Ќопрулски период

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ќопрулски период (турски: Köprülüler Devri (1656-1703) претставува период од историјата на Османлиското Царство во која главна улога во управувањето на земјата имала династијата Ќопруловци, кои имале албанско потекло[1][2][3].

Од ова семејство како големи везири биле Ќопрулу Мехмед-паша (1656-1661) и Ќопрулу Фазил Ахмед-паша (1661-1676). Под нивно раководство, империјата ја вратила својата енергија. И покрај внатрешните конфликти меѓу јаничарите и везирите, во 17 век империјата ги проширила своите територии во Крит, Унгарија и Јужна Украина.

Поразот на османлиските сили предводени од големиот везир Кара Мустафа-паша во втората опсада на Виена во 1683 од страна на Светата лига бил одлучувачки настан за империјата по која битка започнало постепеното протерување од Европа. Во 1699 година бил потпишан договор во Карловци со кое завршила Големата турска војна. Според договорот Османлиите ги изгубиле Унгарија, Трансилванија, Мореја и Подолија. Отоманската држава, исто така признала за првпат во својата историја, дека австриската империја може да се третира под еднакви услови со Отоманското Царство.

Последниот од семејството Ќопрулу бил симнат од власт во времето на Ахмед III.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Alexander Mikaberidze. Conflict and Conquest in the Islamic World. Посетено на 22 September 2012.
  2. CATHAL J. NOLAN. Wars of the Age of Louis XIV, 1650-1715: An Encyclopedia of Global Warfare. Посетено на 22 September 2012.
  3. John Keegan. Who's Who in Military History: From 1453 to the Present Day. Посетено на 22 September 2012.