Јени џамија (Истанбул)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џамија Јени (Нова џамија)
Yeni Camii
Основни податоци
МестоИстанбул, Турција
Координати41°01′03″N 28°58′07″E / 41.01750° СГШ; 28.96861° ИГД / 41.01750; 28.96861
Припадностислам
ЕпархијаЗлатен Рог
Осветен1597
Архитектонски опис
Архитект(и)Давид Ага, Далгик Ахмед, Мустафа Ага
Архитектонски типџамија
Завршен1665
Особености
Висина на куполата (надв.)36 метри
Пречник на куполата (внат.)17.5 метри
Минариња2
Материјалигранит мермер

Јени џамија или Нова џамија (турски: Yeni Camii) — џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Џамијата се наоѓа на брегот од Златниот Рог, веднаш до мостот Галата и е една од најпосетуваните во градот. Оваа џамија е четврта по големина во градот. Лејди Монтагу оваа џамија ја опишала како најубавата која ја видела во животот. Првото име на џамиајта било Јени Валиде џамија, а подоцна станала позната само како Јени џамија.

Историја[уреди | уреди извор]

Изградбата на џамијата траела 66 години, од 1597 година по наредба на сопругата на султан Селим II, Сафије. Набргу по започнувањето на изградбата на џамијата, главниот архитект на проектот Давид Ага починал, и ова било причината нејзината изградба да прекине. Освен ова, избраното место се сметало дека не било погодно за изградба на толку голема џамија. Проблемот се наоѓал кај нејзините темели, кај кои удирале водите од заливот. Во тоа време, нивото на водата достигала до три метри. По ова реонот бил погоден и од земјотрес, кој дополнително го отежнал проектот. Џамијата била скоро разрушена од пожар во 1660 година. Конечно, во 1665 година џамијата била изградена од страна на архитектот Мустафа Ага.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Како проект, оваа џамија многу приликува на џамија Шехзаде и Султанахмедова џамија. Висината на куполата изнесува 36 метри, а внатрешниот пречник на куполата изнесува 17,5 метри. Куполата стои врз неколку столбови. Од сите четри страни, главната купола е обиколена од полукуполи. За разлика од останатите џамии, Јени џамија содржи и мали куполи во своите агли. На овој начин, џамијата добива облика на пирамида. Бројот на куполите и полукуполите е 66 на број.

Од двете страни на фасадата се наоѓаат две минариња. Портата во џамијата е украсена со натпис, кој посакува на посетителите добро здравје, а на заслужените вечност. Во дворот се наоѓа фонтана во осумаголна форма. Камените блокови биле донесени од островот Родос за изградба на џамијата.

Внатрешноста на џамијата е доста декоративна. Во средишниот простор се наоѓаат четири големи столбови, кои ја држат главната купола. Внатрешноста е украсена со сини, зелени и бели плочки.

Комплекс[уреди | уреди извор]

Како и останатите императорски џамии, и оваа била изградена како кулије, односно комплекс од соседни структури за верските потреби. Оригиналниот комплекс, освен џамијата содржал и болница, училиште, турска бања, турбе, две јавни чешми и пазар. Во времето на Ахмед III била изградена и библиотека.

Пазарот опстојува и денес, и е познат како Египетска чаршија, една од поголемите туристички атракции во Истанбул.

Во мавзолејот, односно во турбето се наоѓаат гробовите на Турхан Хатиџе султан , нејзиниот син Мехмет IV како и гробовите на пет идни султани (Мустафа II, Ахмет II, Махмут I, Осман III и Мурат V).

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Фароки, Суријах (2005). Предмети на султанот: Култура и секојдневниот живот во Отоманското Царство. I B Tauris. ISBN 1850437602.
  • Фрили, Џон (2000). Водич низ Истанбул. W. W. Norton & Company. ISBN 0393320146.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°1′1.25″N 28°58′17.3″E / 41.0170139° СГШ; 28.971472° ИГД / 41.0170139; 28.971472