Алгој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алгој на карта на Германија

Алгој (германски: Allgäu) — регион во областа Швабија, јужна Германија. Го зафаќа јужниот дел од Баварска Швабија и југоисточниот дел на покраината Баден-Виртемберг. Се протега од предалпскиот крај, па сè до Алпите. Позначајни реки што течат низ регионот се Лех и Илер. Алгој не претставува администратицна единица.

Се дели на следниве подрачја:

Регионот е познат по убавите предели и ужива популарност кај туристите и оние што се лекуваат. Истакнат е и по своите млечни производи, како што се сирењата „Хиртенкезе“ („овчарско“) и „Бергкзе“. Покрај туризмот и земјоделството, стопански гранки е производството на индустриски постројки и машини. Тука особено се издвојуваат тракторите „Fendt“ (Фент).

Алпските предели на Алгој се издигаат на висина над 2.000 метри и имаат мошне посетени скијачки центри. Во источниот дел на регионт се наоѓа славниот замок Нојшванштајн.

Географија[уреди | уреди извор]

Поглед на Алгој од балон

Најистакната географска одлика на јужниот дел на регионот се Алгојските Алпи, кои сепак не се дел од него. Пределите се создадени од некогашни ледници и наносни остатоци. Остатоци од тој период се многубројните ридови и езера.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 47°45′N 10°10′E / 47.750° СГШ; 10.167° ИГД / 47.750; 10.167