Валево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Валево
Ваљево
—  Град  —
Панорама на Валево, споменик на Стјепан Филиповиќ, Тешњар, стара воденица, езеро Петница, кула Ненадовиќ, река Градац.

Грб
Локација во Србија
Координати: 44°16′ СГШ 19°53′ ИГД / 
Држава Србија
Округ Колубарски
Населени места 77
Управа
 • Градоначалник Станко Терзиќ
Површина
 • Општина 905 км2
Население (2011)
 • Град 59.073
 • Општина 90.312
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски број 14000
Повикувачки број +381 14
Таблици VA
Портал valjevo.org.rs

Валево (српски: Ваљево, Valjevo) е град во Србија, седиште на општина Валево и на Колубарскиот управен округ. Сместен е во Западна Србија, во Колубарскиот округ, на нецели 100 километри југозападно од Белград. Градот е сместен во котлина низ којашто минува реката Колубара. Валево спаѓа меѓу поголемите и поразвиени населби во Србија. Според податоците од 2002 година, градот Валево има 62.470 жители, а целата општина Валево има 96.761 жители.