Анкона
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Анкона (италијански: Ancona) е град кој се наоѓа во Централна Италија, сместен на брегот на Јадранското Море, и главен град на истоимената провинција и на регионот Марке (италијански: Marche). Градот брои околу 101.500 жители а со соседните општини таа бројка достигнува 300.000 жители. Градот е поделен на пет области.
Географија [уреди]
Анкона излегува директно на Јадранското Море и од нејзиното пристаниште тргнуваат секоја година околу еден милион патници кои одат пред се во Грција и Хрватска, но исто така и во Албанија, Турција и Црна Гора. Всушност, Анкона е на прво место на јадранскиот брег по бројот на бродовите кои пристигнуваат и заминуваат од пристаништето, но исто така е една межу првите по бројот на стоката и риболовот. Во Анкона може да се гледа изгревот на сонцето, впрочем како и на целиот јадрански брег, но исто така од овој град може да се набљудува и залезот на сонцето имајќи предвид дека поради формата на ‘лакт‘ на нејзиниот брег, таа излегува на море како на Исток така и на Запад. Градот има бројни плажи; централната е онаа во Пасето, типична плажа со висок брег, богата со карпи, додека на север брегот е понизок.
Анкона е добро поврзана со земјен, морски и воздушен сообраќај.
Збратимени градови [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Ancona - Проект „Отворен директориум“ (англиски)
- Регионално здружение за саемски манифестации
- Фотографии и панорамски слики на градот
| Оваа статија место во Италија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
