Камила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Камила
Едногрба камила (Camelus dromedarius)
Двогрба камила (Camelus bactrianus)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Фамилија: Камили
Род: Камила
Linnaeus, 1758
Податотека:Afro-asiatic camelid Range.png
Ареалот на едногрбите и двогрбите камили

Camelus bactrianus (двогрба камила)
Camelus dromedarius (едногрба камила)
Camelus gigas (фосил)
Camelus hesternus (фосил)
Camelus sivalensis (фосил)
Syrian Camel (сириска камила)

Ако коњот е најплеменитото животно кое човекот успеал на го припитоми, од номадска гледна точка камилата е секако најкорисната. Без неа пустината како населено место не би можела да се замисли. Камилата е номадски хранител, транспортно средство и предмет на размена. Мираз на младите невести, цена на крвот, добитак на коцкање (maysir), богатство на шеикот, се тоа се проценува со цената на камилата.

Таа е Бедуинов нераздвоен другар, неговото второ јас(alter ego), негов и татко и мајка. Тој го пие нејзиното млеко наместо вода ( коју ја штеди за стоката), тој се гости со нејзиното месо,се покрива со нејзината кожа, си прави себеси шатор од нејзиното влакно. Нејзиното ѓубре тој го употребува заогрев,а урината како средствова зајакнување на кожата и како лек. За него камилата е нешто повеќе од »пустински брод«; таа е особен дар на Алах(исп. Коран, 16 : 5—8). Да го цитирам необично јакиот израз на Шпренгер (Sprenger): »Бедуинот е камилов паразит.« 

Денешните Бедуини уживаат кога се ѕборува за нив како за ahl al-ba'îr, народ на камилата. Мусил вели дека нема скоро ниеден член во племето Рувала кој не пиел во некоја прилика вода од бурагот на камилата. Во случај ан нужда или старата камила се убива или и се става стап низ грло како би се предизвикало повраѓање на водата. Ако камилата се напила воде пред ден или два дана, течноста се пие. Улогата која камилата ја одиграла во економијата на арапскиот живот најдобро покажува фактот кој говори дека арапскиот јазик поседува близу илјада називи за бројни сорти и степене на возраста на камилата, а со тој број може да се натпреварува едиствено само синонимите кои се употребуваат за зборотмеч. Арапската камила е во состојба без воде во зима патува дури дваесет и пет, а во лето по пет денови.

Камилата била еден од факторите кои ги овозможила раните исламски освојувања, бидејќи на своите господари им осигурала поголема подвижност од таа што ја имале „неподвижните народи„ а со тоа и предност над истите. За калифот Омар се говори дека рекол: »Арапот има успех само таму каде што е камилата.« Арапскиот полуостров останува главен одгледувачки центар на камили во светот. Коњите Наџда, мајмуните Хаса и камилите Омана уживаат светски глас. Во минатото ловот на бисери во Оман во областа на Персискиот Залив, рудниците на сол во некои реони и индустријата на камили биле најголемиот доход на земјата.

Камилата од северозападна Арабија, како и коњот, кој е по потекло америчко животно, донесена во Палестина и Сирија кога била инвазијата на мидијанците во XI век п.н.е., (Књ. суд. 6 : 5, исп. Пост. 24 : 64) изгледа дека се првите пишани извори за распространетоста на употребата на овие животни. Во Египет дошла со асирското освајување во седмиот век пне., а во северна Африка со исламската инвазија во седмиот век од нашата ера. Освен во Африка и Блискиот Исток, камилите виреат и во Кина и Монголија, односно во пустината Гоби. Разликата е во тоа што овие се двогрби.