Форум на Константин
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Форум на Константин | |
| Податоци | |
|---|---|
| Локација | Истанбул |
| Земја | Турција |
Форумот на Константин бил изграден надвор од старите ѕидини на градот Константинопол, денешен Истанбул, Турција. Форумот имал кружна форма и имал две монументални порти од источната и западната страна. Столбот на Константин, кој постои и денес, бил ставен во центарот на ова место.
Во почетокот, на овој столб имало поставено статуа на Константин Велики, но таа паднала во 1106 година во времето на Мануел I Комнин (1143-1180) и била заменета со крст. Според некои извори, форумот бил украсен со антички статуи. Форумот останал во добра состојба до 1204 година, кога градот го зазеле крстоносците и го ограбиле.
Видете исто [уреди]
Надворешни врски [уреди]
Медиумски материјали поврзани со Форум на Константин на Ризницата.- Византиум 1200 | Форум на Константин
|
||||||||||||||||||||||||||||