Турхан Хатиџе султан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Турхан Хатиџе султан

Reconstructed scene of a Vâlide Sultân and her attendants in her apartments at Topkapı Palace
Роден(а) Надја
1628
Починал(а) 1683
Народност Украинка
Познат(а) по Регент на Османлиската Империја
Вера Православие, подоцна Ислам
Сопружник Ибрахим I
Деца Мехмед IV

Турхан Хатиџе султан (1628 - 1683) била една од Хасеки султан на османлискиот султан Ибрахим I (владеел 1640-1648) и мајка на неговиот наследник Мехмед IV (владел 1648-1687).

Од наложница до Валиде[уреди]

Турхан Хатиџе султан била родена како Надја, и се смета дека имала украинско потекло[1]. Таа била заробена од страна на Татарите и предадена во ропство. Кога имала околу 12 години била однесена во Топкапи сарај во Константинопол како подарок на мајката на Ибрахим I, Косем султан[2]. Најверојатно Косем ја дала на Ибрахим како наложница. На 2 јануари 1642 година таа родила син, идниот Мехмед IV[3]. Но однесувањето на Ибрахим довело до негово симнување од престолот на 8 август 1648 година[4], а по неколку дена бил удавен. На чело на Отоманската Империја застанал Мехмед IV. По качувањето на престолот, според традицијата местото Валиде султан требало да припадне на неговата мајка, но на Турхан не и било дозволено главно поради нејзиното неискуство и младост. Наместо тоа, бабата на султанот и претходната Валиде, односно Косем султан била вратена на оваа позиција. Таа ја имала оваа функција претходно кога нејзините два сина биле на престолот.[5].

Сепак Турхан започнала борба за својата позиција која и следувала и била подржана од главниот црн евнук и големиот везир, додека Косем била подржана од јаничарскиот корпус[6]. Во оваа борба за власт, Косем планирала детонизација на Мехмед и негова замена со уште помалиот нејзин внук, бидејќи сметала дека со новата кандидатка ќе може полесно да се контролира[6]. Планот на Косем не успеал и Косем била убиена, а Турхан Хатиџе станала регент на својот син.

Валиде и регентство[уреди]

По смртта на нејзината најголема ривалка, таа станала Валиде султан. Како регент на нејзиниот малолетен син се стекнала со голема моќ. Таа го придружувала нејзиниот син на важни состаноци и во неколку наврати зборувала од негово име. Главно поради нејзиното неискуство таа се потпирала на другите членови од диванот и често се советувала во однос на политичките прашања. Ова е познато главно од нејзините писма со главниот везир[7].

Нејзиното регенство било нарушено поради војната со Венецијанците за островот Крит и финансиската криза што настанала од високите трошоци на водење војна. Во 1656 година за нов везир бил назначен Копрулу Мехмед Паша, по кое целата политичка моќ била пренесена во негови раце[8].

Покровителство[уреди]

Според историчарите, годината 1656 била пресвртна точка во животот на Турхан. Со доделувањето на неограничена моќ на големиот везир, таа си ја ограничела сопствената. Сепак, таа се оддала на покровителството.

Нејзиниот прв проект започнал во 1568 година. Можеби како одговор од венецијанската закана, таа изградила две тврдини на влезот од Дарданелите. Тврдините, едната на европската а другата на азиската можат да се видат и денес. Овој проект ја сместила Турхан во иста линија со Мехмед II и друѓи султани кои изградиле тврдини во истата област[9].

Сепак, најголемото достигнување на Турхан било завршувањето на Јени џамија, која започнала да се гради од страна на Сафије султан.

Турхан Хатиџе султан била последната жена која имала голема моќ во Османлиската Империја и која дејствувала како регент на својот малолетен син[10]. Се смета дека по нејзината смрт завршил и периодот на Султанатот на жените во империјата на Османлиите.

Наводи[уреди]

  1. Natalia Yakovenko."Essays on History on Ukraine. From the Earliest Times until the End of the 18th Century". 1997.
  2. Thys-Senocak, p. 17
  3. Thys-Senocak,p.25
  4. Thys-Senocak,p.26
  5. Peirce, p.250
  6. 6,0 6,1 Peirce, p.252
  7. Peirce, p.253
  8. Peirce,p.255-256
  9. Thys-Senocak, p.109
  10. Peirce,p.258