Историја на Отоманска империја
Грб на Отоманската империја
Дел од серијалот
Подем (1299–1453)
Интеррегнум
Територијално проширување (1453–1683)
Стагнација (1683–1827)
Женски султанат
Копрулска ера
Ерата на лалињата
Пад (1828–1908)
Танзиматска ера
Прва уставна ера
Распаѓање (1908–1918)
Поделба (1918–1922)

Отоманска империја Portal
 п • р • у 

Султанат на жените (турски: Kadınlar Saltanatı) е период од 130 години од историјата на Отоманската Империја кога жените во харемот имале голема улога во креирањето на политиката на земјата. Овој период започнал во времето на Сулејман Величествениот кога се оженил со Хурем султан или Рокселана. Друѓи жени кои имале голема улога во управувањето на империјата биле Нурбану султан, сопруга на Селим II и мајка на Мурат III, Косем султан како сопруга на Ахмед I и мајка на Мурат IV и Ибрахим I, и Турхан Хатиџе султан како сопруга на Ибрахим I и мајка на Мехмед IV.

Според некои историчари, овој период бил причината за слабеењето на империјата и нејзино распаѓање. Овие години од развојот на Отоманската империја се поврзуваат и со внатрешен измени кои се случиле во системот на наследство на османлиската власт. Долги години управувањето на империјата преминувало кај најстариот член во династијата. До смртта на Сулејман немало промени во начинот на наследување на тронот. По неговата смрт принцовите започнале многу повнимателно да ги назначуваат за владетели на провинциите, и во многу случаи биле испраќани само најголемите од нив. Кон крајот на 16 век повторно се вратил стариот начин на наследување на тронот, но односите на таткото султан и синот шехзаде значително се промениле, додека пак се засилила врската меѓу мајката на султанот и самиот султан. во овој период дошло до значителна промена на османлискиот однос кон жената а самиот харем бил претворен во основна институција на власта.